www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

Екологија - колку ни се чисти реките и езерата
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=104&t=3426
Страна 13

АвторCOLON  Филип [Чет Феб 28, 2013 10:00 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Екологија - колку ни се чисти реките и езерата

Да ја почнам темава со една слика од Калиманци, од вчера...

На сликата се гледа цело ѓубре кое е донесено од излеаната Брегалница, а некое типче си собира готови дрва за греење

[ img ]

АвторCOLON  Kristijan [Чет Феб 28, 2013 10:21 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Екологија - колку ни се чисти реките и езерата

Еве и од Мавровица 27.02.2013
[ img ]
[ img ]

АвторCOLON  ico baits [Чет Феб 28, 2013 10:26 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Екологија - колку ни се чисти реките и езерата

bravo ke pocne da preliva sigorno,,sto se odnesuva do dgubrevo i mora da go ima normalno e,, a i so mala organizacija i akcija moze da se icisti, ako se saka,,

mavrovica na ovoj vodostoj e odlicna za ribolov, narocito na vliv kaj borovite na pocetok na sezona././

АвторCOLON  robert [Чет Феб 28, 2013 2:45 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Екологија - колку ни се чисти реките и езерата

Vo kumanovo
[ img ]

АвторCOLON  Илчо [Чет Феб 28, 2013 4:56 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Екологија - колку ни се чисти реките и езерата

Se nemam proshetano mnogu od toj del na Kumanovo kaj rekata da gi slikam drugite gjubrishta shto ti nema ako si malku po uporen mozes da si go opremish stanot se sekakvi namirnici. :D
Za vo gevgelisko zimata koga bev zaboraviv da slikam znaci zafrlam nakaj sredinata na ezeroto da jiguvam i osekam " udar" bap kontra i si vlecam vlecam izvadiv limenka od pcenka isto taka 2 pati po red izvadiv i plasticno shise i nekakov najlon ne e samo toa shto se gleda na okolu kolku li gjubre ima samo pod povrshinata e zalosno :evil:

АвторCOLON  Meti [Чет Феб 28, 2013 8:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Екологија - колку ни се чисти реките и езерата

Ke kazam nesto za reka Treska,
Od Shishevo pa sve do vliv na vardar ima najmalku 20 gjubrishta,so toni gjubre,bukfalno se frla gjubre na golemo i nikoj nishto ne prezema.

Ke ima sliki od Gjubrishana skoro.

АвторCOLON  Баџо [Чет Феб 28, 2013 8:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Екологија - колку ни се чисти реките и езерата

Пробал ли некој од вас да реагира?
Сликате и постирате (добро е и тоа за почеток) ама сте отишле ли во датичното Еколошко друштво?
Сте пратиле ли слики до инспекторат, сте се јавиле ли во некаков пишан, електронски... медиум?
Направетего прво тоа и верувајте дека ке има резултати!
и вака и така седите/ме пред компјутер, а зошто да не се испратат неколку меилови?
:think: :think: :think:

АвторCOLON  Филип [Пет Jул 26, 2013 11:02 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Екологија - колку ни се чисти реките и езерата

Помор на риба во Лакавица

Над стотина парчиња разновидна риба се жртви на засега непозната црвена течност која е испуштена во водите на реката Лакавица кај седмиот километар на магистралата Штип-Радовиш.

За поморот први, надлежните ги известиле сопствениците на викендичките, кои се стационирани до брегот на реката.

- При самиот увид од страна на надлежниот државен инспектор за заштита на животната средина, се констатира помор на над стотина парчиња разновидна речна риба. Земени се потребните мостри од загадената вода и отруени паричња на риба за испитување. Се надеваме дека во релативно краток временски рок Државната Агенција за заштита на животната средина ке излезе со конкретнин резултати, обелоденувајки го виновникот за најновиот еколошки инцидент на Лакавичка река, изјави Влатко Панов – соработник за заштита на животна средина во О. Штип.

За четири години, ова е втор случај на помор на риби од поголеми размери во лакавичка река. Од државната Агенција за заштита на животната средина за утре најавија прес конференција, на која се очекува да изнесат повеке детали за најновото уништување на живиот свет во реката од која егзистираат 20 села во реонот Лакавица

АвторCOLON  Филип [Пон Jул 29, 2013 10:57 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Екологија - колку ни се чисти реките и езерата

Пак сотрена рибата во Тополка

Помор на големо количество риба се случи во саботата вечер, во реката Тополка, во близина на Велес. Kоличеството риба никој не може да го прецизира. Но затоа со око е видливо дека причинителот најмногу ги погодил младите риби, кои пловат по површината, а поголемите парчиња се на дното, се борат за живот, но тешко дека ќе преживеат.

- Околу 19 часот почна да се белее реката, а по половина час веќе имаше големи количества пцовисана риба, која пливаше по реката. Имаше чудна боја и миризба на железо, беше црвеникава кога течеше. Потоа се стемни и ништо не се гледаше. Утрото околу шест и половина, кога се раздени беше жално да се гледа. Тополка беше побелена од угината риба. Таман сега преку езерото Лисиче, реката доби биолошки минимум, рибата се врати, повторно остана без риба. Гледате по дното има поголеми парчиња риба, која по некое време ќе умре. Жално - вели жител на населбата Превалец, кој тука има бавча и бил сведок на поморот на рибата.

За овој настан од населението дознале и рибочуварите од Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес. Тие веднаш излегле на терен.

- По повик на жителите од населбата Превалец излегов на терен во 20 часот. Имаше многу риба, која беше по површината на реката. Отидов до испустниот канал од некогашна Порцеланка. Над него немаше помор, рибите пливаа, после него беше поморот. Зедов шишенца со вода од Тополка над и под каналот и од самиот испустен канал. Нека се провери и ќе се дознае кој е сторителот - вели Шефкет Маслак, рибочувар во ЗСР „Бабуна“.

На местото на настанот беа државниот и општинскиот еколошки инспектор и полиција од СВР Велес, кои го документираа случајот.

АвторCOLON  Danielbtmk [Пет Oкт 25, 2013 8:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Екологија - колку ни се чисти реките и езерата

http://www.tera.mk/2013102571795/aktuel ... -na-zaraza


Страна 13 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/