Дебарско езеро
По КРАП за ШТУКА (Гого-монд)Автор: Спаива Еве ја и нашата репортажа од денот кој го поминавме екстра опуштено, доста ветровито, многу естер во организам Шала нормално, супер си пројде и се надевам дека вака ке се видиме и на дива вода некаде на подолга кампања. Мартин и Кирца беа мноооогу поспремни од нас на секое поле, со оглед на фактот дека сепак ние сме некомплетни сеуште, но се трудевме доста и еве како помина денот. Програма на Рибар 2011 за езеро Младост Како што ветивме, нашите напори во изминатиов период беа да се земе некоја вода за рекреативен риболов и истата да ја зачуваме, порибиме, исчистиме, оплемениме .....Како и да е во прилог е нашата програма со која конкуриравме на тендерот. Можеби можевме да ги надуваме бројките, можеби и требаше, но тоа немаше да биде реално остварливо. Јас сум сигурен дека она што го напишавме во програмата и можеме да го оствариме.
Времето ќе покаже ....Дали ќе ја добиеме оваа вода и дали ќе имаме прилика да ја оствариме нашата програма - не знам. Но убаво е да се знае и да се види што сме понудиле, а убаво е и да се види што понудиле и другите.
Воедно, ако добие некој друг, му ја поклонуваме оваа програма, да проба да извади нешто од неа. Во исто време им ја нудиме и на сите идни концесионери. БИСТРО !
Ова е директниот линк до програмата за рекретивна зона Младост на РИБАР 2011 А ова е нашата програма: Треска
Во својот еволуционен развиток Треска ги изградила Кичевската (14,0 км), Бродската (17,5 км) и Големата Клисура (66,2 км), а ја пресекува Кичевската Котлина, Бродското алувијално речно проширување, Порече и мал дел од Скопската Котлина. Досегашните истражувања (Ј. Цвииќ, П. Јовановиќ, Б. Милоевиќ) утврдиле дека Треска има пиратериска долина, која е составена од две реки: една која се вливала во Скопското Езеро- Долна Треска и друга која се вливала во Поречкото Езеро- Горна Треска. Оваа што се вливала во Поречкото Езеро истекувала преку Барбарас и Уши во Пелагонија. Со истекувањето на Скопското Езеро се спуштила долната ерозивна база во Скопската Котлина, се јавува зголемување на вертикалната ерозија што предизвикало назадно поместување на извориштето на Долна Треска и негово навлегување во басенот на Порече. Така ја одводнува водата од Поречкото Езеро и врши пиратерија на горнито тек односно Горна Треска и изградува единствена долина. Во оваа долина денеска егзистираат две акумулациони езера: Матка и Козјак. Средниот тек на Треска, околу с. Здуње, месното население го именува како Горна Треска, а горното поречие околу Брод како Долна Треска што не одговара на стварноста. Брегалница
Да го почитуваме мрестот на рибите!МРЕСТ !!! Почитувани колеги риболовци, Во моментов додека го пишуваме овој текст, во тек е мрестот на повеќе видови на риби во Р. Македонија. www.ribar.com.mk ги повикува сите свои читатели, сите членови или симпатизери на риболовните здруженија во Република Македонијаво во овој периодот на мрест на рибите да избегнуваат риболов на рибите кои се мрестат, или ако веќе риболоват да ги враќаат сите примероци назад во водата. Воедно, www.ribar.com.mk информира дека во овој период нема да прикажува репортажи со риби фатени во време на мрест. Согласно Законот за рибарство и аквакултура и риболовните основи кои се изготвени за сите риболовни ревири и рекреативни зони на кои е и ќе биде дозволен риболовот, утврдени се горе-долу слични периоди во кои е забранет риболовот на одредени видови на риби. На нашиот сајт, во горното мени, има информации речиси за секоја риболовна вода поединечно во кои можете да ги прочитате ограничувањата на риболовот за време на мрест. Со информациите подолу, сакаме да ви посочиме колкава штета причинуваме, намерно или ненамерно, доколку ја ловиме рибата за време на мрестот... Бојникот мрест во Април и Мај - Секоја женка положува околу 50.000 – 100.000 јајца. Кленот Мај и Јуни. Женката може да положи од 50.000 – 200.000 јајца Попадика од Април до Јуни - Женките исфрлаат од 80 000 до 200 000 јајца. Крапот од Април до Мај, а во зависност дали времето е ладно мрестото може и да се продолжи. Женката испушта голем број лепливи јајца (од 200.000 до 700.000) Сомот Април па све до Јули - Женката остава икра и до 500.000 парчиња. Мрената од крајот на Април до крајот на Јуни - Може да снесе од 3000-8000 јајца крупна Црвеноперката од почетокот на Мај до почетокот на Јули. Кркушката се мрести во Мај и Јуни Лињак се мрести од Мај до Јуни Кострежот се мрести обично од Март до Април, женката положува и до 200.000 јајца Риби кои во овој период Април - Јули не се мрестат се Пастрмката, Штуката и Смуѓот ДА БИДЕМЕ СВЕСНИ И ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ МРЕСТОТ НА РИБИТЕ ! Читај 31 коментари... >> Радика
Радика. Најзначајна притока на Црн Дрим е реката Радика. Извира на северозапад од врвот Голема Враца на Шар Планина, на територијата на СР Југославија, на надморска височина од 2.220 м, а се влива во Дебарско Езеро кај с. Косоврасти на кота од 487 м. Долга е 64,7 км, зафаќа сливна површина од 880 км2 (од кои 35,6 км2 се на територијата на Македонија), има релативен пад од 26‰ и пошуменост на сливот од 35%. Дел од горниот слив на Радика по вештачки пат преку Мавровското Езеро е префрлен во сливот на р. Вардар.
Од изворот до вливот во Дебарско Езеро, Радика тече под различни имиња. Така во горниот дел до вливот на Аџина Река таа е позната под името р. Црн Камен, од вливот на Аџина Река до вливот на Мавровска Река, под името Ничпурска Река, а дури од вливот на Мавровска Река до вливот во Дебарско Езеро тече под името Радика. Претставува карактеристична планинска река позната по својата атрактивна кањонска долина во која најживописен е кањонот Барич кој е долг 9 км и се протега од вливот на Рибничка Река па се до вливот на Жировничка Река. Во Дебарското Езеро просечно годишно внесува 18,87 м3/с вода, со тоа што најголемиот средногодишен проток изнесува 43,0 м3/с, а најмалиот 9,9 м3/с (Василески, 1997). |
А
Како што ветивме, нашите напори во изминатиов период беа да се земе некоја вода за рекреативен риболов и истата да ја зачуваме, порибиме, исчистиме, оплемениме .....
Треска, во Кичевската Котлина позната како Голема Река, е трета по должина вардарова притока. Извира од карстен вруток кој се јавува на јужниот огранок на планината Бистра, под врвот Киска во с. Извор во Копачка на 740 м надморска височина, а се влива во Вардар во Скопската Котлина кај с. Сарај, на надморска височина од 260 м. Вкупната должина на текот изнесува 138 км, со пад од 480 метри и сливна површина од 2.068 км2 или 8,04% од територијата на Р. Македонија.
Брегалница по должина е најголема притока на Вардар. Извира под врвот Ченгино Кале на Малешевските Планини на надморска височина од 1.720 м, а во Вардар се влива меѓу селата Ногаевци и Уљанци, на надморска височина од 137 м. Средниот проток при утоката изнесува 28 м3/с (максимални протоци 640 м3/с, а при минимални коритото е суво). Има вкупна должина од 225 км, сливна површина од 4.307 км2 и релативен среден пад од 7‰. По спуштањето од Малешевските Планини каде Брегалница има мошне развиена изворишна челенка, таа најпрво тече низ Беровската Котлина во која има широк тек, доста е мирна но и акумулира значаен флувијален материјал. Кај с. Будинарци широчината на долината достигнува 500-600 м, а од с. Разловци веќе влегува во клисурестиот дел на Разловската Клисура долга 19,1 км. Во клисурата се јавуваат одредени ерозивни проширувања како она кај с. Митрашинци. По Разловската Клисура Брегалница тече низ Делчевско Поле во кое наталожува значајна количина на чакал и песок со што на одредени потези текот се разбива во неколку ракави. Во Пијанец и Малеш е горниот тек на р. Брегалница. Таа тука тече од југ кон север и има меридијански правец на протегање. Од вливот на Очипалска Река па до с. Истибања односно до влезот во Кочанската Котлина и понатаму до вливот во Вардар, Брегалница тече од исток кон запад и има напореднички правец. За ваквото нејзино свртување Б. Милоевиќ ќе напише: “Во текот на палеоген во долината на денешна Брегалница постоеле две удолини, горна, меридијанска и долна, напоредничка” (Милоевиќ, 1941). Подоцна, долната напоредничка долина со регресивна ерозија се соединила со горната меридијанска долина со што почнала да егзистира денешната долина на Брегалница. Тогаш всушност настанало поврзување на отоката на Кочанското Езеро со отоката на Пијанечкото Езеро.

