www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Maј 06, 2024 8:49 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [� теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON КУП „МИ-КОМЕРЦ 2012“ Тиквешко езеро
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 09, 2012 12:21 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Вардар го „однесе“ трофејот од „Куп Ми-Комерц 2012“

Перфектна организација, квалитетни противници, силни тимови, разновидна прихрана, многу
умешност, голема дружба и незаборавни рибарски приказни полни со „вистина“ се само дел
од впечатоците кои ги понесовме од интернационалниот турнир во спортски риболов „Куп
Ми-Комерц 2012“ кој во неделата, 7 октмоври во организација на здружението на спортски
риболовци „Рибари Оскар“ од Кавадарци се одржа на Тиквешкото езеро.

Преубаво време, мирно езеро и одлично подготвена стаза ги дочека најдобрите македонски
спортски риболовци на кои оваа година им се приклучија и двете водечки екипи од Косово,
Фан и Крапи кои покрај интернационалниот карактер, на овој куп му дадоа дополнителен
квалитет.

Земајќи го воведниот збор на турнирот, претседателот на ЗСР „Рибари Оскар“ од Кавадарци
по краткиот осврт на работата и залагањето на здружението, ни ги освежи спомените од
минатогодишниот турнир на кој за прв пат кавадаречкиот спортски риболовен тим се појави
како организатор, за потоа да ги потенцира амбициите да турнирот прерасне во најголемо
собиралиште на спортските риболовци, не само од Македонија туку и од Балканот, затоа
што Тиквешкото езеро ги нуди сите поволности за едно големо натпреварување.

По официјалното отворање, водачите и селекторите на тимовите со ждрепка за позиција ја
предизвикаа рибарската среќа на натпреварувачите кои беа распоредени во три зони, во
кои секоја екипа имаше по еден натпреварувач.

Лошата среќа не им дозволи на двата домашни тимови да им им парираат на супер силните
екипи, кои се издвоија уште на самиот старт од мечот. Добриот улов во третата зона на
тимот на Фан од Косово му ја донесе почетната предност, но старите „волци“ од тимот на
Вардар не дозволија никакво изненадување, и искористувајќи ја сета своја техника и
рибарско знаење успеаа да направат целосен пресврт и збогатување на својата ризница со
уште еден пехар. Екипата на Фан од Косово на крајот мораше да се задоволи со
вицешампионската позиција, а третото место го освои ланскиот шампион, тимот на Пец-Пец
од Прилеп.

Во поединечна конкуренција, Стефановски Зоран од тимот на Вардар со улов од 2080
грамови го освои првото место, пред Арбен Шаќири од тимот на Фан кој шампионскиот
наслов го загуби за само 55 грамови. Потполната доминација на турнирот тимот на Вардар
ја надополни и со наградата за трето место која му припадна на Ристиќ Марјан кој имаше
улов тежок 1210 грамови.

„Искрено, не знаев за овој настан, но ве уверувам дека догодина овој куп ќе биде под
патронство на Општина Кавадарци, а Ми-Комерц, Екстра Бус и останатите кавадаречки
компании ќе бидат помагатели на едно вакво дружење кое допринесува за промоција на
градот и на нашиот бисер, Тиквешкото езеро“ - рече градоначалникот Александар Панов кој
ја имаше честта да ги додели наградите на најдобрите.


За фотогалерија погледнете на линкот, поради нејзината обемност. За натпреварувачкиот дел, почнете да одете на 15,14,13 -та страна, од крај па накај почеток. Зато што се премногу слики.

http://kavadar4e.com/galerija/index.php ... /start-225

*Извор: http://www.kavadar4e.com

Ова е куп во организација на локални ентузијасти, наши колеги рибари и бизнисмени од Кавадарци. Во екипата на ЗСР „Рибари - Оскар“ бев поканет да земам учество во нивните почетоци, но поради приватни обврски, селењето во Скопје и сл. не прифатив. Станува збор за искусни риболовци кои секојдневно напредуваат во техниките на риблов на мирни води, за денес повеќето од нив да практикуваат риболов со штек.
Денот кога беше одржан натпреварот во неделата на 07.10., јас бев на еден краток риболовен излет и имав многу слаб улов, истото беше и кај останатите 10-тина колеги оклу мене, па затоа и не ме чуди што првото место-поединечно било постигнато со вкупно 2080 гр. уловена риба.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Јан 16, 2013 1:31 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Jун 18, 2012 10:22 am
МислењаCOLON2221
ЛокацијаCOLONSkopje , Macedonia
Ehhh sto ti e Vardar :)
Vrvot vo makedonskoto plivkarstvo :)

Cestitki do organizatorot i 2013 da se vidime vo Liga :)

_________________
MATCH TEAM SV. STEFAN - OHRID


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [� теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum