Dali moze Vasil Kostov malku da ni pomogne po ova prasanje?
Ееее може, секако. Само малку ќе се осврнам на моите почетоци во Институтот.
Вработен на 1 ноември 1995 година, веќе во јануари 1996 се наоѓам на мрест на охридска пастрмка во Струга. Првото прашање кое ми го постави (сега покоен, бог да го прости) Димче Талевски, раководителот на мрестилиштето Шум во Струга гласи: „Како бре момче ќе разликвиш машка од женска риба“? Ееее како де? Тазе излезен од школска клупа, наоружан со знаење и теорија почнувам да говорам па велам. Половиот диморфизам кај пастрмките е изразен особено во периодот пред и за време на мрест. Основна карактеристика е дека машките добиваат изразени деформации на вилиците истите се поиздолжени и гледани од горе потесни. Кожата им е погруба и рапава, а во стомачниот дел на допир тврди. Аналниот отвор кај женките е поголем и зацрвенет, немаат изразени деформации на вилицата и истите гледани од горе се задебелени во пределот на стомакот. Машките по правило се потемно пигментирани и имаат помалку црвени дамки по телото и уште други работи напишани во учебниците кога Димче ладно ми вели ЈОК. Нишо не те научиле на факултет, да ојш кај Мирче (мојот професор по рибарство) да си доучиш. Лелеее јас запален уште толку почнувам да опишувам и цртам и да се пенавам со опис на половиот диморфизам кај пастрмките и пак ми вели ЈОК. После извесно време, нервозен и исфрустриран, прашувам Е КАКО ДЕ? И тогаш прв пат ја слушам онаа „безобразната“ варијанта за начинот на распознавање на пастрмките, тогаш кажана: „се разликвет по метода на потенциометар, ако имаш потенциометар ќа знајш која е машка која е женска, а ако немаш ој си не бива рибар од тебе“.
Шалата на страна. Половите кај пастрмките се разликуваат по веќе кажаните основни карактеристики, меѓутоа факт е дека рутината и секојдневното практично работење со пастрмките многу значат. Боро, сегашниот раководител на објектот „Шум“ е извонреден практичар кој кога работиме мрест не ни погледнува во рибите, а точно знае која е машка, а која е женска риба. И никогаш не носи ракавици (за разлика од мене кој носев). Една година му купив наопренски ракавици и го натерав да ги облече. И оп Боро почна да се мачи и да гледа во водата барајќиенски женски риби. Ги извади ракавиците, ги извадив и јас и си продолживме со мрестот полесно и побрзо. Рибите се познаваат по допир. Разллична е кожата и тврдината на стомакот кај женските и кај машките риби. Женските се помазни и помеки во стомачниот дел, додека кожата на машките е „погруба“ и се потврди во стомачниот дел. Рибарите во Охрид и Струга рибите ги распознаваат по пол и од 10 метри оддалеченост. Она што вели Јован, во некој од постовите погоре, „се гледат коран од километар“ (парафразирам) е вистина. Машките имаат различна боја, различен облик на телото и вистина се познаваат „од километар“. Ама ако имаш видено на стотини риби.
Еве се обидов низ практични примери да „помогнам“. Меѓутоа, можам и школски како во учебник, но да прочитате во учебник можете и сами.
Инаку апсурдно е образложението или оправдувањето дека рибите се машки па ај ќе ги ловиме и пред и во сам мрест. Ако нема доволно машки единки нема ни успешен мрест. Не бива женките сами да си ја оплодат икрата. Кога е забрана ЗАБРАНЕТО Е ДА СЕ ЛОВАТ ПАСТРМКИ, НЕЗАВИСНО ОД КОЈ ПОЛ СЕ. Никој никому не треба да му дава образложение, ниту да дебатира дали се рибите машки или женски.