www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Jул 05, 2022 2:26 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна « 1 ELLIPSIS 3 4 5 6 7 ELLIPSIS 10 »
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLON Пон Maј 02, 2016 6:14 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLON Вто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON 10473
drugar bre, ti ne sporeduvas so germanci :?: :?: abe znaes li ti kolku svelosni godini sme od niv, iako na SITEl SME 3 ti u evropa :D :

se u red so tvoojot proekt i baaras mislenje , no treba da se obratis u noramlno razviena zemja kade sto funkcionira sisstemot, zbopruvam za sistem podednakov u celo opsstestvo u site oblasti, pa na kraj ribolovot,,


taka da ne se zamaraj i crpi iunformacii od nekoe pozrelo opstestvo ne od nas,, nie sme zagreovi zasega,,

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Maј 03, 2016 12:11 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON 1930
Е ептен гo oхрaбри.

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Maј 03, 2016 6:14 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Саб Дек 10, 2011 1:55 pm
МислењаCOLON 421
Миле Хаас НапишиCOLON
Не е добро да се откажуваме така лесно ако сакаме да смениме нешто, треба да бидеме упорни и ќе вроди со плод. Макар и минимален напредок е подобар од тапкање во место.
Сега на кратко ќе ви ги представам точките кои ќе бидат представени во проектот.

• Откривање и одстранување на загадувачите на водата, чистење на речните корита и езерата, чистење на бреговите на реките и езерата.

• Контрола на работата на концесионерите од страна на риболовните друштва и граѓанските организации. Да се има увид во нивната работа и дали и како ги извршуваат своите обврски кои произлагаат од концесијата.

• Зголемено порибување и зачувување на автохтоните врсти на риби, создавање на подобри услови за нивно размножување. Безбедно одстранување на неавтохтоните врсти на риби кои ја нарушуваат природната рамнотежа и егзистенцијата на автохтоните видови риби.


• Привремена забрана за стопански рибилов, селективно, или на целата територија на Република Македонија, како начин за природен пораст на рибниот фонд.

• Намалување на цената на годишната републичка дозвола за риболов за 50 % како стимуланс за поголем број купени дозволи, развивање на овој вид на спорт и кај помладата генерација и едукација на истата.


• Зголемување на контролите од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

• Издвојување на поголем дел од буџетот на Република Македонија во областа на риболовот и изготвување на акционен план за зголемување на рибниот фонд со активно учество на риболовните друштва и здруженијата за животна средина.

• Построги санкции за тие кои ги прекршуваат законите, риболовци без дозвола, риболовци со прекумерен улов и улов под мера, рибокрадци, концесионери кои правилно не си ги исполнуваат обврските и сите оние кои делуваат спроти законските одредби.

Доколку сметате дека треба да се надолопни нешто ве молам пишете.
Kako da Vi gi pisuval ili "diktiral" nekoj tockive??!! Ne Ve staviv "dikat" ko se pretstavuvavte koj ste mozda i ke Vi kazev koj toa go napravil!! Nitu eden predlog ne Vi e izdrzan i argumentiran!!! Kako da ljubite da terate "politika".......


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Maј 03, 2016 11:09 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLON Пет Oкт 24, 2014 1:32 pm
МислењаCOLON 17
Kako da Vi gi pisuval ili "diktiral" nekoj tockive??!! Ne Ve staviv "dikat" ko se pretstavuvavte koj ste mozda i ke Vi kazev koj toa go napravil!! Nitu eden predlog ne Vi e izdrzan i argumentiran!!! Kako da ljubite da terate "politika".......[/quote]


Морам да признаам дека очекував нешто овакво, и многу ме интересира кој ми диктирал.... :D Сепак, предлозите тука не се анализирани ниту аргументирани, тоа ќе биде направено во самиот проект, тука беа дадени само како концепт, необразложен, колку да ви покажам на што ќе се базира од прилика проектот.

Побарав помош од вас, да понудите и изнесете некоја ваша идеа, размислување. И ете горенаведените точки за проектот вам не ви се допааѓаат? Кажете вие што би направиле???

Не само што не помагате туку и напаѓате, можеби се пронајдовте некаде, не одговара да се сменат некои работи поради што, криволов??? концесионер??? стопански риболов??? Не е важно дали се тука на овој форум издржани или аргументирани!!!!!

Да бев политички ангажиран мислите дека ќе се замарав со нечии размислувања и идеи???

Мора од некаде од нешто да почне да се менува, кој сака сака, кој не сака негов проблем. Само сум радосен што повеќе има позитивни размислувања отколку негативни.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Maј 03, 2016 11:29 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLON Нед Aпр 19, 2015 7:18 pm
МислењаCOLON 17
Pozdrav do Mile,

Te ohrabruvam tebe i tvoeto Zdruzenie kade sto clenuvas, kolku sto e mozno pobrzo da se izdejstvuva zabrani za stopanski ribolov na akumulaciite. Podrska imas od mene 1000%.


Uspeh!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Maј 03, 2016 12:46 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON 2806
ЛокацијаCOLON skopje
^^^Istoto mislenje..Zabrana za stopanski ribolov...

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Maј 03, 2016 1:55 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Сре Maј 29, 2013 8:04 pm
МислењаCOLON 144
ЦитатCOLON
Zgolemuvanjeto na ribniot fond nema vrska so ukinuvanjeto na stopanskiot ribolov.

:D uste ne mi se veruva sto procitav..


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Maј 03, 2016 2:38 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLON Сре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON 11615
ЛокацијаCOLON Скопје
goran_ohrid НапишиCOLON
ЦитатCOLON
Zgolemuvanjeto na ribniot fond nema vrska so ukinuvanjeto na stopanskiot ribolov.

:D uste ne mi se veruva sto procitav..
И мене. Концесионерите ги празнат природните езера секојдневно, легално ги мрежарат, а тоа немало врска со зголемување/намалување на рибниот фонд. Има, има, ама други се интересите.

Единствено што кај нас недостига е спроведување на законот. Се друго би се средило и би функционирало, кога би се спроведувале законите како што треба. Толку.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Сре Maј 04, 2016 9:04 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLON Вто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON 10473
Ako sevraboti dimakinski kako dosega so stopanskiot ribolov,ne gledam nekoj problem :)

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Сре Maј 04, 2016 1:51 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON 4638
ЛокацијаCOLON Skopje
Миле Хаас НапишиCOLON
Не е добро да се откажуваме така лесно ако сакаме да смениме нешто, треба да бидеме упорни и ќе вроди со плод. Макар и минимален напредок е подобар од тапкање во место.
Сега на кратко ќе ви ги представам точките кои ќе бидат представени во проектот.

• Откривање и одстранување на загадувачите на водата, чистење на речните корита и езерата, чистење на бреговите на реките и езерата.
Тука имаш 3 работи ставени во една точка, дали е тоа наивно или од непознавање незнам...
1. Откривање и одстранување на загадувачите на водата - Загадувачите генерално се знаат, потребно е да не им се дозволува влијание, да профункционира спрегата -инспекција-покренување постапка-суд-пресуда-исплата на штета кон водата
2. чистење на речните корита и езерата - ОК требаат пари и луѓе
3 чистење на бреговите на реките и езерата - ти е голем и комлексен проект кој бара многууу пари, многу луѓе, многу машини и многу време и да бидне тоа...и да бидне не е целосно решение бидејќи треба во исто време да се интервенира во старт на проблемот, а тоа е во општините, проблемот со нерешените прашања за отпадот во селата/градовите и менталитетот кај луѓето


• Контрола на работата на концесионерите од страна на риболовните друштва и граѓанските организации. Да се има увид во нивната работа и дали и како ги извршуваат своите обврски кои произлагаат од концесијата.
За ова си има институции, пред се Инспекторат во земјоделие кој треба да се стегне, појача со луѓе и средства и да нема врски за никој. Во исто време треба да имаш во предвид дека риболовните друштва во 80-90% се концесионери во Македонија, така што незнам како себеси би се контролирале. Во исто време треба да имаш во предвид дека раководствата на риболовните друштва кои се концесионери во 60-70% се скапаници

• Зголемено порибување и зачувување на автохтоните врсти на риби, создавање на подобри услови за нивно размножување. Безбедно одстранување на неавтохтоните врсти на риби кои ја нарушуваат природната рамнотежа и егзистенцијата на автохтоните видови риби.
Сето ова е обврска по закон и договор за концесија на концесионерите/читај во најголем дел риболовните друштва

• Привремена забрана за стопански рибилов, селективно, или на целата територија на Република Македонија, како начин за природен пораст на рибниот фонд. Дискутабилно прашање....имало примери каде кога немало стопански било полошо и обратни примери каде стопанскиот го докрајчил одредено езеро. Повторно клучот е во контролата

• Намалување на цената на годишната републичка дозвола за риболов за 50 % како стимуланс за поголем број купени дозволи, развивање на овој вид на спорт и кај помладата генерација и едукација на истата.
Да ќе има поголем број републички дозволи, но во исто време ќе има уривање на целиот концепт на концесионирање на водите. Републичките дозволи моментално во најголем процент се слеваат во државниот буџет, тоа значи со твојот предлог најголем дел од парите на рибарите би оделе во државен буџет што не е логично, затоа што контролата, порибувањето, организирањето на рибарлукот, плаќањето на чувари моментално не го прави државата, туку концесионерите. Ако цената на годишната републичка дозвола за риболов се намали за 50 % најголем дел од рибарите ќе вадат такви дозволи, концесионерите ќе останат со прстот во уста и без приходи, ќе ги откажат концесиите и повторно цела Македонија без концесии, т.е анархија.

• Зголемување на контролите од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сите други точки можеш да ги фрлиш во ѓубре, ако успее оваа точка мак.риболов ќе процвета. Тоа значи строги контроли кон секого/концесионери/инспектори/полицајци/рибокрадци/ресторани/риболовци

• Издвојување на поголем дел од буџетот на Република Македонија во областа на риболовот и изготвување на акционен план за зголемување на рибниот фонд со активно учество на риболовните друштва и здруженијата за животна средина. Мислам дека ова е направено, проблем е спроведување, или таканаречениот проблем со дупнато дно....ти дотураш ама тече од некаде

• Построги санкции за тие кои ги прекршуваат законите, риболовци без дозвола, риболовци со прекумерен улов и улов под мера, рибокрадци, концесионери кои правилно не си ги исполнуваат обврските и сите оние кои делуваат спроти законските одредби. Ова е истото со тоа погоре што ти пишав дека е главно.

Доколку сметате дека треба да се надолопни нешто ве молам пишете.
Појма немам кој сте и што сте,...ама кои и да сте терајте ...ок е да се размислува и предлага....мислењата кои ќе ги прочиташ на форумов се мислења изградени пред се од луѓе кои се по малку разочарани што често пати читале слични работи, ама работите не се поместувале многу многу напред...
Ќе се согласам со Филип дека кај нас законите се генерално ОК,...спроведувањето и контролата затајуваат, амоите коментари по секоја од точките ќе ти ги пишам под твоите точки со црвено


Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна « 1 ELLIPSIS 3 4 5 6 7 ELLIPSIS 10 »

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum