www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Maр 29, 2024 7:12 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Ziro smetka
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 28, 2011 2:16 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Тукушто ја добивме и трансакциската сметка за вршење на платен промет во земјава.

Сметка бр. 300000003352938
Назив ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Комерцијална банка АД Скопје

така да сега веќе ќе можеме и да почнеме да ги прибираме средствата од чланарини, легитимации, дозволи, донации, спонзорства ...........

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ziro smetka
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 28, 2011 2:26 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Ме израдува. Посебно тоа што постов ти е на кирилица :)

За членарината има посебна тема. За донации набрзо ќе ставиме писмо на форумов кое секој ќе може да го преземе и да го испринта, доколку има каде да го однесе ;)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ziro smetka
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 28, 2011 2:29 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Поздрав за кирилицата и од мене Сашо ;)
Ете сега е моментот сите да почнеме за да допринесеме за нашето здружение.

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ziro smetka
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 28, 2011 5:51 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Филип НапишиCOLON
Ме израдува. Посебно тоа што постов ти е на кирилица :)

За членарината има посебна тема. За донации набрзо ќе ставиме писмо на форумов кое секој ќе може да го преземе и да го испринта, доколку има каде да го однесе ;)
Штета што Фуере не е веке европретеник кај нас иначе тој прв ке беше со некој проект или учество.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ziro smetka
ТемаИспратеноCOLONСре Дек 28, 2011 11:04 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Pred dva meseci se otvori tema za donacii povrzana so pokrivanje na trosoci za onie sto odea vo akcii protiv ribokratci.Togas imase junaci koj "brzaa" da dadat pari na ziro.Pa sega mozat da gi pokazat muskulite :D .

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ziro smetka
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 29, 2011 1:37 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Би сакал малку да ги појаснам начините на финансирање на Здружението и како јас тоа го замислувам.
Сега веке располагаме со сметка така да секој може непречено да уплаќа финансиски средства.
Засега постојат три начини на кој би можеле да собираме средства од нашите членови но и од останати поединци и фирми кој би сакале да не потпомогнат во нашата работа.

Да почнеме со чланарината која ја одредивме на сума од 300 денари на годишно ниво. Сметавме дека е ниска но сметаме дека баш заради тоа и ќе можеме да привлечеме поголемо членство во нашето Здружение. Со овие пари би се покривала тековната работа на Здружението. Тука треба да се напомене дека секој риболовец кој ке сака ( и ке мора ) да извади легитимација од МРФ ( веројатно ке биде 400 денари ) мора да биде и член на некое риболовно Здружение.
Што тоа значи за еден риболовец ( да кажеме од Скопје ). Значи дека ако извади членска карта од Вардар (веројатно ке биде 500 - 600 денари ) и извади легитимација тоа ке го чини 900 или 1000 денари. Доколку истото го направи преку нашето Здружение тоа ке го чини 700 денари. Повторно сакам да напоменам дека контролите по доделувањето на новите концесии ке бидат далеку почести, казните за немање на дозвола или легитимација високи ( мислам дека 500 евра ) а воедно без легитимација воопшто ке нема можност да се извади дневна дозвола за риболов. Се уплаќаат со уплатница каква што Филип ја има поставено на форумот а се зема во Банката или поштата при уплатувањето, и се пополнува на прикажаниот начин. По пристигнувањето на уплатата на нашата сметка ке следи изработката на Членската карта на име на уплатувачот. Начинот на доставување на членските карти ќе го договориме дополнително.

Донациите ги замисливме како финансиски износи кој ќе ги уплатуваат членовите на Здружението или форумот или пак други лица кој сакаат дополнително финансиски да помогнат. Сосема се на доброволна база и врз основа на тоа кој колку има и кој колку може да оддели. Немораат да се уплаќаат веднаш, можат да се уплаќаат по неколку пати во износи кој зависат само од желбите и можностите на донаторот. Тука размислувањето ни беше дека средствата за чланарина се релативно ниски и дека секој член на форумов или здружението е свесен дека со тие средства не може многу да се направи за исполнување на нашите цели и програма. Да потсетам, борба против рибокрадци, порибување, разни екоошки и едукативни акции ...
На ова место сакам да додадам дека на неколку пати во контактите со членовите на Здружението и форумот се разговара за можностите за земање на некоја вода под концесија. Желбата е голема и реална само доколку се успеат да се соберат финансиски средства кој би можеле да овозможат концесионирање на таа вода како што налагаат Законите но и нашите веќе високи стандарди во однос на риболовот, зачувување и заштита на рибниот фонд, порибување. Само ќе нафрлам дека за едногодишно работење со вода под концесија би ни биле потребни средства од околу 15.000 евра.
Донациите можат да се уплаќаат на иста уплатница како што е прикажана за чланарината само наместо чланарина треба да се напише донација.
Следат спонзорствата, веројатно најтешкиот дел од работата. Ќе се направи едно Барање за спонзорство кое ќе биде поставено на форумов и кое секој ќе може да си го испринта, меѓутоа и секој ќе може да побара ( а јас во најкраток рок ќе му доставам) и оригинално барање доколку има некоја заинтересирана фирма или поединец кој сака со поголем износ на финасиски средства да ја поддржи нашата работа. Јасно е дека во ова време не е лесно да се најдат ,, спонзори ,, но нашата работа е отворена, програмата и целите се јасни и со досегашниот начин на работа сме си докажале дека можеме да го направиме она што на ретко кој му успеало во изминативе години. Целта е јасна, сакаме да го подигнеме рекреативниот риболов на едно повисоко ниво, каде ќе се почитуваат забрани и минимални мери на рибите, каде ке се штитат риболовните ревири но и порибуваат.
Реално гледано, без овие спонзорства и донации е невозможно да се размислува за добивање на вода под концесија но и работење на таа вода според правилата кој ќе важат за истата. Само да нафрлам неколку работи за што би биле потребни овие средства, рибочувари во редовен работен однос, средства за работа на тие рибочувари, места каде ќе се издаваат дозволи, фискални каси, средства за порибување, транспортни трошоци, трошоци за разни акции ( еколошки ) .....

За крај, секој денар што ќе биде потрошен ке биде целисходно потрошен и за него ќе си има зошто и кога и каде е потрошен. Ова е не само заради тоа што треба да се работи според Закон туку заради тоа што треба да се работи поштено.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ziro smetka
ТемаИспратеноCOLONЧет Дек 29, 2011 2:59 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
odlicen govor saso se nadevam deka ke uspeeme vo ova.za toa deka ke bide se posteno netreba da garantiras toa jasno

_________________
...?


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 2 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum