www.ribar.com.mk
https://www.ribar.com.mk/forum/

Рибарски конци - монофиламенти
https://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=132&t=121
Страна 121

АвторCOLON  Филип [Пон Дек 06, 2010 6:02 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Рибарски конци - монофиламенти

Една од побитните работи во риболовот е квалитетот на најлонот со кој ловиме :)
На нашиот пазар ретко се наоѓаат добри и квалитетни конци, а преплавени сме со фалсификати и неквалитетни конци
Јас, бидејќи воглавном ловам бела риба, не се замарам многу со конците и купувам т.н. силстар, желка, самураи, трабуко и сл, 0.12 - 0.16 и често ги менувам, поради кинење и сл :)

Инаку, еве ви неколку фотки од оригинални и чкарт конци :)

Оригинална желка од пред 30-тина години:
[ img ]

Демек желка:
[ img ]

Добар монифиламент од Мустад (овој го користам за дубинка):
[ img ]

АвторCOLON  mrco [Пет Дек 10, 2010 2:09 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарски конци - монофиламенти

filip kajnas momentalno na nasiov pazar se najduva konci tubertini

АвторCOLON  FisherKing [Нед Дек 12, 2010 7:28 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарски конци - монофиламенти

mrco НапишиCOLON
filip kajnas momentalno na nasiov pazar se najduva konci tubertini
Не е Филип ама тубертини има во рибарски приказни, и многу се добри, ги гледав пред некој ден ти препорачувам, малку се скапи ама колку пари толку музика, позз

АвторCOLON  Филип [Пон Дек 13, 2010 9:21 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарски конци - монофиламенти

Не е анти-реклама, ама “Рибарски приказни“ се скапџии. Истите работи што ги имаат сум ги гледал по други продавници за поефтино.

АвторCOLON  Филип [Пон Дек 27, 2010 9:12 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарски конци - монофиламенти

Еве листа на тестирани конци каде што е наведена декларираната дебелина на конецот, вистинската дебелина, декларираната “носивост“ и вистинската носивост, колку да знаете ако налетате на некој од овие и сакате да го купите :)

[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

АвторCOLON  Danielbtmk [Нед Феб 13, 2011 7:39 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарски конци - монофиламенти

[ img ]

[ img ]

АвторCOLON  Danielbtmk [Нед Феб 13, 2011 7:42 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарски конци - монофиламенти

И уште едно помало.. :P :D

[ img ]

АвторCOLON  Филип [Пон Феб 14, 2011 8:22 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарски конци - монофиламенти

Да ви кажам, пријатно се изненадив од конците што ги видов во едно мало продавниче на млечен во Капиштец, во пролазот кај Златна Копачка.
Типчето има супер конци, Ава-шима, Тубертини и сл, посебно од програмот на тубертини има доста избор за секаков вкус (крап, спин, боло и сл)
Од останата опрема нема нешто многу, мало е дуќанчето, ама стварно има одлични квалитетни конци со доста приступачни цени (освен конците на Формакс, кои во Србија / Црна Гора се 150 дин / 2,5 ЕУР, а кај него се 300+ денари)
Затоа пак, има одличен тубертини за спин кој не се усукува воопшто, 200 метри за 380 денари, што е многу солидна цена (100 метри - 190 денари)

Итн итн итн.

п.с. работи само попладне, после 4-5 :)

АвторCOLON  Poliz [Пон Феб 14, 2011 8:30 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарски конци - монофиламенти

Филип НапишиCOLON

Скапи му се конците Филип,за пример ќе ти дадам Трабукото од на Даниел сликите во Струмица е 220 ден-150 метри,ако го фатиш на АМИН продавачот и за 200 го дава ;)
Суфиксот -крапскиот -1000 метра го дава за 700-800 ден.

АвторCOLON  Филип [Вто Феб 15, 2011 2:20 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Рибарски конци - монофиламенти

А ваков конец за 100 денари, скапо е? :)

[ img ]

Страна 121 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/