www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Oкт 01, 2020 8:25 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 »
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLON Вто Jул 18, 2017 2:38 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON 4638
ЛокацијаCOLON Skopje
Дали се работи за рекреативниот или пак за спортскиот риболов, дали се работи за ловењето на тапа, крапскиот риболов, спин риболовот, мушичарењето, една од суштинските работи во риболовната психоза е очекувањето, или надежта.

Сепак прашање е дали и колку очекувањето може да влијае негативно или позитивно во животот на еден риболовец. Ако не би имало очекувања тогаш прашање е дали воопшто рибарите би имале предизвик и водилка да одат по риби ? Реализираните очекувања секако ја зголемуваат самодовербата на рибарот и го хранат егото дека јас сум добар рибар, имам познавања, имам тактика, знам на кој мамец, на која прихрана, на кое место, на каков систем да ја најдам рибата. Но од друга страна нереализираните очекувања на терен раѓаат незадоволство, депресија, ги ставаат под знак прашалник познавањата, стратегијата и сигурноста на рибарот во себе.

Секако дел од рибарите имаат и различни очекувања. Некои очекуваат да фатат многу риби, некои очекуваат да фатат по некоја риба и со тоа се задоволни, некои очекуваат да фатат големи риби и со мали не се задоволни, некои не ни очекуваат да фатат риби туку очекуваат добра дружба со пријателите и одмор во природа. Колку тоа има влијание очекувањето на рибарот говори и народната ...“Абе болен ќе падне што не фатил риба“.....Или пак некој што ќе се врати разочаран од риба, не поради тоа што не фатил риба, туку затоа што фатил мали риби.

Сепак кај рекреативците се чини очекувањата и не се до толку изразени колку кај натпреварувачите. Очекувањата се посебен фактор во натпреварувачката категорија, или таканаречениот спортски риболов. Тука веќе рибарот не се натпреварува само и единствено со природата, туку првично и основно со другите рибари. Да се биде подобар, да се биде најдобар, да не се изгуби, да се добие награда, да се добие престиж и признание од другите, па некои размилуваат и за финансиските средства што ги дале за учество и подготовка на тој натпревар. Притоа егото има големо влијание. Очекувањата кај секој натпреварувач се различни. Во главно без разлика дали признале или не, на секој натпревар секој учесник има отворени, или сокриени очекувања и надеж дека ќе биде прв, или барем во првите три. Кога ќе почне натпреварот почнуваат и осцилации во очекувањата. Почнува да работи психата.

Тие што добро почнале си викаат “Добро е меѓу најдобрите сум, се е во ред, расположението е најдобро ниво“. Од друга страна тие што почнале лошо се борат со притисокот дали им е исправна стратегијата, дали да менуваат нешто или да чекаат резултат на својата тактика и искуство. Веќе почнуваат да размислуваат дека првите три места се тешко достапни. Летвичката на очекувањата ја симнуваат подоле, па си викаат “...Па добро и немора да сум во првите три“. Како мине времето и како рибарот гледа дека околу него, или карши се вадат риби, а тој не вади, нервозата се зголемува, а сомневањата во себе се зголемуваат. Дилемите се почести, а очекувањата дополнително се менуваат. После половина од натпреварот во кој натпреварувачот е меѓу најлошите, или воопшто нема фатено риба, веќе очекувањата се симнуваат на друга граница, а тоа е да се фати некоја риба, “да се упишам“ со некоја риба и да не бидам последен или меѓу последните. Ваквите очекувања и нивното менувања некогаш може да бидат добар поттик за крајниот резултат, но често може да направат натпреварувачот да влезе од грешка во грешка, па од таму прашање е како да ги концепираме очекувањата на натпреварите и воопшто во риболовот ?

Дали очекувањата се позитивна или негативна категорија во мозокот на рибарот ?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Jул 18, 2017 2:41 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Чет Aвг 16, 2012 10:10 am
МислењаCOLON 923
Ako se gleda na ribolovot kako natprevar,da mozhna e taa sostojba a ako ribolovot e kako nekakov izduven ventil,veruvam deka nikogash ne bi se nashol vo opishanata sostojba.Koga odam na ribolov nikogash ne se natprevaruvam so nikogo,odam,izoduvam odredena marshuta,lovam shto kje ulovam,se vrakjam doma poln so nova energija. :saso:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Jул 18, 2017 3:42 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLON Нед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON 5482
Ova gi motiviras tie sto treba da isteraat 4 kolo na krusevo.
Ke ja svatat epten rab ozbilna ima da izvadat site po 150 kila riba.
A bre jas se takmicam i sam koga sum po riba a ne so nekoj drug.
Sekoe odenje e svoj predizvik.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Jул 18, 2017 3:52 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Јан 18, 2011 11:04 am
МислењаCOLON 719
ЛокацијаCOLON Skopje
Мене лично риболовот ми е издувен вентил, да побегнам од дома да не седам пред ПЦ или телевизор. После работна недела помината пред ПЦ одвај чекам да отидам било каде во природа.
Најважно ми е да чепка нешто, да ме занимава да пуштам мозок на пасење-да се одморам психички.
Секој сака да улови капиталец или крупна риба да улови ама како што се поретко се наога време за риболов, кога одам секогаш имам резервна варијанта за разбивање монотонија. За мене е успех ако успеам да проценам која риба јади во моментот и да се прилагодам на нејзино ловење. Многу риболовци се специјализирани само за еден вид на риба а некој се станати и мајстори за тој вид риба а се останато им е ставено во мирување. После се чудат како некој вади риба а они мајстори не вадат.
Најважно за мене е да се наполнам со позитивна енергија која ја добивам од риболовот, да пробам да ја проценам моменталната состојба на водата и да го прилагодам мојот риболов кон тоа, за мене тоа е успех.
А да очекувам дека мора да фатам толку и толку риба, за мене тоа веке е тоа опсесија или бизнис. Никој не е најдобар, секогаш има денови кога некој е добар или лош во риболовот.
:fishing:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Сре Jул 19, 2017 10:15 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON 4638
ЛокацијаCOLON Skopje
Like за размислувањето


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Сре Jул 19, 2017 10:33 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Саб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON 4780
ЛокацијаCOLON skopje
najubav primer za toa kakvi sme koga nejadela ribata e koga se vrakame od ribolov :)
ako jadela ribata cel pat se pravi muabet i usta ne se zatvora a ako denot e utka site spijat vo kola a shoferot nervozno nakaj doma vozi :mrgreen:

jas sekogash trgnuvam so nikakvo ochekuvanje za da nebidam posle mnogu razocharan ako ne mi se ostvarilo ochekuvanoto.jas iskreno i so mngu mal ulov super sum si pominuval :D
e sea ako denot e utka sum mnogu tersane i nemise zhivee :lol:

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Jул 21, 2017 1:47 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Пон Aпр 25, 2011 9:20 am
МислењаCOLON 224
ЛокацијаCOLON Скопје
Мало објаснување,во зависност колку риболовот е длабоко навлезен во нас,би требало и такви одговори да добиваме,меѓутоа кога ќе се замеша егото ,сите ќе даваме исти одговори,како сите да сме безгрешни а другите се грешните.Демек сите одиме да шетаме па ако фатиме фатиме ,ако не никому ништо,тука се крие дволичноста на рибарите,другите не чинат само ние сме посебни,се додека така размислуваме нема да има никаква промена кај нас,ќе си останеме со умот.Проблемот е многу подлабок ,одколку што изгледа и е многу тешко да се извлечеме од него,бидејќи кога риболовот ќе навлезе длабоко во душата ,како некој вид на зависност,како замена на љубовта кон бога ,која е основна и не поврзува сите,тогаш со активирање на истата полека се враќаме во нормала.Доволно е ,за почеток на промена кај секој од нас.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пет Jул 21, 2017 6:05 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLON Саб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON 9475
Sekoj ocekuva da fati nesto,zatoa i ide po riba,ODMOROT E DOPOLNITELEN.

So pogolem broj idenja procentoto na fakanje e pogolem,toa e za sve pravilo i za sloboden i za takmicenje,se sobira iskustvo se uci na greski.bez ova e samo pogaganje den ili vreme i li mesto,ama ne e sekoj den veligde.
praviot ribar ova go znae dali bil rekreativec ili natprevaruvac

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пон Jул 24, 2017 11:15 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Чет Aвг 16, 2012 10:10 am
МислењаCOLON 923
Tvrdko I НапишиCOLON
Ako se gleda na ribolovot kako natprevar,da mozhna e taa sostojba a ako ribolovot e kako nekakov izduven ventil,veruvam deka nikogash ne bi se nashol vo opishanata sostojba.Koga odam na ribolov nikogash ne se natprevaruvam so nikogo,odam,izoduvam odredena marshuta,lovam shto kje ulovam,se vrakjam doma poln so nova energija. :saso:
Da dopolnam:Se vrakjam doma poln so nova energija i so pastrmki. :saso:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Пон Jул 24, 2017 2:03 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Maр 15, 2012 10:56 am
МислењаCOLON 716
Za mene ocekuvanjata sekako kako pozitivna strana, a toa sto ocekuvam,sto pogolema riba da ne kazam kapitalna.Samo po sebe sansite na ribata da bide vrateni nazad se 102%.

_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.

[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 »

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum