www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

Штука
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=10&t=20
Страна 411

АвторCOLON  howitz [Чет Oкт 11, 2012 8:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Кострежот е друштвена риба, таа знае да брка ситни риби во вода и да не е гладен, чисто од забава. Кострежот е риба со карактер, територијален е.
Штуката е адаптибилна во секоја вода, ќе се измрести без проблем, дајте и само време и да не ја ловат пловкарошите од инат и да ја фрлаат на земја затоа што им го јадела карашот.

АвторCOLON  goceBitola [Чет Oкт 11, 2012 8:56 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Пред неколку години носев неколку пријатели од Скопје на штука низ Битолско и случајно еден од нив имаше силиконец имитација на штука и испадна фаворит на денот :thumbs_up: најмногу штуки тој ден ивадовме на него,значи канибал со тапија :D :D :D
Инаку риболовот беше во месец Декември на температури под нулата и сите удари беа на многу длабоко место,
одма после паѓање на мамецот на самото дно после првите неколку вртења.

АвторCOLON  ТафТабиТ [Чет Oкт 11, 2012 8:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Гоце , на времето имав 7-8 воблери кои беа уствари мали штуки ... штуката по Сава и Дунав беше луда по тие воблери :volku_golema:

АвторCOLON  Илчо [Чет Oкт 11, 2012 9:01 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

howitz НапишиCOLON
Кострежот е друштвена риба, таа знае да брка ситни риби во вода и да не е гладен, чисто од забава. Кострежот е риба со карактер, територијален е.
Штуката е адаптибилна во секоја вода, ќе се измрести без проблем, дајте и само време и да не ја ловат пловкарошите од инат и да ја фрлаат на земја затоа што им го јадела карашот.
Море пловкарошите неможат да ја фатат и да сакаат едно што никој не користи сајла друго што 99% се користи пченка и пченица за риболов чекаат караш,црвеноперка или ретките крапџии што ќе фрлат боила,а тие се совесни луѓе и да ја фатат ќе ја пуштат.

АвторCOLON  howitz [Чет Oкт 11, 2012 9:02 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

goceBitola НапишиCOLON
Пред неколку години носев неколку пријатели од Скопје на штука низ Битолско и случајно еден од нив имаше силиконец имитација на штука и испадна фаворит на денот :thumbs_up: најмногу штуки тој ден ивадовме на него,значи канибал со тапија :D :D :D
Инаку риболовот беше во месец Декември на температури под нулата и сите удари беа на многу длабоко место,
одма после паѓање на мамецот на самото дно после првите неколку вртења.
Штуката е изразито брз напаѓач во водата.

Од месец Ноември па се до Февруари таа се храни цело време, па потоа навлегува во плитките делови на мрест.

Тоа што сте ја фаќале во длабокото веројатно биле поголеми примероци ако не се лажам ? Најчесто тие се доле.

Кога сме кај крапџиите, Спаива има фатено штука на фидер со пченка :hit_head:

АвторCOLON  Илчо [Чет Oкт 11, 2012 9:04 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Ако е така јас само кашики и силиконци со мене ќе носам ќе го изорам дното чим доле се големите малите ќе ги оставам да растат :lol: :lol:

АвторCOLON  ТафТабиТ [Чет Oкт 11, 2012 9:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука


АвторCOLON  Илчо [Чет Oкт 11, 2012 9:08 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Сум го гледал видеото ако не се лажам фаќаат штуки на ист џеркбаит како што јас барам :D

АвторCOLON  goceBitola [Чет Oкт 11, 2012 9:15 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

howitz НапишиCOLON
goceBitola НапишиCOLON
Пред неколку години носев неколку пријатели од Скопје на штука низ Битолско и случајно еден од нив имаше силиконец имитација на штука и испадна фаворит на денот :thumbs_up: најмногу штуки тој ден ивадовме на него,значи канибал со тапија :D :D :D
Инаку риболовот беше во месец Декември на температури под нулата и сите удари беа на многу длабоко место,
одма после паѓање на мамецот на самото дно после првите неколку вртења.
Штуката е изразито брз напаѓач во водата.

Од месец Ноември па се до Февруари таа се храни цело време, па потоа навлегува во плитките делови на мрест.

Тоа што сте ја фаќале во длабокото веројатно биле поголеми примероци ако не се лажам ? Најчесто тие се доле.
Имаше крупни примероци преку две кила
ама ударите беа многу млитави дури и не се осеќаше ударот како да си закачил трева
шо не е карактеристично за штуката
можно ради ладното време да беше така тромава.

АвторCOLON  howitz [Чет Oкт 11, 2012 9:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Штука

Не би требало, претежно тој период штуката е најагресивна.
Можеби било до самата длабочина, начинот на влечење итн. Важно имало удар :lepi:

Страна 411 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/