Многу фактори влијаат на изборот на дебелината на конецот,големината на јадицата или грамажата-големината на тапата.
Во врска со конецот и големината на јадицата.Црвеноперката местото на живеење го дели најчесто со карашот и крапот,па честопати на нашата јадица се фаќаат или удираат и овие риби.Мислам дека конец 12ка е сосема идеален за лов на црвеноперката па и карашот,за крапот се зависи од искуството на риболовецот
Јадицата кога е во прашање, ловам со 12 и 10 мустад,а најчесто со 10ка пред се поради крупните караши кој на помали јадици честопати ќе се откачуваат пред нашето кепче.Многумина можеби и нема да се сложат со ова мое мислење но најмногу црвеноперка имам извадено на 10ка и со половина зрно пченица на неа.Изгледа чудно но воопшто не и смета речиси голата јадица.
Околу тапата,тука играат улога многу повеќе фактори,ветар,струење на водата,длабочина,потреба од подвижна тапа и слично.Секако што полесна тапа по осетлив ни е целиот систем,но се зависи од горенаведените фактори.