Битно е од некаде да се почне, за промена. До лани, кога беше направен првиот државен мушичарски куп, на никој во федерација никогаш не му падна на памет да организира нешто за мушичарите. Ова е само чекор напред во однос на мушичарството во Македонија
Здравје, со интерес и желба на сите мушичари, следната година ќе пробаме да организираме мушичарска лига во 3 кола, доколку има доволно заинтересирани. 2 кола на река, 1 коло на езеро. Идеите се крчкаат во позадина, поддршката е присутна, па ако успееме ќе биде уште еден чекор напред.
И најбитно од се е оние кои тоа не го оддржуваат или им пречи, не само ти, туку и сите други кои мрчеле за вакви работи, да си го сочуваат тоа за себе, да не омаловажуваат нечии напори за напредок во мушичарењето и да не се исмејуваат со организација на мушичарски купови кои никогаш порано не биле организирани. И наместо да ги омаловажуваат туѓите напори, нека се погледнат себеси и нека се запрашаат што тие сториле за напредокот на некоја запоставена дисциплина во Македонија.
И за крај да те цитирам..
...кога ке се отиде надвор(на пример на балканско) и кога ке застанете до вистински мушичари тогаш ке ви стане јасно многу од ова што ви пишувам
Лани беше екипа од Македонија на тоа балканско и стоеја до “вистински“ мушичари и одлично се носеа со нив
И годинава ќе отидат некои “лажни“ мушичари од Македонија на балканско да се натпреваруваат со “вистински“ мушичари и повторно ќе се покажат во добро светло! Уосталом, како ќе се стекне искуство на меѓународни натпревари против “вистински“ мушичари, ако не се оди да се натпреварува