www.ribar.com.mk
https://www.ribar.com.mk/forum/

ЦРВЕНОПЕРКА
https://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=11&t=545
Страна 88

АвторCOLON  mesiah [Пет Aвг 17, 2018 11:06 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЦРВЕНОПЕРКА

blagojkk НапишиCOLON
ке видме ајде, во сабота одам сабајле рано. монтирав на 5 м. телескоп 13-ка влакно горила, 17-ка јадичиња фудо од тие црвенките и 5 оловца од по 9 грама на растојание околу 2 см. едно до од друго, детално се прочитав по форумов и мислам дека тоа е тој "убиствен" сетап. :)))))

ке ловам на француско а за прихрана ке користам сега за сега обичен леб.

во недела исто така одам со истиот сетап али во недела ке пробам на пченица бидејки читам дека и на пченица мавала, па ке видиме, ке споделам резултати.
Ако ставиш 5 оловца по 9 грама имаш сетап за фаќање на сом а не на црвеноперка. Дури и ако ставиш 5 оловца по 0.9 грама пак користиш тапа од 4.5 грама што ти е многу за црвеноперка. Е сега ако ставиш 5 оловца од 0.09 грама (што се користат за фино подесување на тапата) фаќаш со тапа од 0.4 грама што е доста осетливо за велешко. Јас за црвеноперка користам тапи од 0.5 до 1.5 грама на Велешко, во зависност од длабочината и типот на тапата.

ПС: Според мене, за на нашево езеро 13-ка влакно ти е многу за оваа риба..користам 10-ка Даива, (150 метра 150 денари мислам дека беше од продавницата кај стар мост - да не користам имиња за да не излезе рекламирање)

Бистро

АвторCOLON  blagojkk [Саб Aвг 18, 2018 6:21 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЦРВЕНОПЕРКА

:) Така де 5x0.09 тие што се за фино поддесување. И во право си, денеска бев и премногу лесен ми беше сетапот, плус кај 8-те некое ветерче дувна и беше невозможно да се лови. Плус имав уште некој технички проблеми што не можев да ги решам на лице место и си отидов, за 2 часа фатив само 2 рипчиња, едвај. Утре одам пак ке пробам со 1 па до 1,5 грам тапи, ке менувам ако таа од 1 грам ме дупи. Или па да пробам со 0.70 што имам тапи....? Совет...?

Е сега сакам да пробам на пченица. Може некој у кратко да ми каже како се спрема? Купив 2 кесиња ама немам поима како да ги спремам. Најдов една тема на форумов за како се спрема ама има милион начини па не знам кој да го пробам, така да ако може совет и рецепт ке ве молам. :)

АвторCOLON  blagojkk [Саб Aвг 18, 2018 6:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ЦРВЕНОПЕРКА

Секогаш е добро да се консултирас со жена ти пред да одиш по риби. Ете она знаела како се спрема по некоја случајност ( брат и е рибар) и ке ми спремела се тип топ за утре сабајле. :)
blagojkk НапишиCOLON
:) Така де 5x0.09 тие што се за фино поддесување. И во право си, денеска бев и премногу лесен ми беше сетапот, плус кај 8-те некое ветерче дувна и беше невозможно да се лови. Плус имав уште некој технички проблеми што не можев да ги решам на лице место и си отидов, за 2 часа фатив само 2 рипчиња, едвај. Утре одам пак ке пробам со 1 па до 1,5 грам тапи, ке менувам ако таа од 1 грам ме дупи. Или па да пробам со 0.70 што имам тапи....? Совет...?

Е сега сакам да пробам на пченица. Може некој у кратко да ми каже како се спрема? Купив 2 кесиња ама немам поима како да ги спремам. Најдов една тема на форумов за како се спрема ама има милион начини па не знам кој да го пробам, така да ако може совет и рецепт ке ве молам. :)

Страна 88 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/