www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Maр 29, 2024 12:14 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS16»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 23, 2012 9:33 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
МНОГО ГЛУПО ИЗГЛЕДА АЛИ МЕ ЛЕЏА ВИШЕ НЕ БОЛЕ !!!

Прва мисла која ми има пролетано низ глава кога го видов еден од првите Bait Boat на интернет.

ОВА АНГЛИЧАНИТЕ СЕ ТОТАЛНО ЛУДИ, БЕЗ ПАМЕТ, ВО СЕ СЕ ПРАВАТ АНГЛИЧАНИ !!!
ЗАРЕМ НЕ ИМ Е ДОСТА ОД ЕЛЕКТРОНИКА ВО РИБОЛОВОТ !!!
KАДЕ Е ТУКА СПОРТСКИОТ ДУХ, КАДЕ Е ТУКА ПРЕДИЗВИКОТ !!!


Не пројде многу време а мислењето ми се смени. ДА, но 500Euro не ми се даваат. Електроничар по професија (телекомуникации), радиоаматер (конструктор) не паметам повеќе од кога. Поранешен авио моделар со градени и летани модели на далечинско командување (со доста заостаната опрема) . . .

Две изминати зими ми поминаа во градење на бродчиња. Многу потрошено време и пари. Два успешни неуспеси - неуспешни успеси. Две направени бродчиња кои го заземаа своето место на пиедесталот но само како УКРАС. Комплетни, функционални . . . Но не е тоа тоа. Се нешто не е по мое . . . И доаѓаме до Bait Boat ТИТАНИК-4.


. . . Македонски Производи

Bait Boat ТИТАНИК-4 е производ на континуирани подобрувања на неговите два предходника, Титаник-2 и Титаник-3. Во него се имплементирани искуства, забелешки, идеи и желби добиени во разговор со повеке колеги рибари (некои од нив и овде на форумот). Комплетно е проектиран и повеќе пати (повеќе од 10) виртуелно составен и тестиран со AutoCAD и SOLIDWORKS со што сите одстапувања во мерките на поединечните елементи и склопови е сведен на помалце од 1%. Неговото составување е сведено буквално на составување на LEGO коцки. Единствен, но не премногу голем напор - зафат представува облепувањето на трупот во делот со закривените површини на прамецот. Постигнатиот однос на функционалност цена е повеќе од задоволителен.

[ img ]

Bait Boat ТИТАНИК-4 има две независни ротирачки комори - кади за носење на прихрана со зафатнина од околу 3.3l секоја. Два независни система за одкачување на јадици при развлекување кои работат паралелно со исфрлањето на прихраната. Поседува LED осветлување и сигнализација за ноќно возење. Херметички затворени прекинувачи и приклучок за полнење на акумулаторските батерии. Го движат две турбински поставени перки погонувани со електромотори со сила од околу 300W секој. Водено ладење на погонските мотори и контролната електроника. Доста силен и брз во движење со одлични маневарски карактеристики. Со добро уочлива силуета. Поради малата тежина и големиот слободен простор во внатрешноста на трупот овозможува, покрај стандардната електронска и електромеханичка опрема, вградување на широка палета на додатна опрема како СОНАР, GPS уред со автопилот, КАМЕРА . . .

Bait Boat ТИТАНИК-4 е со димензии 612х404х205mm (235mm со рачката за носење) и тежина (само трупот без останатата опрема) од приближно 2.6kg направен од пенест PVC материјал, FOREX (PALITE). Сите информации за материјалот околу неговите физички и хемијски карактеристики може да ги добиете на веб страницата на производителот http://www.palram.com/PALIGHT .

Скелетот на Bait Boat ТИТАНИК-4 е составено е од неколку подцелини од кои секоја за себе представуваат целини. ПРАМЕЦ, КРМА, БатерискаКУТИЈА, РАЧКА, КАДА и Носач на ЈАДИЦИ. Секоја подцелина се составува од елементи по точно утврден редослед. Елементите се изработуваат од 3mm дебел FOREX со сечење, со 2 - 3 засекувања со скалпер и нивно фино дотерување со користење на шмиргла. Пред спојувањето на елементите помеѓу себе не е потребно никакво предходно размерување бидејки секој елемент со своите забци навлегува во за него предвидените процепи. Во прво време, два споени елементи, се зацврстуваат со по некоја капка лепило, а подоцна кога ке се состави една подцелина се лепи по целата должина на два допирни раба (раб - пивршина). За лепење се користи СуперЛепак (секундарен, тач или како кој веќе го вика). Составениот скелет однадвор се облепува со 2mm дебел FOREX.


Составување на КРМА

[ img ]
Елементи потребни за составување на подцелината КРМА.

[ img ]
Спојување на елементи кои покасно ке бидат сотавувани како еден елемент. Површините на двата елемента 9 и елементот 10 пред составување се премачкуваат со лепило.

[ img ]
Споените елементи 9,10 и 11 се лепат на за нив предвидено место со предходно целосно премачкана допирна површина со лепило.

[ img ]
Прво се поставуваат елементите 3 на елементот 2. Елементот 2 се лепи со целата допирна површина премачкана со лепипо.

[ img ]
Елементите 4 и 5 се поставуваат на за нив предвиденото место но не се лепат во оваа фаза.

[ img ]
Поставување на елементот 6.

[ img ]
Поставување на елементотите 7.

[ img ]
Поставување на елементот 8. Во оваа фаза сите споеви детално се лепат.

[ img ]
Поставување на елементот 12.

[ img ]
Поставување на елементот 13.

[ img ]
Споените елементи 14-15 се поставува приближно на своето место а со лепило се зацврстува по поставувањето на елементот 16 и негово зацврстување со лепило. Целосно се лепат сите ново поставени елементи.

[ img ]
ТурбинскиотЦилиндер е со должина од 54.5mm и надворешниот диаметер 40mm. Внатрешниот диаметар треба да е за 2 - 3mm поголем од диаметарот на перката. Може да се изработи од FOREX или сличен материјал со димензии 119.5 х 54.5 х 1mm со свиткување во круг. Цилиндерот целосно се лепи.


Составување на ПРАМЕЦ

[ img ]
Елементи потребни за составување на ПРАМЕЦ.

[ img ]
Составувањето на елементот 21 и елементите 9-11 (види Подцелина КРМА).

[ img ]
Прво се поставуваат елементите 19 на елементот 18 кој се премачкува со лепило пред поставување на предвиденото место.

[ img ]
Поставување на елементите 20.

[ img ]
Поставување на елементот 21.

[ img ]
Поставување на елементите 22,23 и 24.

[ img ]
Поставување на елементот 25 по што сите споеви детално се лепат.


Составување на БатерискаКУТИЈА

[ img ]
Елементи потребни за составување на БатерискаКУТИЈА.

Се прават две кутии кои едната кон друга представува лик во огледало. Овде е прикажано составувањето на левата БатерискаКУТИЈА.

[ img ]
Прво се поставуваат елементите 27 и двата елементи 28, а потоа трите елемента 30 по што се детално се лепи. Ова е левата страна на Левата БатеријскаКУТИЈА.

[ img ]
Прво се поставуваат елементите 27, 28 и 29, а потоа четрите елемента 30 по што се детално се лепи. Ова е десната страна на Левата БатеријскаКУТИЈА.

[ img ]
Елементот 32 се поставува на за него превиденото место но не се лепи.

[ img ]
Прво се поставува елементот 33. По поставувањето на елементот 34 се детално се лепи.

[ img ]
Споредба на Лева и Десна БатерискаКУТИЈА.


Составување на РАЧКА

[ img ]
Eлементи потребни за составување на подцелината РАЧКА.

[ img ]
Потребно е целосно премачкување на сите допирни површини на елементите пред нивното поставување на за тоа предвиденото место.


Составување на КАДА

[ img ]
Eлементи потребни за составување на подцелината РАЧКА. Елементите 40 се изработуваат од 2mm FOREX.

[ img ]
По спојувањето на елементите 40 и 41 со целосно лепење потребно е свиткување во полукруг на елементот 40. Добиениот полукруг треба да се фиксира со леплива лента на повеќе места и се остави да стои извесен период како би ја добил саканата форма. Може одвреме навреме да го греете со фен, но многу внимателно, да не се деформира поради прегревање. Овака свиткан елементот 40 може да го оставите да стои се до бојадисувањето и дури тогаш да ја составите подцелината КАДА.

[ img ]
Двата елемента 42 се лепат по целата своја должина, паралелно по фази: I - од елементот 41 до крајот на рамниот дел; II – кривината; III - преостанатиот рамен дел.

[ img ]
Поставување на елементот 44 и неговото целосно лепење.


Составување на Подцелините во СКЕЛЕТ

[ img ]
При спојување на подцелините БатерискаКУТИЈА и КРМА, потребно е внимателно да се спојат две целини помеѓу себе, да се провери нивното целосно налегнување, а потоа детално и целосно да се залепат.

[ img ]
Носачт на ПогонскотоВРЕТЕНО (Drive Shaft) е со минимална должина од 150mm, од кои во ТурбинскиотЦилиндер треба да навлезе најмногу 5mm. Целосно се лепи по сите допирни површини по извршената проверка на точната положба со поставување на перката на ПогонскотоВРЕТЕНО (перката треба да стои во центар на ТурбинскиотЦилиндер).

[ img ]
Поставување на подсклопот РАЧКА и прицврстување со неколку капки лепило.

[ img ]
Поставување на подсклопот ПРАМЕЦ и целосно лепење по извршената проверка на налегнување на составните подцелини.

[ img ]


Внатрешно ОПРЕМУВАЊЕ

[ img ]
Шема на поврзување на електронските и електро механичките компоненти вградени во Bait Boat ТИТАНИК-4
  • RX - Радио приемник за далечинската контрола и командување. Потребно е приемникот да има 4 канала (излеза). Throttle (контрола на брзината и насоката на движење), Steering (контрола на правецот на движење) и два канала AUX (две крајни положби, исклучи-вклучи).

    ESC - Електронска контрола на брзината и насоката на вртењето на погонските електромотори. Потребно е да биде димензиониран за 20% (може и повеќе) над максималната потрошувачка на струја на погонскиот електромотор (ел.мотор 20А - ESC најмалку 25А) и неговиот работен напон. Исто така треба да одговара на типот на употребениoт електромотор и да е предвиден за водено ладење.

    Servo - Елекро мотор со пренос кој директо и пропорционално ја прати и зазема положбата и насоката во која е поставена командната џоестик палка. Овдека се користи за ротирање на кадите со прихраната.

    Mot - Електромотор. Се изработува како Brushlles (електромотор без четкици и се користи во поново време) или Brushed (електромотор со четкици). Од типот на електромоторот директно зависи кој тип на ESC ке биде употребен за неговата контрола.

    BEC - Електронско коло за елиминација на батерии. Се користи за обезбедување на напон од 5V, потребен за напојување на RX, Servo и слични електронски склопови. Најчесто секој ESC во себе го содржи овој склоп, но не е правило. Може да се набави како посебен склоп или да се направи многу лесно и едноставно со употреба на некој интегриран стабилизатор на напон од 5V како што е LM7805 или LM2940-5V.

    Bat - Батеријска акумулаторска единица за напојување на погонските електромотори. Од нејзиниот капацитет директно зависи автономноста на работа. Се разликуваат по хемискиот состав (Pb - оловни, NiCa - никелкадмиум, NiMH - никелметалхидрит, LiJon - литиумјон, LiPol - литиум полимер) кој директно влијае на нивната тежина, капацитет, процес на полнење, струја на празнење, мемориски ефект . . . цена.

    Mix - Електронски уред кој обавува интеграција на командата за брзина и насока (Throttle)со командата за правец на движење (Steering). Како резултат на својот излез дава дава сигнала, за левиот и десниот погонски мотор и со нивно синхронизирање управува со движењето на бродот. Може да се изостави ако предавателот (ТХ) за далечинска контрола ја има вградено во себе како опциа истата функција.
[ img ]
Жична форма.
  • 1. Сигнал од RX (Mix) до десниот ESC. 3 проводника со диаметар од 0.5mm (најчесто црна, црвена и бела).
    2. Сигнал од RX до Servo за десната КАДА. 3 проводника со диаметар од 0.5mm (најчесто црна, црвена и бела).
    3. 12V за напојување на LED осветлувањето за ноќно возење. 2 проводника со диаметар од 0.7mm (најчесто црна и црвена).
    4. 12V за напојување на десниот погонскиот мотор. Од главниот прекинувач до десниот ESC. 2 проводника со диаметар од 2.5 до 3mm (најчесто црна и црвена).
    5. 6 или 12V од десната акумулаторската батерија до главниот прекинувач. 2 проводника со диаметар од 2.5 до 3mm (најчесто црна и црвена).
    6. 6 или 12V од левата акумулаторската батерија до главниот прекинувач. 2 проводника со диаметар од 2.5 до 3mm (најчесто црна и црвена).
    7. 12V за напојување на левиот погонскиот мотор од прекинувач до ESC. 2 проводника со диаметар од 2.5 до 3mm (најчесто црна и црвена).
    8. Резервни проводници за напон или ВЕС. 2 проводника со диаметар од 0.7mm.
    9. Сигнал од RX до Servo за левата КАДА. 3 проводника со диаметар од 0.5mm (најчесто црна, црвена и бела).
    10. Сигнал од RX (Mix) до ESC. 3 проводника со диаметар од 0.5mm (најчесто црна, црвена и бела).
Проводниците 5 и 6 треба да се спојат сериски ако се користат акумулаторски батерии од 6V, односно паралевно ако се користат акумулаторски батерии од 12V.

Ако RX е сместен во предната комора проводниците 1 и 10 треба да се преместат од КРМА во ПРАМЕЦ, додека проводниците 2 и 9 остануваат без функција (резерва или додатна опрема).

[ img ]
Носачот за погонскиот електромотор се изработува од парче алуминиумски лим и е со “L” форма, а неговите димензии и отвори зависат од употребениот електромотор.Точнато место за неговото поставување зависи од должината на бакарната осовинска цевка (Drive Shaft) и спојницата за погонското вратило (U-V-Joint или Collect). Носачот се зацврстува со 2 - 4 завртки (плех штраф) не подолги од 10mm. Со лепење од долна страна на елементот 33, под носачот на електромоторот се поставуваат две парчиња алуминиумски лим поради подобра цврстина. Во близина на моторот со дуплофан лепенка се поставува ESC. Се поставуваат и силиконските црева за воденото ладење на моторот и ESC.

[ img ]
Поставување на држачот на серво моторите (елемент 102 од комплетот ПРАМЕЦ направен од 5mm FOREX , слепени 2+3mm) на ПРАМЕЦ основа (елемент 17а од комплетот ПРАМЕЦ).

[ img ]
Поставување на серво моторите. Стандарна големина на серво мотори со сила на завртуванје од околу 4kg.

[ img ]
Двата подсклопа КАДА, или само нивните профили (елемент 42) треба да се постават на свое место, но спојот со ПреднитеОСОВИНИ не смее да биде премнову цврст. ПреднитеОСОВИНИ се изработуваат од месинг со диаметар 6mm и должина 20mm.

[ img ]
Положба на Серво моторите и нивно поврзување со ПреднитеОСОВИНИ. Поврзувањето се врши со потврда (железна или получелична) жица со дијаметар од околу 1mm. Серво моторите треба да се поврзат со приемникот. Да се вклучат предавателот и приемникот и се подесат насоката и аголот на завртување на Серво моторите за целосно отварање на кадите (аголот на завртување на кадата е 72 степени). Исто така експериментално треба да се утврди должината на жицата помеѓу Серво моторите и ПреднитеОСОВИНИ (2.5 - 3cm). По завршеното подесување кадите се вадат.

[ img ]
Можна положба на RX, ПРАМЕЦ или КРМА основа

[ img ]
Елементи потребни за изработка на системот за развлекување на јадици и составувањето на кутивчето ЈадицаВОХ.

[ img ]
Поставувањето на елементите за системот за развлекување на јадиците. Само елементите Ј1 се лепат целосно додека ЈадицаВОХ се лепи по облепувањето на СКЕЛЕТ. Елементот Ј2 не се лепи (поради евентуално сервисирање). Од месингана жица со диаметар од 2.5mm се сече парче од 38mm должина. На него, на 8mm од крајот се поставува граничник. На другиот крај се прави кружен зарез за кој се врзува парче плетеница од 10 - 15cm. Плетеницата се провлекува низ федерче од пенкало (ако е предолго потребно е негово кратење) и низ елементот Ј2. Со затегање на плетеницата се се поставува на свое место. На ЗаднитеОсовини со диаметар 6mm и должина 60mm на 17mm од крајот со изолир лента се зголемува дијаметарот на 8 - 8.2mm. Се поставуваат ЗаднитеОсовини и се зацврстуваат за подсклоповите КАДА. Слободниот крај на плетеницата се намотува околу здебелениот дел и привремено се зацврстува. При полно завртување на КАДА од 72 степени шипчето треба да се спушти за 5mm. По тестирањето и евентуалното подесување системот се растура.

Комплетната потребна опрема за опремување на Bait Boat ТИТАНИК-4 можете да ја нарачате од интернет на http://www.sdshobby.net/. Кинезите произведуваат се, а други со сменето име ги продаваат истите производи по многу повисоки цени. За споредба проверете ја радиостаницата за далечинска контрола и командување (ома е моја препорака за користење и во фаза сум на нејзино нарачување) http://www.sdshobby.net/left-hand-6-cha ... -8930.html со http://www.carplounge.de/xtcommerce/pro ... 8v9bi70le4 (36.17US$ и 79.00Euro).

Потребна опрема за вградување во Bait Boat ТИТАНИК-4 :
  • 1. Уред за далечинско командување и контрола (нај погоден за користење е 6 канален уред за контрола на авио модели, http://www.sdshobby.net/left-hand-6-cha ... -8930.html)
    2. Два електромотора (по можност Brushless со максимална струја на потрошувачка од 20 - 30А)
    3. Два ЕЅС компатабилени со употребениоте електромотори
    4. Два Серво мотора (стандардна големина со сила на завртување од 4 - 5kg)
    5. Два комплета Осовинска цевка со Погонско вретено (http://www.sdshobby.net/d4xl200mm-drive ... -3326.html)
    6. Две спојниви за електромотор - погонско вретено (http://www.sdshobby.net/uvjoint-length2 ... -3451.html)
    7. Две перки (по можност лева и десна со диаметар 35 - 36 mm)
    8. Две акумулаторски батерии со збирен напон од 12V и капацитет од минимум 10Ah (кај серијско врзување напоните се собираат а капацитетот останува ист, кај паралелна врска напонот останува ист а капацитетите се собираат)
    9. LED диори за осветлување и сигнализација

Формирање на ТРУП

Во оваа фаза сите елементи и спојувања детално се лепат. Потребно е со посебно внимание добро да се залепат сите споеви кои постојано се во допир со вода.

[ img ]
Сите површини за облепување на трупот се сечат од 2mm FOREX. Поради полесно и попрецизно свиткување и добивање на потребниот агол, исечените елементи треба прецизно по испрекинатата линија да се засечат од внатрешна страна. Засекувањето е најдобро да се направи со неколку повлекувања со пенкало.

[ img ]
Елементи потребни за формирање на КрмаКУТИЈА. Отворите на елементот 45 се изработуваат по потреба.

[ img ]
Прво се поставуваат елементите 19 на елементот 47 кој се премачкува со лепило пред поставување на предвиденото место на елементот 46.

[ img ]
Елементи потребни за покривање и затворање на батериските кутии.

[ img ]
Прво се поставуваат елементите 19 на елементот 50 кој се премачкува со лепило пред поставување на предвиденото место на елементот 49. Се изработуваат две горни страни за БатерискаКУТИЈА кои едната кон другата се лик во огледало.

[ img ]
Елементи потребни за формирање на ПрамецКУТИЈА.

[ img ]
Прво се поставуваат елементите 19 на елементот 54 кој се премачкува со лепило пред поставување на предвиденото место на елементот 53.

[ img ]
Поставување на елементот 35 (од комплетот БатерискаКУТИЈА).

[ img ]
Облепување на СКЕЛЕТ од долна страна, површини 56 и 57.

[ img ]
Облепување на СКЕЛЕТ од внатрешна страна во делот со БатерискаКУТИЈА и КРМА, површина 59. Пред и за време на облепувањето потребно е на допирните површини да се нанесе по некоја капка лепило на хоризонаталните елементи на БатерискаКУТИЈА и КРМА.

[ img ]
Поставување на елементот 31 (од комплетот БатерискаКУТИЈА).

[ img ]
Облепување на СКЕЛЕТ од надворешна страна во делот со БатерискаКУТИЈА и КРМА, површина 58. Пред и за време на облепувањето потребно е на допирните површини да се нанесе по некоја капка лепило на хоризонаталните елементи на БатерискаКУТИЈА и КРМА.

[ img ]
Горните страни на КРМА кутија и БатерискаКУТИЈА потребно е прво приближно да се состават без лепење. Овака составени внимателно се поставуваат на за нив предвиденото место.

[ img ]
Лепење на горните елементите на КРМА кутија и БатерискаКУТИЈА.

[ img ]
Eдна од посложените, потешките, операции во изработката на Bait Boat ТИТАНИК-4. Потребно е од хамер со помош на елементот 52 да се направи шаблон, а потоа према него да се исече парче од 2mm FOREX.

[ img ]
Покривање на ПРАМЕЦ кутија, елемент 52.

[ img ]
Поставување на долната страна на КРМА кутија, составен елемент 46.

[ img ]
Најсложената операција во изработката на Bait Boat ТИТАНИК-4. Најдобро од хамер прво да се направи шаблон и спрема него се исече потребното парче FOREX. Внимателно да се залепи и дотера со шмиргла.

[ img ]
Поставување на составениот елемент 53.

[ img ]

[ img ]


ЗАВРШНИ Работи

Вишокот на материјал (укрстените забци) потребно е внимателно да се одстрани со одсекување со скалпер. Сите заостанати празнини се пополнуваат со авто кит, а по сушењето се израмнуваат со шмиргла. По желба со шмиргла може да ги заоблите рабовите.

[ img ]
Пред бојадисување, отворот на Носачот на ПогонскотоВРЕТЕНО, задолжително е потребно со самолеплива лента да се заштити од навлегување на боја во него. Кадите и капаците за затворање на кутиите се бојадисуваат засебно.

[ img ]
За изработка на ЗаштитнатаРЕШЕТКА на турбината потребно е од месингана жица со диаметар 2.5mm да се исечат 11 парчиња (22 за двете страни) со должина од 104.5mm. По нивното поставување потребно е да се зацврстат со лепило.

Од пластично шише од 5l се одсекува грлото со навојот во височина од 17 - 20mm. Исечениот раб се мазни и заоблува со шмиргла и се поставува во кружниот отвор на горната страна на КРМА кутијата (елемент 45) со лепење. Во него се поставува кружно одсечен 3mm FOREX. На него се поставуваат главниот прекинувач, прекинувачот за осветлување и приклучокот за полнење на акумулаторските батерии. Ова парче шише не е потребно и не се изработува отвор за него ако се користат водо отпорни прекинувачи и приклуок за полнење.

Сите електронски и електромеханички компоненти се поставуваат на свое место и се поврзуваат меѓусебно. Во отворите за осовините на кадите, предни и задни, се става маст (некоја силиконска, за подмачкување на машинки), а потоа се поставуваат осовините. Кадите се поставуваат но не се уцврстуваат на осовините премногу цврсто.

Сите електрични споеви се проверуваат и се вклучуваат акумулаторите. Се вклучува предавателот за далечинската контрола а потоа се вклучува и напојувањето на бродот. Сите функции се проверуваат и уште еднаш се дотеруваат по потреба. По проверка на функционалноста, кадите се зацврстуваат целосно и се фиксира системот за одкачување на јадици. ПРАМЕЦ и КРМА кутиите се затвораат со своите капаци и уцврстуваат со навртки (плех штрафови не подолги од 10mm).

На крај, Bait Boat ТИТАНИК-4 е потребно уште да се избалансира со ставање во вода (дома во када). Потребно е со долните 5 - 6cm, благо навален наназад, да лежи во нејзе. Тоа ќе го постигнете со паралелно движење на акумулаторските батерии напред - назад и евентуалното додавање на дополнително оптоварување. По балансирањето акумулаторските батерии е потребно да се уцврстат (со сунгер) и со навртки се зацврстат капаците.


Комплетните цртежи за изработка на потребните елементи за градба на Bait Boat ТИТАНИК-4, во размер 1:1 кои овде поради нивната големина не се објавени, може да ги добиете ако ми се обратите на z31b@yahoo.com (SUBJEKT - Titanik-4).

:saso: Со ЛЕСНО нека е


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 23, 2012 9:36 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Bravo Bobi, tuka imas brate trud vlozeno :NotWorthy:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 23, 2012 9:37 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 30, 2012 7:40 pm
МислењаCOLON583
ЛокацијаCOLONСкопје
Па па па па....ова како дипломска да си спремал
секоја чест за трудот,прекрасно објаснето
Ако имаш едно за продажба еве јавно кажувам ќе бидам првиот купец...
БРАВО... :~~ :~~ :~~

_________________
[ img ]
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 23, 2012 9:38 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
:NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy: Секоја чест Боби ... човек да седне на раат да чита и да ужива во напишаното .

:bravo: Мајсторе

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 23, 2012 9:40 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Ветив (на Сашо и Јане)и НАПРАВИВ.
Не е проблем за продавање - купување, но сам да го направиш ... КАКО КАПИТАЛЕЦ да си фатил


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 23, 2012 9:41 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Честитки Боби, ОГРОМЕН труд си вложил!
Мислам дека слободно можеш да конкурираш за работно место во NASA!
Ме интересира дали направи TEST DRIVE со четворката?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 23, 2012 9:41 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Јас се чудам каде ми е човекот мој, каде е Боби - Брада. Каде ми е човекот со кој треба на пролет да правиме екипа бр.2.

Ова е спремно за магистерски труд колега!

Браво и секоја чест, вистинска наука и знаење вложено во ТИТАНИК!

Чекаме на готов производ а во меѓувреме детално ќе разгледаме да видиме некое прашање ако имаме да поставиме! ;)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 23, 2012 9:43 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
ТИТАНИК-3 си ги покажа своите карактеристики.
Овој е продолжен, засилен, со подобра погонска група, со ладење.
Сите симулации се перфектни . . .


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 23, 2012 9:47 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Во преговори сум за машинско сечење на елементите, да направам КИТ комплет.
На мислење сум дека помалце околу 200 евра со електроника би му излегла цената (ај можеби нешто повеќе)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Ное 23, 2012 9:57 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Ne se razbiram do tolku bobi ama neli podobro da e teloto od dve polovini napraveno leano ili e mnogu poskapo.Vaka mi lici na lego kockica kako praveno i mnogu e pozahtevno i ponaporno.Vo sekoj slucaj mnogu vreme e vlozeno za ova.

Sekoja cest za trudot :~~ :~~ :~~

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS16»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 7 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum