www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Jул 05, 2022 3:05 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна « 1 2 3 4 5 ELLIPSIS 10 »
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLON Пет Aпр 29, 2016 11:53 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLON Пет Oкт 24, 2014 1:32 pm
МислењаCOLON 17
Јас се извинувам ако сум згрешил, дали ќе бидете колега толку љубезен да ни ги најдете цените за риболовните дозволи макар од една сојузна држава?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Aпр 29, 2016 1:46 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON 1985
Миле Хаас НапишиCOLON
Јас се извинувам ако сум згрешил, дали ќе бидете колега толку љубезен да ни ги најдете цените за риболовните дозволи макар од една сојузна држава?
... во NRW или Северна Рајна Вествалија на Рајна во делот на ревирот кај Келн во периодот кога се плајќаше во ДојчМарки годишната дозвола беше 60 марки, а после 2002 кога дојде еврото стана 30€. После со секоја година поскапвеше за некој процент и моментално годишна риболовна дозвола е 34€, дневна 10€ и годишна за пензионери, инвалиди итн е 17€. http://www.rheinfischerei-nrw.de/erlaubnisscheine/

[ img ]

На различни ревири годишната риболовна дозвола имат различна цена исто како и кај нас ;)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Aпр 29, 2016 7:46 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLON Пет Oкт 24, 2014 1:32 pm
МислењаCOLON 17
Ви благодарам колега за информацијата, 34 евра годишна дозвола наспроти нашите 115 евра.

Како и да е тоа е само еден дел од проблемите кај нас, ви благодарам за сите информации и мислења и се надевам дека ќе има уште. Проектот ќе ви го представам деновиве кога ќе биде готов и се надевам дека сите заедно ќе можеме да направиме нешто добро за нас и за идните генерации.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Aпр 29, 2016 8:01 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Maр 15, 2012 10:56 am
МислењаCOLON 716
Миле Хаас НапишиCOLON
Здраво, ми требаат ваши сугестии за подобрување на риболовот и рибниот фонд во Македонија. Поради рекламирање не би го напишал името на моето здружение на граѓани за животна средина. Ние се одлучивме да направиме проект за подобрување на целокупната ситуација во врска со риболовот во Македонија, дел од тоа е едукација на рибарите за методата catch & release (фати и пушти), затоа што сите знаеме дека голем број од рибарите фаќаат риба под мера и не ја враќаат назад, тоа и се објавува на социјалните медиуми како супер улов, како второ се осврнавме на работата на концесионерите, нивната (не)грижа кон ревирите кои им се дадени на концесија, и уште една тема, а тоа е стопанскиот риболов. Би сакал да ги слушнам вашите размислувања на овие и други теми, би сакал да соработувам со секого кој е искрено загрижен за целокупната ситуација и кој би сакал навистина да направи нешто за да промени на подобро. Ви благодарам однапред на сите и Бистро!!!
Со сета почит за вложување труд на вакви и слични проекти,ама имаат само една фалинка.
Нај основен според мене е почеток на менување на целокупната ситуација во држававани е да се изработи проект за МЕНТАЛИТЕТОТ НА МАКЕДОН(чето)ЕЦОТ И НЕГОВОТО МЕНУВАЊЕ.
Секакви други проекти,закони,подзакони се осудени на пропаѓање токму заради тој наш проклет менталитет.
Миле наоружајте се со трпение,истрајност и верба и да се надеваме на остварување на вакви сл.проекти сите заедно кој се за спортскиот риболовот во Мк да биде уживање и релаксација

_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.

[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Aпр 29, 2016 8:11 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON 1985
Миле Хаас НапишиCOLON
Ви благодарам колега за информацијата, 34 евра годишна дозвола наспроти нашите 115 евра. 34€ e годишна дозвола за еден ревир, а 115€ или 7000 денари е Републичка годишна Дозвола

Како и да е тоа е само еден дел од проблемите кај нас, ви благодарам за сите информации и мислења и се надевам дека ќе има уште. Проектот ќе ви го представам деновиве кога ќе биде готов и се надевам дека сите заедно ќе можеме да направиме нешто добро за нас и за идните генерации.
имат многу нешта каде треба да се работит на подобрување, како прво животната средина во која рибите живеат, па после све останато


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Aпр 29, 2016 8:24 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Aпр 12, 2012 3:42 pm
МислењаCOLON 605
Ретко кој ревир кај нас е поефтин од 34евра...И како што го разбрав господинот Миле се работи за повеќе од еден ревир во тие 34 евра...
Иако сум за поефтини дозволи кај нас,се кога гледам што се случува и што прават рекреативците ми се гади и ми иде дозвола да е 1000евра...
Најпрво за да се промени нешто кај нас е спроведување на ЗАКОН...Само кога ќе удриш некого по џеп тогаш ќе се промени и тогаш ќе цвета риболовот во нашата Македонија.

_________________
Carp fishing...i love it !


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Aпр 29, 2016 8:56 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Саб Дек 10, 2011 1:55 pm
МислењаCOLON 421
Poveketo diskutanti na forumov izrazuvaat nezadovolstvo od sudiite, odnosno sudovite....... Navodno ne izrekuvale sankcii soglasno Zakonot za ribarstvo i akvakultura...... Ovaa konstatacija ne e tocna. Istata e ismislica i e tendenciozna......Prekrsocna ili krivicna prijava vo sudovite paga ako istata ne e kvalitetno podgotvena od inspektor pri DIZ ili od MVR (argumentirana so dokazi i svedoci). Ako e kvalitetno podgotvena (so materjalni dokazi i predlozeni svedoci) nikoj nemozi da ja srusit....Problemot e okolu svedocite vo postapkata...Mnogu malku prifakaat da bidat svedoci i tie so ke prifatat cesto gi menuvaat iskazite vo samata postapka. Samo togas sudot mojt da donesit presuda imajki gi vo predvid "olesnitelnite okolnosti". Tuka e najgolemiot problem a ne vo sudovite i sudiite......


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Саб Aпр 30, 2016 12:06 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLON Пет Oкт 24, 2014 1:32 pm
МислењаCOLON 17
Менталитетот не се менува преку ноќ, важно е да почнеме од некаде. Затоа кажав секоја сугестија е добредојдена, секоја идеа од ваша страна ќе биде искористена за подобрување.
Само строга контрола и санкции, за жал, можат да сменат нешто и кај нас риболовците и кај концесионерите и кај институциите.
Кажете ми што мислите за забрана на стопански риболов?
Чест на исклучоци, многу ловат со поголем број несоодветна опрема и со поголем квантитет на опрема од што е законски пропишано. Според вас дали тоа ќе придонесе за зголемување на рибниот фонд, колку би требала да трае таа забрана?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Саб Aпр 30, 2016 12:15 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLON Пет Oкт 24, 2014 1:32 pm
МислењаCOLON 17
http://www.trofej.info/index.php/vesti/ ... ni-ribolov

Еве пример од Унгарија.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Саб Aпр 30, 2016 8:12 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Саб Дек 10, 2011 1:55 pm
МислењаCOLON 421
Миле Хаас НапишиCOLON
Менталитетот не се менува преку ноќ, важно е да почнеме од некаде. Затоа кажав секоја сугестија е добредојдена, секоја идеа од ваша страна ќе биде искористена за подобрување.
Само строга контрола и санкции, за жал, можат да сменат нешто и кај нас риболовците и кај концесионерите и кај институциите.
Кажете ми што мислите за забрана на стопански риболов?
Чест на исклучоци, многу ловат со поголем број несоодветна опрема и со поголем квантитет на опрема од што е законски пропишано. Според вас дали тоа ќе придонесе за зголемување на рибниот фонд, колку би требала да трае таа забрана?
Moe licno mislenje e deka treba da ima stopanski ribolov...... Zgolemuvanjeto na ribniot fond nema vrska so ukinuvanjeto na stopanskiot ribolov. Taa teza ja turgaat odredeni krugovi vo R.M i istata e bazirana na pausalni ocenki za vlijanieto na stopanskiot ribolov vrz namaluvanje na ribniot fond! Vo poslednite 4 godini otkako ezerata se dadeni pod koncesija (nitu eden naucnik ne vlegol vo kajce i da vidit so se slucuva). Od tuka ne mi e jasno vrz baza na sto odlucuvaat vakvi ili onakvi ribolovni osnovi ili da ima ili nema stopanski ribolov!!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна « 1 2 3 4 5 ELLIPSIS 10 »

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 2 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum