На првата фотографија од темата е прикажана само јакната ,и имам објаснето дека има крзно од внатрешната страна ,и на самата крагна од јакната има дополнително крзно кое нормално по потреба се вади.
Исто така и панталоните се со постава ,ги носам втора сезона рачунајки ја и предходната и можам да кажам само пофални зборови.
На последниот риболов на Вардар буквално во права смисла на зборот лежев на земја и не осетив никаков студ,а мора да признам дека под панталоните носев машки хулахопки.
Знам дека за цената некогаш не се разговара ама еве ке кажам дека
Јакната ме чинеше 1800 денари .
Панталоните 1200 ден .
Ранецот 1000 ден .
не жалам ниту еден потрошен денар за комплетот ,е сега сигурно дека има и поквалитетни и поскапи ама мислам и тврдам дека е сосема задоволително за нашите услови.
И на самиот крај размислував дека
кога се правени за ..ВОЈСКАТА..сигурно се со одличен квалитет.
Мојот избор беше тој.
Рачунајки дека ако добро се подигне крагната и ако на глава се носи добро плетено капче со ставена -капуљача-нема буквално да се осети никаков студ ,иако тој ден беше некаде понискатемпература од - 6 степени.
И за на крај еве уште еден војничи комбилизон на клоегата Даце ,во случајов го носи Филип неговиот син за да се уварите во квалитетот на армиските одела.