Убаво искуство, мене не ми идеше во глава со кои правила може да се организира било каков спин натпревар и најмногу само поради тоа отидов, иако бев скршен од умор, од риболовот во петокот и саботата, сепак бев дел од екипата во неделата.
Вакво нешто во секој случај може да се организира и кај нас, само да се одбере добро езеро со повеќе риба
Според мене треба и поголема патека, или поголем дел од езерото, можеби и тоа имаше улога во Бован за малкуте фатени риби,....како што се гледа на сликите во еден залив фаќаа и по 20-30 натправеарувачи, водата нападната максимално, фрштеа воблери, кашики, џигови и што ли уште не во вода, рибата најверојатно џенем фати, а таа што реши да удри, тоа беше бинго и според мене среќа, а не знаење
а друго прашање е колку риба имаше ???. Ај ние можеби сме прв пат на ова езеро, ама другите??,....сепак имаше 101 натпреварувач, а улов пријавија само 6-7 луѓе, тоа мислам дека е премалку и неинтересно
Мислам дека треба и поголема контрола со некои своевидни судии, вака без судии постои простор за манипулација, т.е се иде на доверба дека некој нема да излаже за нешто, а простор за манипулации има куп. Мислам дека треба да се постават и правила за тоа на колку метри од друг натпреварувач можеш да застанеш. Јас имав ситуација еден дечко си застана на 3 метри од мене и си фрла гајле нема, од другата страна друг ми застана на 10 метри,....па оди фаќај.....тие работи мислам дека треба да се регулираат подобро