Јас не се слагам ни со едниот ни со другиот
се зависи и од теренот и од водата каде се лови црвеноперка . со таа опрема која ја имаш наведено ако излезеш на Сава или на Дунав можеш да ловиш само плашка и ништо друго . Јас не сум имал промашај на Дојранско со конец 0.16 , јадица 10ка ако работи покрупната или 12ка ако има и поситна црвеноперка . тапа без никаков проблем 0д 1.5 до 2.5 грама , крма мешавина од бели црви и пченица и на јадица арпматизирана homemade пченица . Значи муабетот ми е дека на различен терен си бара потешка или полесна спрема за црвеноперка , се зависи од тоа каде ловите
Каде и да ја ловиш,си бара осетлива и лесна спрема...Да,ти ке извадиш и на таа спрема што викаш,а колу ке извадиш и колку удари нема да ги регистрираш на нејзе,тука е прикаската...
Претежно кога одам на црвеноперка,користам 0,10-0,12 конче,14-18 јадиче и 1,5 до 3 грам тапа(претежно ваглер).Ако фрлам од брег и ако треба повнатре да ја бркам тогаш користам 3 грамски ваглер.А со 0,10 мм конец и 3 грама тапа,исфрлаш на солидна дистанца.Додека од чамец и блиску од обала,и ако ти се погоди да нема ветер,1 грам тапиче му брцам без да размислам.Некогаш ми се случувало и на пола зрно пченица да јаде само.
Ова го кажувам од мое лично искуство,сепак секој си има свој начин и тактика на ловење.
Бистро
_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite.