www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон. Дек. 10, 2018 2:42 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратено: Чет. Јан. 18, 2018 9:48 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

Регистриран: Сре. Oкт. 27, 2010 7:55 am
Мислења: 12802
Локација: Скопје
Годинава за прв пат МРФ ќе организира Мушичарска лига. Победниците (првите 4-ца т.е. 3+1) одат сигурно на балканско на Градац во мај, а можно е да се оди на Европско првенство во Чешка (нормално, победниците од лига 2018) бидејќи МРФ би требало да е во можност да ја плати котизацијата во која е вклучен смештајот, а храната и превозот би паднале на трошок на натпреварувачите, или во најдобар случај, доколку АМС ги додели побараните средства, да се покријат сите трошоци, како за мушичарите, така и за останатите 3 дисциплини (крап, пливка и спин).

Во следните постови следат програма и правилникот.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Профил Испрати приватна порака  
 
 Наслов на мислењето: Re: Мушичарска лига 2018
ТемаИспратено: Чет. Јан. 18, 2018 9:50 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

Регистриран: Сре. Oкт. 27, 2010 7:55 am
Мислења: 12802
Локација: Скопје
ДРЖАВЕН МУШИЧАРСКА ЛИГА 2018
„ЛОВ НА РИБИ ГРАБЛИВКИ СО РИБОЛОВНА ТЕХНИКА МУШИЧАРЕЊЕ“

Организатор: Македонска Риболовна Федерација
Домаќин: ЈУНП “Маврово“ и _________________
Термин на одржување на натпреварот: 15.04.2018 и 22.04.2018 год.
Категорија: Сениори
Конкуренција: Поединечно
Место: риболовен ревир река Радика, риболовен ревир река Треска (Скопска)

Право на учество на куп натпреварите во организиранизација на МРФ, во поединечна конкуренција, имаат сите натпреварувачи регистрирани во РЗК членки на МРФ, кои навремено го извршиле пријавувањето, имаат решение за вршење на дејност спорт од Агенција за млади и спорт, матичното РЗК да има уплатена членарина за тековната година на жиро сметка на МРФ најдоцна 7 (седум) дена пред почетокот на натпреварот на кој ќе учествуваат.
Рок за пријавување: 15.03.2017
Рок за достава на документи за спортска легитимација: 01.04.2018
Број на натпреварувачите не е ограничен.
Сите натпреварувачи мораат да бидат регистрирани спортски риболовци и да поседуваат спортска легитимација пред почетокот на натпреварите за тековната година, согласно правилникот за регистрација на МРФ. Нерегистрираните членови немаат право на настап.
Натпреварот ќе трае вкупно 12 часа, во четири кола од по 3 часа, 2 кола во првиот ден и 2 кола во вториот ден. Предвиден е улов на риба само од видот пастрмка.
За учество во лигата ќе се плаќа котизација од 2000 денари по натпреварувач.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Профил Испрати приватна порака  
 
 Наслов на мислењето: Re: Мушичарска лига 2018
ТемаИспратено: Чет. Јан. 18, 2018 9:51 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

Регистриран: Сре. Oкт. 27, 2010 7:55 am
Мислења: 12802
Локација: Скопје
ПРОГРАМА

Недела, 15.04.2018 (прв ден)

7.00 до 7.30 часот - Пристигнување на натпреварувачите на река Радика
7.30 до 8.00 часот - Запознавање на натпреварувачите со патеката и правилата
8.00 до 8.15 часот - Ждрепка за позиции и сектори за прво коло и подготовка на натпреварувачите
8.15 до 8.45 часот – Распоредување на натпреварувачите по секторите
9.00 часот - Почеток на првото коло од натпреварот ............... прв сигнал
12.00 часот - Крај на првото коло од натпреварот ................... втор сигнал
12.00 до 13.00 - Враќање на збирното место, ждрепка за позиции и сектори за второ коло и подготовка на натпреварувачите
13:00 до 15:30 - Пауза
15.30 до 16.00 часот - Распоредување на натпреварувачите по секторите
16.00 часот - Почеток на второто коло од натпреварот ............. трет сигнал
19.00 часот - Крај на второ коло ................................................ четврти сигнал

Недела, 22.04.2018 (втор ден)

7.00 до 7.30 часот - Пристигнување на натпреварувачите на река Треска
7.30 до 8.00 часот - Запознавање на натпреварувачите со патеката и правилата
8.00 до 8.15 часот - Ждрепка за позиции и сектори за прво коло и подготовка на натпреварувачите
8.15 до 8.45 часот – Распоредување на натпреварувачите по секторите
9.00 часот - Почеток на првото коло од натпреварот ............... прв сигнал
12.00 часот - Крај на првото коло од натпреварот ................... втор сигнал
12.00 до 13.00 - Враќање на збирното место, ждрепка за позиции и сектори за второ коло и подготовка на натпреварувачите
13:00 до 15:30 - Пауза
15.30 до 16.00 часот - Распоредување на натпреварувачите по секторите
16.00 часот - Почеток на второто коло од натпреварот ............. трет сигнал
19.00 часот - Крај на второ коло ................................................ четврти сигнал
19.30 до 20.00 часот - Соопштување на резултатите и прогласување на најдобрите поединци

Натпреварот треба да биде медиумски покриен од најмалку 1 медиум.

За фер и коректно спроведување на натпреварот Македонската риболовна федерација ќе ангажира доволен број на волонтери кои ќе им помагаат на судиите и натпреварувачите доколку имаат било каква потреба.

Судискиот колегиум ќе биде дополнително одреден.

Натпреварот ке биде во два сектори, со извлекување на сектор и позиции за секој натпреварувач одделно. Патеката ја одредува комисија од МРФ.

Алтернативен датум за 15.04.2018 е 22.04.2018, а за 22.04.2018 е 29.04.2018.

По потреба може да се направи обратен редослед на патеките, односно прво коло да биде на река Треска, а второ коло на река Радика.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Профил Испрати приватна порака  
 
 Наслов на мислењето: Re: Мушичарска лига 2018
ТемаИспратено: Чет. Јан. 18, 2018 9:55 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

Регистриран: Сре. Oкт. 27, 2010 7:55 am
Мислења: 12802
Локација: Скопје
ПРАВИЛНИК

1. Право на учество на куп натпреварите во организиранизација на МРФ, имаат сите РЗК членки на МРФ, кои навремено го извршиле пријавувањето, поседуваат решение за дејност спорт издадено од Агенција за млади и спорт, уплатиле котизација за натпреварот (доколку има котизација) како и членарина за тековната година на жиро сметка на МРФ најдоцна 7 (седум) дена пред почетокот на натпреварот на кој ќе учествуваат.

2. Сите натпреварувачи мораат да бидат регистрирани спортски риболовци и да поседуваат спортска легитимација пред почетокот на натпреварите за тековната година, согласно правилникот за регистрација на МРФ. Нерегистрираните членови немаат право на настап.

3. За издавање на спортска легитимација секој натпреварувач, до Македонска Риболовна Федерација треба да поднесе:

• Договор со РЗК членка на МРФ која има Решение за вршење дејност спорт издадено од органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот (Агенција за млади и спорт);
• лекарско уверение од Спортска медицина и
• лично спортско осигурување.

4. За натпреварот ќе бидат ангажирани минимум двајца судии.

5. Организацијата на натпреварот и пресметувањето на резултатите ќе биде според Правилата за натпревари во спортски риболов.

6. Дозволен прибор: Два мушичарски стапа, едниот за употреба, а другиот за резерва, две макари, шнур по избор на натпреварувачот, лидер (пловечки или тонечки), кепче, вештачки мушички кои ке се употребуваат без додавање на вештачки ароми и мириси.

7. Дозволено е зафрлување со една трска со една вештачка мушичка.

8. Употреба на живи мамки и било какви други ненаведени мамки се забранети.

9. Забрането е зафрлање со кое би се попречило на друг риболовец во соседната позиција и забрането е зафрлување во туѓа позиција.

10. Забрането е вадење на риба надвор од вода на суво, камен и сл.

11. Секој натпреварувач се обврзува на пристојно и коректно однесување спрема природата, рибите, натпреварувачите, судиите, организаторите.

12. Секое нехумано однесување спрема рибите, оштетување или умирање по вина на натпреварувачот ке биде соодветно санкционирано од судијата на натпреватор.

13. Доколку се доделува награда за најголема уловена риба, најголема риба ќе се смета рибата која ќе има најголема должина при мерење од страна на судиите, а во конкуренција се сите натпреварувачи вклучувајќи ги и оние натпреварувачи што ги освоиле првите 3 (три) места.

14. Бодувањето ќе се врши по должина на рибата и по бројот на уловени риби, согласно следните пропозиции:

• Секоја уловена риба пастрмка носи 100 поени на натпреварувачот
• На секоја уловена пастрмка се мери должината и 1 см = 20 поени
Збирот на овие два податоци го даваат вкупниот број на поени на натпреварувачот за тековното коло.
(Пример: ако натпреварувачот има уловено две риби од 25 и 28 см, се бодува на следен начин: 25х20 + 28х20 + 100 + 100 = 500+560+200 = 1260 поени).
• За немање на улов во едно коло од страна на било кој натпреварувач, му се доделува пласман еднаков на вкупниот број на натпреварувачи во неговиот сектор. Доколку натпреварувачот отсуствува во некое од колата, за тоа коло ќе му се додели пласман од вкупниот број на натпреварувачи во секторот плус 1 казнен поен. На пример, ако во секторот има 9 натпреварувачи, на натпреварувачот без улов му се доделува 9-то место како пласман, а на отсутниот натпреварувач 9+1=10 место. Ако повеќе натпреварувачи се без улов во тековното коло, на сите им се доделува истиот пласман, односно вкупниот број на натпреварувачи (пример: ако 3 натпреварувачи се без улов, а има 10 натпреварувачи во секторот, првите 7 се од реден број 1 до 7, а останатите 3-ца натпреварувачи без улов се 10-то место)

15. Рибата се мери од врвот на главата до најдолгиот дел на опашката.

16. Должината на рибата се заокружува на поблискиот цел број. На пример 23.3 см се заокружува на 23 см, а 23.6 см се заокружува на 24. Во случај на пола број тогаш се заокружува на поголемиот.Пример 23.5 см се заокружува на 24 см.

17. Минимална потребна длабина на водата на позиција е 15 см.

18. Ширина на натпреварувачката позиција треба да биде 20 метри. Во одредени случаи ширината на позицијата може да се намали на минимални 18 метри.

19. Во еден сектор не смее да има прекин помеѓу позициите, а бележењето на истите го врши комисија од МРФ, а контролата на позициите ја вршат секторските судии.

20. Патеката за натпревари не смее да се порибува во претходните месец дена пред одржување на натпреварот.

21. Патеката се дели на два сектора. Секој сектор се обележува. Сите позиции во секторот се обележуваат на почетокот и крајот со натпреварувачки бројки. Во зависност од бројот на натпреварувачи, може да се оформи и дополнителен трет сектор.

22. Натпреварувачите кои во првото коло ловеле во првиот сектор, во второто коло ќе ловат во вториот сектор и обратно. За третото коло распоредот ќе се одреди со ждребка.

23. Секој натпреварувач мора на листата за мерење да го запише секторот и позицијата.

24. Распоредот по позиции и сектори се извлекуваат со ждрепка пред секое коло.

25. Натпреварот трае 4 пати по 3 часа, односно 4 кола по 3 часа, со пауза од минимум 1 час помеѓу колата кога се организира и ждрепката за второто коло.

26. На натпреварот се бодува само пастрмката. За важечки улов се смета риба со минимална должина од 20 см. Другите уловени риби не се бодуваат и веднаш се враќаат во вода. По потреба, минималната мерка може да се намали на 15 см.

27. Натпреварувачот мора да ја извади уловената риба од вода со кепче. Доколку судијата е во близина, веднаш се врши мерење од страна на судијата и рибата се враќа во вода. Доколку судијата не е во близина, натпреварувачот има право да ја стави рибата во платнена чуварка до доаѓање на судијата. Кога ќе дојде судијата за мерење, натпреварувачот ја изнесува рибата во кепче или чуварка на обала и таму судијата го врши мерењето. Потоа рибата се враќа во вода, освен доколку има поголеми повреди и судијата оцени дека рибата не треба да биде вратена назад.

28. Натпреварувачот не смее да завлегува во соседните позиции. Дозволено е влегување во вода колку што е потребно, но не е дозволено да се прегази цела река.

29. Доколку рибата при вадењето премине во соседната позиција, натпреварувачот има 5 минути да ја извлече рибата до својата позиција. Натпреварувачот не смее да завлезе на соседната позиција со цел да ја извади рибата.

30. За важечки улов не се сметаат риби доколку:

• рибата се прифати со рака и во рака се однесе на мерење;
• рибата е закачена за телото, а не за устата;
• ако рибата не е извадена со помош на кепче;
• ако рибата е уловена и извадена надвор од позицијата;
• ако рибата е уловена со неадекватен прибор со употреба на индикатор;
• ако рибата е уловена при риболов со повеќе од една вештачка мушичка.

31. Дозволен риболовен прибор:

• мушичарски стап со максимална должина од 12 ft / 366 см;
• макара по слободен избор;
• шнур по слободен избор, минимална должина 22 метри;
• предвез (лидер+типет) по слободен избор, до максимална вкупна должина од 2 х должината на стапот со кој се лови, а истиот може да биде пловечки или тонечки, без додадено отежнување во форма на олово и слично. Лидерот може да биде со чворови или без, со минимум 30 см растојание помеѓу истите, но не смее да има големи чворови или “бркови“ од конците на чворовите кои би играле улога на индикатор;
• вештачка мушичка по слободен избор, која може да биде и отежната по сопствен избор, но со метална кугла на главата не поголема од 4 мм, а должината на телото и отежнувањето на мушичката не смее да ја надминува должината на јадицата;
• микро прстен за поврзување на лидер и типет со максимален дијаметар од 3 мм;
• чизми/пантолони со ногавици/комбинезон;
• мушичарски елек;
• кутии со мушички;
• поларизирачки наочари;
• кепче.

32. При риболовот не е дозволено:

• користење на индикатор (лидер од домашна изработка во повеќе бои не се смета за индикатор, доколку нема бркови на чворовите и е изработен ислучиво од монофил, а не смее да има делови од бекинг/плетеница или друг синтетички материјал);
• користење на отежнување на шнурот или лидерот (олово и слично);
• користење на вештачка мушичка со кугла за отежнување поголема од 4 мм (Се зема во предвид отежнување од тунгстен или месинг. Доколку се работи со стример кој има две кугли во форма на очи, истите да се не поголеми од 3 мм секоја. Стримерите и мушиците кои користат отежнување од епоксид не се ограничуваат на 4 мм).

33. Натпреварувањето се врши исклучиво со 1 вештачка мушичка.

34. Натпреварувачите не смеат да користат сонари или слични помагала за одредување на длабината на водата или пронаоѓање на рибата.

35. Кепчето кое ќе се користи за вадење на рибата не смее да биде подолго од 122 см.

36. Секторскиот судија по потреба може да изврши проверка на опремата на натпреварувачот пред влегување на позицијата.

37. Кога натпреварувачот ќе се намести на позицијата, не смее да ја напушта и да комуницира со останатите до завршетокот на колото, со исклучок на потребната комуникација со судиите.

38. Сите стартни позиции се дефинираат пред почетокот на натпреварот и не смее да се менуваат за време на натпреварот.

39. Со доаѓање на стазата, прво се извлекува редослед на извлекување на позиции, па се влечат позиции и сектори. Главниот судија го спроверува ждребот за позиции.

40. Секоја уловена риба се евидентира на стартната листа, а судијата при мерењето треба гласно да го објави уловот, должината и бројот на натпреварувачот за тоа да може да го слушнат и соседните такмичари.

41. Натпреварувачите на себе мора да ги имаат истакнато спортските легитимации, а резервната опрема мора да биде оставена на суво, не смее да се носи во вода.

42. Приговорите се поднесуваат и решаваат согласно правилникот на МРФ за спортски натпревари.

43. Судењето се врши согласно правилникот за судење на спортски натпревари на Македонската Риболовна Федерација.

44. Мерењето на уловените риби се врши со употреба на пластични корита со мерач за должина. Мерењето на рибата го вршат такмичарот и секторскиот судија. Мерењето се врши на обалата, надвор од водата. Доколку рибата му падне на натпреварувачот од кепчето за време на изнесувањето надвор, истата нема да се мери и веднаш треба да се врати во вода. По мерењето, рибата се оживува полека и се враќа во вода.

45. Победник во лигата е натпреварувач со најмал збир на освоени пласмани од четирите одржани кола. Понатамошниот пласман се определува од помалиот кон поголемиот збир на поени. Доколку двајца или повеќе натпреварувачи имаат ист број на поени, предност ќе има натпреварувач со поголем број на изловени риби. Во случај и на таква еднаквост предност ќе има натпревар со најголем изловен примерок. Во случај и на таква еднаквост предноста се одредува со жребка.

46. При извлекување жрепка се ставаат тројно повеќе ливчиња од бројот на натпреварувачите кои учествуваат во жребањето. Предност ќе има натпреварувач со најголем извлечен број. Понатамошниот пласман се определува од поголемиот кон помалиот број.

47. Сите натпреварувачи се должни да присуствуваат на доделувањето на наградите на официјалниот дел после натпреварот.

48. За прекршување на овие правила и други прописи за време на натпревар, на натпреварувач може да му се изрече казнена мерка и тоа доделување на жолт или црвен картон


ЖОЛТ КАРТОН

49. Жолт картон на натпреварувач судијата доделува доколку не ги почитува одредбите од членовите од овие Правила за кои не е предвидена мерка доделување на црвен картон а особено за:

 влезе на стартното место или монтира прибор пред првиот судиски сигнал;
 за непрописна чуварка која мора да ја замени со прописна;
 со своето однесување ги попречува останатите натпреварувачи;
 зафрлува или лови во неутрална зона или зона на соседни
натпреварувачи;
 користи непрописен прибор;
 уловената риба ја држи надвор од кепче или чуварка;
 продолжи да лови по истекот на колото или натпреварот;
 ја извади чуварката од вода пред да дојде тимот за мерење;
 користи мини радиостаница или мобилен телефон за време на натпревар
 користи алкохол;
 не ја почитува утврдената саатница.

Жолтиот картон доделен на натпреварувачот означува укор и повлекува намалување на вкупниот број на бодови за 10%.


ЦРВЕН КАРТОН

50. Црвен картон (дисквалификација) на натпреварувач судијата доделува директно доколку :

 на навредлив и груб начин им се обраќа на судиите, делегатот, претставниците на организаторот, домаќинот, останатите учесници на натпреварот или публиката;
 лови со природни мамки и било какви други ненаведени мамки;
 лови со прибор подолг од пропишаниот;
 лови со повеќе мушички од дозволеното;
 користи индикатор при риболовот;
 користи дополнително отежнување на шнурот или лидерот;
 користи лидер или типет во форма на олово и слично;
 доколку некоректно се однесува со уловените риби;
 употребува недозволена јадица (двокука, трокука);
 направи измама со достава на риба од страна или со риба која не е уловена од натпреварувачот за време на натпреварот;
 предвремено, без дозвола на судијата, го напушти стартното место (позицијата);
 разменува опрема или вештачки мушички со друг натпреварувач за време на натпревар;
 во текот на натпреварот или по неговиот завршеток, уловената риба без дозвола на судијата ја врати во вода, и
 доколку направи прекршок од точка 49 а веќе има добиено жолт картон.

51. Главниот судија може да го опомени или исклучи секторскиот судија, доколку секторскиот судија дозволува натпреварувачите да ги кршат правилата, им пречи на натпреварувачите или влегува во вода за време на натпреварот.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Профил Испрати приватна порака  
 
 Наслов на мислењето: Re: Мушичарска лига 2018
ТемаИспратено: Чет. Јан. 18, 2018 10:01 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

Регистриран: Сре. Oкт. 27, 2010 7:55 am
Мислења: 12802
Локација: Скопје
Патеката ќе биде одредена и спремена од секцијата за риболов со вештачки мамци при МРФ (spin & fly) која што вчера беше изгласана на УО на МРФ. (Сашо, Давор, Горјан, Емил и Филип)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Профил Испрати приватна порака  
 
 Наслов на мислењето: Re: Мушичарска лига 2018
ТемаИспратено: Пон. Јан. 29, 2018 1:51 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

Регистриран: Сре. Oкт. 27, 2010 7:55 am
Мислења: 12802
Локација: Скопје
Пресметувањето на резултатите е усогласено со официјалниот правилник на ФИПС.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Профил Испрати приватна порака  
 
ТемаИспратено: Сре. Јан. 31, 2018 3:50 pm 
Отсутен
Дружељубив

Регистриран: Чет. Aвг. 16, 2012 10:10 am
Мислења: 1019
31. Дозволен риболовен прибор:

• мушичарски стап со максимална должина од 12 ft / 366 см;
• макара по слободен избор;
• шнур по слободен избор, минимална должина 22 метри;
• предвез (лидер+типет) по слободен избор, до максимална вкупна должина од 2 х должината на стапот со кој се лови, а истиот може да биде пловечки или тонечки, без додадено отежнување во форма на олово и слично. Лидерот може да биде со чворови или без, со минимум 30 см растојание помеѓу истите, но не смее да има големи чворови или “бркови“ од конците на чворовите кои би играле улога на индикатор;
• вештачка мушичка по слободен избор, која може да биде и отежната по сопствен избор, но со метална кугла на главата не поголема од 4 мм, а должината на телото и отежнувањето на мушичката не смее да ја надминува должината на јадицата;
• микро прстен за поврзување на лидер и типет со максимален дијаметар од 3 мм;
• чизми/пантолони со ногавици/комбинезон;
• мушичарски елек;
• кутии со мушички;
• поларизирачки наочари;
• кепче.
Kade e ovde chuvarkata za ribi?-Kako treba da izgleda propishanata chuvarka za ribi?-Dosega koj gi obezbeduvashe chuvarkite?
:saso:


Кон врв
 Профил Испрати приватна порака  
 
ТемаИспратено: Чет. Феб. 01, 2018 11:36 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

Регистриран: Сре. Oкт. 27, 2010 7:55 am
Мислења: 12802
Локација: Скопје
Tvrdko I Напиша:
Kade e ovde chuvarkata za ribi?-Kako treba da izgleda propishanata chuvarka za ribi?-Dosega koj gi obezbeduvashe chuvarkite?
:saso:


МРФ обезбедува чуварки за сите напреварувачи, доколку судиите одлучат да се користи. Чуварките по натпреварот се враќаат на судиите кои ги враќаат во МРФ.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Профил Испрати приватна порака  
 
ТемаИспратено: Пон. Maр. 12, 2018 4:17 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

Регистриран: Сре. Oкт. 27, 2010 7:55 am
Мислења: 12802
Локација: Скопје
Потсетник:

Цитат:
Рок за пријавување: 15.03.2018
Рок за достава на документи за спортска легитимација: 01.04.2018


Тоа значи уплата на котизација до 15-ти март, а правење на договор со здружението, вадење на лекарско од спортска и спортско осигурување со поднесување на документација за спортска легитимација (плус 400 ден за спортска) до 1-ви април

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Профил Испрати приватна порака  
 
ТемаИспратено: Саб. Maр. 17, 2018 10:23 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

Регистриран: Сре. Oкт. 27, 2010 7:55 am
Мислења: 12802
Локација: Скопје
Вкупно 11 пријавени со уплатена котизација. Останува уште да комплетираат документација до 01.04
Бистро на сите

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Профил Испрати приватна порака  
 
Покажи постара тема:  Сортирај по  
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC + 1 час [ Летно време ]


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: Нема регистрирани членови и 1 гостин


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди до:  
cron