www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Maр 28, 2024 7:50 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Favorite Moravica KUP-Aleksinac,Srbija, 2017
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 25, 2017 12:13 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 20, 2012 7:24 am
МислењаCOLON684
На поканата од Давор - leunovo за да го дружам на натпревар во ловење пастрмка со вештачки мамци-спин техника на река Моравица, во Алексинац, Србија не ми требаше многу убедување. Решивме, ќе одиме, иако и двајцата прв пат учествуваме на ваков натпревар, немавме речиси никакви информации за водата, типот на мамци кои може да бидат добитни на соодветниот ревир, сепак желбата да учествуваме беше огромна. Натпреварот(купот) требаше да се одржи на 12.08.2017 (ден сабота),деновите изминуваа пополека, возбудата растеше со секој изминат ден, па за малку и да го утнеме натпреварот. Имено, и двајцата мислевме дека натпреварот е во недела, а не во сабота, возбудата и андреналинот си го направија своето и на 2 дена пред натпреварот, Давор примети дека натпреварот е во сабота, а не недела! :D Добро,барем на време беше приметено. Одиме понатаму...
Петок, 11.08.2017, време, попладне.
И двајцата со работни обврски, нели, петок е, и баш тогаш мора се да се заврши, едвај излеговме од работа, на брзина допакување и се наоѓаме на паркинг. Давор имаше спремено изненадување, маици и капчиња со логото на Рибар 2011, супер, одлично стојат, а се надеваме дека и ќе ги "прославиме" таму на купот. Тргнавме на пат, и за час бевме на граница, таму метеж, лето, туристи, па имавме задржување од 45 минути. Патот до Алексинац ни помина релативно брзо, таму бевме на зајдисонце. Се најдовме со организаторите, со Владица, со Дарко, Александар,Урош кои несебично ни ја покажаа реката, стазата, боксовите, па откако направивме куса прошетка по реката, отидовме во најблиската кооперација, да се подружиме и
да размениме два-три реда муабет. И Заечарско(пиво).Веќе стана доцна и бевме уморни, имавме се на се, околу 3 и пол часа за спиење. Отидовме на спиење.

Сабота,12.08.2017
Пет часот наутро и ние сме веќе на нозе, ги спремаме трските, мамците, оние мамци што не им беа скратени контра-јадиците, ги скративме(тоа беше едно од правилата, да се лови со јадички без контра-кука) и правец-Моравица! Пристигнавме на договореното место за собирање на натпреварувачите и полека-полека, покрај организаторите, почнаа да доаќаат натпреварувачите. Инаку, од Македонија бевме само Давор и јас, имаше натпреварувачи од Бугарија (7-8) и сите останати беа од Србија. Инаку, реката Моравица е прилично малечка река која истекува од Бованското езеро и на одредени места прави вирови, мали брзаци, но не е планинска река. Беа обележани боксови, во кои по ждрепката и по читањето на редоследот, со мали паузи меѓу два натпреварувачи,можеше да има само по еден натпреварувач. Задолжителна опрема беше кепче, во случај на улов, рибата не смее да се крева над вода и да се вади на камења туку во кепче, се повикува судија да го регистрира уловот , се вади јадичката од рибата (сето тоа во кепче, придржено со рака одоздола) и се враќа назад во реката. Не смее да се лови со мамци со контра-кука, од избор на мамци беа дозволени воблери, блинкери, силиконци, кашичиња без додатоци како волница и разни светкави влакна. Се бодува уловена риба, без разлика на големината, значи само бројот на рибата играше улога. И во мојот случај, ждрепката. И неискуството.
Извлеков 28 број од 31, и на крајот и на тоа 28 место завршив. Давор беше 17 по ред да бира бокс. Натпреварот се одвиваше во 4 рунди од по 45 минути кои беа бодувани посебно. Меѓу секоја рунда има 15 минути пауза во која треба да се дојде до централниот бокс и да се пријави резултатот од рундата кај главниот судија. За генералниот пласман, и како се пресметуваа бодови, ќе оставам да каже Давор, во секој случај, доста фер начин на бодување заради кое постои и неизвесност до самиот крај.
Натпреварот почна со мало задоцнување додека да се соберат сите натпреварувачи, времето беше ужасно жешко, веќе во 2 рунда бевме дехидрирани со Давор. Пола литар вода од човек беше премалку за да се издржи натпреварот. Откако се одреди редоследот, по читањето, секој натпреварувач се упатува кон слободен бокс, по слободен избор, битно е да нема двајца истовремено во боксот. Давор отиде пред мене, а јас речиси на крај и немав некој голем избор, некои од боксовите кои сметав дека ќе се добитни веќе беа зафатени. Што е , тука е. Откако сите ќе се сместат, се дава сигнал со свирче и натпреварот почна. За кратко време, бам, удар и риба! Не поминаа три секунди, откачување! И да не должам многу, имав откачувања до крајот на 4 рунда.Давор беше поуспешен во првата,втората и четвртата со три,една,една фатени риби, додека јас единствената риба што успеав да ја извадам, беше во третата рунда. Натпреварот беше планиран да трае некаде до пладне, но без разлика на тоа, сонцето бесмилосно пржеше и беше претопло. Дури имаше и мртви пастрмки по реката, веројатно заради недостаток на кислород.
На крајот, се завршија сите 4 рунди, се преброија бодовите и победник беше младиот Ранко Вукмировиќ. Давор заврши на 13-то место, а јас како што кажав, на 28.Од реката, сите се упатија кон локалната кооперација каде беше организиран ручек и доделување награди за првите тројца на натпреварот, и каде според еден од колегите од Србија, "sad pocinje najlepsi deo takmicenja" :D Масите беа поставени со салати, печење,пиво, од пиле млеко, па дружбата можеше да продолжи. Се разменуваа шеги, спомени, искуства, за на крај да бидат доделени и наградите за првите три места и да биде прогласен победникот на купот, младиот и надежен спинерџија Ранко Вукмировиќ. Од се срце му честитаме на победникот и да продолжи со тоа темпо и понатаму! :)
Времето брзо пројде и дојде момент да се разделиме од нашите колеги, домаќини, пријатели, се поздравивме и си посакавме што поскоро пак да се дружиме на вакви убави натпревари. Не чекаше уште еден ден во Србија, возење до уште еден град, а таму...таму не чекаше нешто кое што долго време нема да го заборавам. Природни, домашни сувомеснати производи, домашно винце, ракија од дуња и убави разговори.
За крај пред враќање дома во Македонија, по едно кафенце со мавровскиот шампион и не пречека една интересна глетка. Дома, каде што "vecno sunce sja". :)
Огромна благодарност до Давор-leunovo, без кого не би можел да бидам дел од оваа прекрасна риболовна авантура.! :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy:
До следниот натпревар, бистро на сите! :)
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

_________________
I can be hopeful out here even in failure because I know if I just go out there, it might be different, something might be different, something I do might make a difference.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Favorite Moravica KUP-Aleksinac,Srbija, 2017
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 25, 2017 8:25 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
:~~ :~~ :~~ :~~ :~~

Ајде сега нешто слично организирајте во Македонија :lepi:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Favorite Moravica KUP-Aleksinac,Srbija, 2017
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 25, 2017 9:10 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jун 10, 2011 5:18 pm
МислењаCOLON359
ЛокацијаCOLONSkopje -Ilinden -
Se e Odlicno Bravo... ama toa pecenjeto pa I ne si trebal da go spodelish Maski gledaat,

Послато са E560 уз помоћ Тапатока

_________________
Риболовот не е хоби - тоа е животeн стил...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Favorite Moravica KUP-Aleksinac,Srbija, 2017
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 25, 2017 9:49 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 12:47 am
МислењаCOLON1119
ЛокацијаCOLONАеродром
Синоок одлична репортажа, со сите детаљи. Гледаме дека било добро организиранои имало риба. Реката мала и мирна без брзаци ми се гледа, ама си има пастрмка изгледа. Добро е што го скршивте мразот со Давор. А ко за прв пат на ваков натпревар и на непозната вода, пласман добар. Да немало толку откачувања пласманот ќе беше уште подобар. А гледам и гладни не ве оставиле.

_________________
Podobro da si malku lud, otkolku da si malku pameten
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Favorite Moravica KUP-Aleksinac,Srbija, 2017
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 25, 2017 11:15 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Секоја чест момци :~~ :~~ :~~ :~~
уште едно големо искуство :eusa_dance:

п.с .
Следниот пат викајте :secret:

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Favorite Moravica KUP-Aleksinac,Srbija, 2017
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 25, 2017 1:43 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Феб 10, 2012 1:25 pm
МислењаCOLON281
ЛокацијаCOLONШтип
Прекрасна репортажа Игор, само ако може подетално на што ловевте, каква опрема користевте и што мамци. Инаку штета што не дознав порано, и јас бев слободен, ама здравје другата година.
п.с. Внимателно со сликите со печење, има луѓе што постат :lol:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Favorite Moravica KUP-Aleksinac,Srbija, 2017
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 25, 2017 4:17 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Maј 09, 2013 7:14 pm
МислењаCOLON703
Да додадам
Пред напреварот вечерта по ФИПСед правила за одрзување на ваков куп мора да се пориби. Бевме присутни на порибувањето и беа пуштени 350 пастрмки околу 25 см по 7 во секој бокс
Најчесто се ловеа тие порибените. Правилата се многу фер и скоро рамноправни за сите. Се бодува уловена риба и се записуваат пласмани во секоја рунда. Натпреварот се состои од 4 рунди по 45 мин со по 15 мин пауза помегу рундите. Се лови со воблери спинери кашики и силиконци без контра кука. Обавезно е кепче и при секој улов се вика судијата кој го проверува уловот и го записува и се добива купон за секоја уловена риба.

Се лови со лесен прибор трски најмногу до 2,2 2,3 м и со тежина на фрлање максимум 10 гр за силикон се користат микро џиг глави до 1,5 гр и трска 0-5 гр тежина на фрлање.
Машинки помали од 2500. Конец најчесто монофил 0,10-0,16 мм.

Ова е линкот од правилникот.

http://www.bistrobih.ba/nova/wp-content ... ECANJA.pdf

Нано кашики малите се 1,6 см 1,3 гр поголемата 2,5 цм 2,2 гр


[ img ]


Спинери 2 гр - 4 гр - 3гр на овие ги извадив сите 5 пастрмки а на Сеика воблерче имав откачување кое ме кошташе 9 места погоре на табелата. Да ја извадев рибата ќе бев 4 место


[ img ]

Силиконци

[ img ]

Силиконски џиг јадици


[ img ]



[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Favorite Moravica KUP-Aleksinac,Srbija, 2017
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 25, 2017 11:57 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Maр 02, 2011 9:44 pm
МислењаCOLON77
Bravo decki. Odlicna reportaza


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Favorite Moravica KUP-Aleksinac,Srbija, 2017
ТемаИспратеноCOLONСаб Aвг 26, 2017 3:54 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Одлично доловено искуство!Се надевам еден ден ке го доживееме и во Македонија....

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Favorite Moravica KUP-Aleksinac,Srbija, 2017
ТемаИспратеноCOLONСаб Aвг 26, 2017 11:52 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
bravo... :~~ :~~

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 7 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum