..Темата е топ...респект за howitz...само,еве збор два и од мене......!!!!
Веќе многу години наназат сум рибар,откако се сеќавам за мене...занаетот ми е од стариот....од '99 па наваму бркам само крап,бела риба само за во тавче додека сме на вода,од 2004 загазив во спортските води,прво се појавував на некои организирани купови па се до државната лига...додека не стапнав во спортистите само имав слушнато дека некои рибари претпочитаат catch & release,силум на приликите и сам станав еден од нив ама до одреден степен....Ја сваќам тежината на темава и не ми е јасно!!!!!....и на mkacarp-forumot,дел од рибарите влегуваа во конфликт поради ова "свесно" движење,само со полна одговорност тврдам дека во нашава држава постојат само 2-3 рибари што во потполност и го практикуваат,останатите сме само глумци на водената сцена.....само препукување,фалење и лицемерие пред другите за докажување на свесноста а во првата прилика кога мислиш дека никој не те гледа ај у ранец....се одеше дури и до нагрдување на рибарските личности,како месари,рибождери и.т.н......!!!!
Темава е добра,да даде потстрек кај поголемиот дел од риболовците,зашто во секој случај ако се настави со ова темпо,за неколку години ќе си ги закачиме нашите "берданки" по зидовите на собите и ќе се сеќаваме на времињата кога ловевме риби,ама сепак....рибари сме,....кој не сака да касне свежо рипче....!!!
Лично практикувам да си однесам парче две па и три конзумна риба,значи со одредена големина и тежина и нормално се во зависност од уловот....жално е кога гледам дека некои земаат крапчиња испод кило,пожално е кога капитална риба завршува на трпеза...па сега,тоа е!!!!!
Еве од рана пролет ми почна сезоната,фативме многу риба ама моравме да ја пуштаме назад,такмичења,тоа е,многу луге,судии,пропозициите така налагаат,спортски риболов...ама заврши и тоа за оваа год....и со душа чекам да најдам некој слободен ден за рекреативен риболов,па и јас сум само човек,рибар сакам да каснам свежо рипче....!!!
Во секој случај го поздравувам твојот гест,потребата за едукација,ама сепак треба да кренеме со мали чекори....поздрав и БИСТРО!!!!!
|