www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Jун 04, 2020 4:31 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2

Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна « 1 2 3 »
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLON Сре Jул 11, 2018 9:21 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON 4638
ЛокацијаCOLON Skopje
blagojkk НапишиCOLON
Aha, jasno. I uste edna dilema imam okolu tapive, znam deka ima razni tapi so razlicna tezina, 1 gram, 2 grama itn... za sto sluzi tezinata? Na pr. svativ deka sto e poteska tapata mozes povekje olovo da i stavis i so samoto toa podaleku za frlas, ali za sto drugo igra uloga goleminata? Na pr. dali polesni tapi se koristat ako sakas da fakjas po mali ribi bidejki se po osetlivi, ili obratno.... itn....?
Ако фаќаш на поголема дубина потешката тапа (таа што носи повеќе олово) е подобра затоа што оловото добро го истегнува конецот од тапата до јадицата а добро оптегнат конец значи дека кога рибата ќе ти чепка доле побрзо ќе осеќаш горе на тапата. Пр.за езеро... Не е многу паметно да фаќаш со 1 гр тапа на 5 метри длабочина, но добро е да фаќаш со 3-ка, 4-ка, 5-ка. Ова со оловото е уште побитно за речен риболов затоа што таму повеќе струи водата и ако сакаш мамецот да ти се движи околу дното ќе треба да го спуштиш со поголемо олово, т.е да фаќаш со тапа со поголемо олово. Затоа на река чести се примерите каде луѓе и на 3 метри длабина фаќаат со 6 грама тапа.

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLON Сре Jул 11, 2018 10:44 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Вто Јан 10, 2012 12:59 am
МислењаCOLON 296
Boris НапишиCOLON

Точно од збор до збор со 1 грам тапа е само мачење и нервоза поготово недај боже ветер и голема дубина ставај ги грамаживе што ти ги препорача Борис и немаш мака.На козјак немам ставено тапа помала од 3грама све друго испод е мачење за плашка поситна риба на фиксна помала дубина може.Имаш Ваглери за ветер имаш многу видови тапи кој со тек на време како стекнуваш искуство самиот ќе уочиш која тапа за каде и кај си грешел

Коњак тапа нема ако еден ден на иста вода е ок наредниот пат други услови бран ветер се менува.Секогаш менувај пробувај експериментирај не биди мрзлелив и не оставај го тоа за дома што си сакал да го пробаш на вода.Повеќето од нас и јас лично дома си ги наоѓам грешките требаше да пробам вака требаше друг систем друга тапа ценам тоа што прашуваш и не ти е срам затоа што и јас сум таков овде на форумов има доста искусни колеги на право место си
Бистро :lepi:

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLON Сре Jул 11, 2018 2:42 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLON Чет Jул 05, 2018 12:50 pm
МислењаCOLON 35
Ма каков срам, мое е да си прашам па ако некој помогне фала, ако не помогне пак фала. Иначе не сум мрзлив по природа и не ми е мака ич да пробувам врзувам преврзувам итн... барем не сега за сега бидејки секое преврзување го гледам како вежбање а со вежба се постигнува резултат. Немам тапи потешки од 2 грама ама после ке одам ке купам од 3 и од 4 нека стојат.

Што е ваглер? Ко што сватив потешка тапа некое желевце има напред за подалеку да фрлаш, ама па ко што читав рибите повеке ја осеќале. Мислам се на се рано е многу за мене и ваглери ама чисто информативно прашам.

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLON Сре Jул 11, 2018 6:01 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Вто Јан 10, 2012 12:59 am
МислењаCOLON 296
blagojkk НапишиCOLON
Ма каков срам, мое е да си прашам па ако некој помогне фала, ако не помогне пак фала. Иначе не сум мрзлив по природа и не ми е мака ич да пробувам врзувам преврзувам итн... барем не сега за сега бидејки секое преврзување го гледам како вежбање а со вежба се постигнува резултат. Немам тапи потешки од 2 грама ама после ке одам ке купам од 3 и од 4 нека стојат.

Што е ваглер? Ко што сватив потешка тапа некое желевце има напред за подалеку да фрлаш, ама па ко што читав рибите повеке ја осеќале. Мислам се на се рано е многу за мене и ваглери ама чисто информативно прашам.
https://youtu.be/Ws0SPtxD5bo
Ваглерот сега за сега не ти е потребен од видеото ќе видиш начини на монтажа може да се користи како фиксен ,клизен со кончен или силиконски штопер без штопер каде со затегање на конецот сама се фиксира длабочината и други начини најпрост и наједноставен начин е со кончен штопер како кај класичната подвижна тапа со тоа што конецот кај ваглерот поминува низ едно окце на најдолниот дел од тапата.Ваглерот на најдолниот дел е отежнат со ај да ги наречам тегови и на самата тапа можеш да видиш е впишано на пример 10+3....значи 10 грама е отежната самата тапа а другите 3 грама се монтираат на конецот над јадицата со тоа што е отежната самата тапа ја прави и по стабилна можеш подалеку да зафрлаш но и треба и тонечки конец.Мене братми од Данска ми прати ваглери ќе ги побарам ќе ти ги сликам ама ниту еднаш сум имал желба да ги пробам по мене комлицирана работа.Експериментирај со класичните подвижни тапи не купувај 10 тапи од една врста можеби нема да ти се допадне на терен купи од три четири врсти или модели по две тапи самиот на терен ќе си воочиш која највеќе ти лежи.Има тука колеги кој ловеле со ваглер и се далеку постручни од мене сигурно некој ќе ти објасни потемелно.

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLON Чет Jул 12, 2018 4:54 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Пон Jун 26, 2017 4:02 pm
МислењаCOLON 137
па и нема некоја филозофија за на тапа а и не треба некоја посебна опрема, јас како мал сум ловел на тапа од 20г. со конец 0.35 и јадички 4ки, на оние germina старите стапови за дубинка, па сум бил успешен, сум ловел од најситни плашици до покрупни кленови, скобали и мренки
Кога ќе се сетам сега рацете ми паѓале од гермината, потешка од мене била
Кога има риба и му се јади и на конец за јајца можиш да фатиш
На времето имаше еден старец со дрвена гранка партал правеше а риболовците со скапа опрема се чудеа оти кај нив не јаде

На црн црв мислам треба да пробаш и на пченка за покрупна риба
Или можиш да си земиш уште еден телескоп од 2 метри со помала грамажа и да ја ставиш таа никаквата машинка што рече иако јас мислам дека нема врска машинката добра си е, еден сребрен мепс блинкер големина 1 и еден воблер ујка и да пробаш спин малце, онака само фрлаш и моташ, за почеток доволно е
Знам дека другите ќе речат рано ти е за спин ама верувај нема што да се валкаш и замараш со поставување црви и леб, чиста работа е тоа

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLON Чет Jул 12, 2018 8:44 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLON Чет Jул 05, 2018 12:50 pm
МислењаCOLON 35
"телескоп од 2 метри со помала грамажа" верувам е модел на некоја трска, така? другите термини горе/доле ми се познати, :)

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLON Чет Jул 12, 2018 9:13 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLON Чет Jул 05, 2018 12:50 pm
МислењаCOLON 35
bubo skopje НапишиCOLON
blagojkk НапишиCOLON
не купувај 10 тапи од една врста можеби нема да ти се допадне на терен купи од три четири врсти или модели по две тапи самиот на терен ќе си воочиш која највеќе ти лежи.
така и правам, по 2 од секој модел.

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLON Чет Jул 12, 2018 11:28 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON 4638
ЛокацијаCOLON Skopje
blagojkk НапишиCOLON
"телескоп од 2 метри со помала грамажа" верувам е модел на некоја трска, така? другите термини горе/доле ми се познати, :)
Телескоп е секоја трска која се пушта (и се собира) со повеќе делови и такви трски има во повеќе стилови. Ова што колегата ти напишал е да се пробаш во спин риболов за што мислам дека ти е рано и да не се замараш со тоа само ќе се испобуниш, стекни одредено искуство со основите и ова со тапата, а за понатаму ќе процениш дали ќе почнеш да учиш и други стилови освен тапата

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLON Чет Jул 12, 2018 1:35 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLON Чет Jул 05, 2018 12:50 pm
МислењаCOLON 35
абе тамам ми е сега за сега со тапа, секое одење по 10-тина 15 риби овакви или онакви фаќам, сосема задоволително. секако не ги ловам за да ги јадам, ги чувам во една кофа кога сум со син ми да ги "помалтретира" малку и на крај ги пушта лично он, шо му претставува најголем ќеф. кога ке осетам потреба за повеке тогаш ке му ја мислам. прашањава се чисто од информативен карактер да знам што каде како се случува бидејки ко што кажав претходно не сум имал до сега никакви допирни точки до рибарството и не да сум дудук, туку ептен дудук. :)

п.с. под малтретирање на рибите да не ме разберете погрешно, мислам на тоа дека им ја реди кофата со камења па дрвца им става едно друго демек аквариум правиме (5 години дете шо да прави друго), иначе рибите на крај се вракаат срекни и весели, освен америчките сомови, они одат дирекно во корпата за ѓубре.

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Совети за почетник
ТемаИспратеноCOLON Пет Jул 13, 2018 6:24 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Саб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON 4780
ЛокацијаCOLON skopje
Zdravo mlad ili star neznam dali si no gledam deka si nov kolega i dobredojde vo svetot beszkraen narechen ribolov vo koj se uchi dodeka si zhiv :)
Ima nekolku osnovni raboti koi treba da gi pravi sekoj pochetnik a ti imash srekja shto sea ima internet i mozhesh odma da dobiesh ubrzan kurs za koj na nekoj na vremeto mu trebale mnogu godini i machenje !!!

Pred sve gledaj videa na youtube za toa shto te interesira i chitaj i izuchuvaj za toa shto te interesira....
Vtora rabota sekoja voda i mesto e prikaska za sebe pa za da dojdesh najbrzo do uspeh na bilo koe mesto i da otidesh gledaj koj najvekje lovi riba od ribarite koi kje gi sretnesh tamu i prepishuvaj po nego kako toa on go pravi od oprema do nachinot na ribolovenje....
....i treto shto povekje denovi na voda !!!

Pozdrav golem i bistro ;)

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!

Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна « 1 2 3 »

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2

Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости

Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum