Рибите се ресурс на храна, приход и работни места но само со добар менаџмент, за сега, според официјалните ЕУ статистички податоци се искористени повеќе од две третини од целокупниот рибен фонд од целиот европски континент. Тие две третини од исчезнат рибен фонд значат намалени приходи, изгубени работни места и драстично намалување на природен и здрав ресурс на храна.
Ако функционира порибувањето добро, ако концесионерите работат како треба, државните институции и се друго нема зошто да се забрани стопанскиот риболов.
Сведоци сме на се помал број на риби во нашите води, замислете еден спортски риболовец со три трски и еден стопански риболовец со четири мрежи од по 50м, кој ќе улови повеќе риба?
Треба време да се обнови рибниот фонд во нашите води, никој не вели за секогаш да се забрани стопанскиот риболов, но да дадеме шанса на рибниот фонд да се обнови, тоа е добро за сите нас, за животната средина.
Вчера гледав репортажа за Словенија, река Савина, доаѓаат мушичари од цел свет, дневна карта чини 50 евра на ден, момците од Србија за еден час извадија најмалку 10 капитални примероци на поточна пастрмка, и што е нај интересно секоја риба мора да се врати, нема земање на риби.
Замислете да имаме одличен фонд на риби, можеме да развиваме и таков вид на туризам, дневни карти, хотели, ресторани...и што уште не.
|