dostate so komentari kako sportskire ribolovci go namaluvale ribniot fond
Gonny, мислиш на рекреативните риболовци, не на спортските.
Бар ова Лепи го знае најдобро и дека има огромна разлика.
Реков дека 3 месеци се навистина многу. Објаснивање зошто е 3, тешко дека ќе добиеме.
Gonny, знам што сакаше да докажеш...ја истерав дискусијата врз основа на твое инсистирање.
Се што сакав да кажам привот пат кога те цитирав е дека се работи за рекреативните риболовци, не за спортските.
Мојата лична поента беше да навистина почне да се прави разлика од проста причина што спортскиот риболов е навистина
различен од рекреативниот и добро е да се внимава во постови кога се пишува.
Да не страда поимот "спортски", има луѓе еве кој тој начин на риболов го сакаат и негуваат.
Еден од нив сум Јас, еден од нив е Тафта, еден од нив е Јане итн...
Точно е тоа од Јане дека Спортската легитимација не докажува ништо, но сепак има поента.
За да бидеш, мораш да ја имаш...колку е тој спортист што ја поседува...тој најдобро знае, но и другите.
Спортскиот риболов има посебна тежина и тоа е поддржано со факти.
Секој оној кој натпреварува и кој гледа да го задржи нивото на етика и правила во истиот е спортски риболовец.
Секој оној кој риболовот го гледа низ призмата на спортскиот дух т.е натпреварувањето е спортски риболовец.
C&R е строго правило кој секој спортски риболовец треба да го почитува. Без оглед на се.
Третманот на уловот е одлично дефиниран и е се базира на времето од уловот до самото пуштање.
Користење на посебни медицински помагала за негување на рибата.
Посебно дефинирани помагала за уловот.
Итн итн...
Е сеа какви спортски риболовци постојат, тука неможам да навлегувам подлабоко.
Оставам секој сам да си процени кој е спортски риболовец, а кој не е.
Доколку некој се нарекува спортски риболовец, а не ги практикува основите на спортскиот риболов...тој се залажува.
Тој е чист рекреативен риболовец.
Јас лично за мене напишав и стојам зад тоа 100%!!
За мене спортискиот риболов е рекреација.
Ќе пофоторам, поентата на темата е да се запазат термините и разликите при постови и при комнтирање.
Е сега повелете колеги, сите можеме да дефинираме и донесеме многу заклучоци.
Можеби ќе ни помогне многу таа класифиакција.
Ако се прашувам јас и моето гледиште, ќе кажам дека иднината на риболовот во МК и иднината на рекреативните
риболовци зависи од Спортскиот риболов.
Добар тек...