www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

Риболов со директаш... ОПШТО
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=165&t=3882
Страна 33

АвторCOLON  simonovski [Пон Aвг 26, 2013 9:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Риболов со директаш....

Поздрав до сите
Најмалку што сакав е да покренам лавина, само конкретни одговори кои и ги имам. Што се однесува до должината мене супер ми одговара како што и пишав. Филип имам видено такви моталки по продавниците, секо ќе купам некое парче да си сторам неколку системи. Што се однесува до должината мене најмногу ми одговараше да е пократок системот за едно 30 сантиметри дека има надвиснати дрва. Со подолг систем мислам дека нема да оди. Конекторот си ја брка работата. А и синот и ќерка ми многу ја бендисаа, си ловеа кедери еден куп. А за да ја правам bolo тешко дека од скоро имам trabucco expander bolo 4 метри со која и ловев на истата река. Со директашот фрлив и јас, а излезе и една пастрмка од можеби 150 грами која ја извлеков без мака на директашот, само малку проблеми правеа дрвата кои беа надвиснати над реката за контра, која ја пуштив назад во река. Ловевме на потегот Сладуево, Граиште накај Вардино кај што имаше шанси да се стигне со возило обично околу мостовите. Штета што не ги сликав местата супер е природата, реката е доста чиста нема загадувачи многу.

Бистро

Страна 33 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/