www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Maј 08, 2024 1:18 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [� теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS125126127128129ELLIPSIS132»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONСре Oкт 19, 2016 12:20 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Многу се надул, загрижен сум за неговото здравје :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 29, 2016 1:07 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Добро бе лови ли некој Јагула во Охрид :? ....секоја година порибувања по неколку, до толку ли играат мрежите или охриѓани не се фалат или не одат целно да ја ловат

Охридското Езеро третпат порибено со подмладок од јагула

Третпат годинава Охридското Езеро беше порибено со повеќе од 25.000 парчиња подмладок од јагула од страна на АД ЕЛЕМ.

Порибувањето почна од кај ресторанот „Ривиера“ во Струга и се вршеше на седум локации-Радожда, Калишта, Струга, Сатеска, Андон Дуков, Охрид и во најдлабокиот дел на езерото.

ЕЛЕМ, според директорот на ХЕС „Црн Дрим“ Тони Маркоски, ја продолжува традицијата која ја почна од 1965 година со порибување на Охридското Езеро со подмладок од јагула, поради попречувањето на патот за природен мрест на јагулата со изградба на електраните.

– АД ЕЛЕМ ја продолжува традицијата на Електростопанство за порибување на Охридското Езеро со подмладок од јагула од 1965 година. Со изградбата на хидроцентралите и попречувањето на природниот пат за мрест на јагулата до Саргаско море и повторното враќање во Охридското Езеро, презема обврска да дополнува со количество подмладок за да не се наруши рамнотжата на живиот свет, истакна Маркоски.

Компанијата, нагласи тој, се декларира дека секогаш ќе вложува во унапредување на животната средина и во рамки на таа декларација ја задржува обврската за порибување и ќе продолжи со исто темпо.

Изминатите пет години имаше прекин во порибувањето поради ЕУ регулативи за влез и излез на јагулата што се одрази врз фондот на јагулата, но пречките од ЕУ регулативите се надминати и годинава трипати се пушти подмладок во водите на Охридското Езеро. Со тоа, информира Маркоски, се задоволени препораките од Институтот за сточарство и Министерството за земјоделство и е надоместен недостатокот од изминатите години.

– Рибата е здрава. Набавена е од Грција, проверена е автентичноста и автохтоноста на типот, нема паразити и го помина периодот на карантин. Со надзор на ветеринарна управа и денеска се порибува во присуство на инспектори за рибарство и земјоделство од подрачната единица во Струга, истакна Маркоски.

Со ова, како што нагласи, Охридското Езеро годинава е порибено со околу 2.800 килограми или околу 90.000 парчиња млада јагула.

Следното порибување се предвидува за две години, со што ќе се продолжи праксата од минатото, кога на две години езерото се порибувало со околу 100.000 парчиња подмладок од јагула.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 29, 2016 3:20 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Jagula vo 99,9% od slucaevite se lovi za stopanski ribolov ili so nedozvolen alat, mnogu retko rekreativcite uspevaat da ulovat nekoja i ako toa se sluci ke e sosema slucajno.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONВто Ное 29, 2016 3:22 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Da nema nedorazbiranje, ova go pisuvam vo temata za Ohridsko ezero i vazi za tamu, a vo Globocica uspesno se lovi i na jadica jagulata, ama toa ne e tema ovde.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПон Maр 27, 2017 8:02 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
превземен текст од

http://www.webohrid.com/2017/03/26/zrrs ... -pastrmka/



ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ Охрид: Бараме одговорност за уништувањето на охридската пастрмка
26/03/2017
Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ – Охрид испрати соопштение до медиумите во кое бара одговорност за уништувањето на охридската пастрмка.

„Бараме да се утврди одговорност кај надлежните установи и министерства и нивните раководни лица за уништување на охридска пастрмка и тие да бидат казнети согласно важечките законски и подзаконски регулативи.

Повеќе од 22 години со стотици дописи и јавни изјави укажуваме дека охридската пастрмка полека се уништува и може да дојде до нејзино истребување. Наместо да ги разберат нашите укажувања надлежните институции со разни притисоци, уцени и заканувања на секој начин се трудеа да не замолчат. Надлежниот министер не бркаше од јавни расправи за концесии на Охридското Езеро.

Барањето на концесионерот за стопански риболов на Охридско Езеро за мораториум на улов на охридска пастрмка од 10 години ја отвори пандорината кутија.

Јавно ги запрашуваме надлежните институции и министерства каде и како се потрошија неколку милиони евра за вештачки мрест и порибување на охридска пастрмка, затоа што нема никаков ефект за заштита на охридската пастрмка.

Со неколку реченици можеби ќе помогнеме да се лоцира одговорност кај надлежните институции и нивните раководители.

Зошто секоја година државата го финансира вештачкиот мрест од 150 до 200 илјади евра од кои концесионерот зема околу 70% а нема обврска да порибува. На концесионерот државата му порибува, а тој само ја лови риба и плус добива субвенции, ваква концесија нема никаде во светот.

Зошто надлежните научни институции изработија риболовни основи, а надлежното министерство ги прифати и додели концесија за стопански риболов иако со години укажуваме дека тоа е катастрофална грешка.

Изјавата на концесионерот можеме да ја разбереме само како повик да му се овозможи поголем улов на охридска белвица и барање на поголеми финасии за вештачки мрест и порибување со охридска пастрмка.

Неможеме да го разбереме концесионерот кој бара да се забрани стопански риболов само на охридска пастрмка, а да им се зголемат количините на улов на сите други видови риби.

Она што и се случи на охридската пастрмка сега и се случува на охридската белвица. Ако на охридската пастрмка и се потребни околу 40 години за реанимација тогаш на охридската белвица и требаат повеќе од 60 години.

Зошто надлежното министерство и научните институции од областа на рибарство дозволија измени и дополнувања на риболовните основи со кои на концесионерот за стопански риболов квотата на улов на охридска белвица од 2 тони му се зголеми на 8 а сега на 25 тони годишно, кога во истата риболовна основа пишува дека прирастот на охридска белвица на годишно ниво е 17 тони.

Зошто истите институции го намалија периодот на забрана за лов охридска пастрмка и белвица за време на мрест и дозволија да се лови охридска белвица во ноември, кога тие во истата риболовна основа тврдат дека најголемиот мрест на белвицата е токму во ноември. Зошто на концесионерот му е дозволено 6 пати да лови охридска белвица во строгата забрана (татиљ) дали на тие мрежи има знак стоп за охридска пастрмка? Никогаш па ни во турско не се ловело за време на мрест.

Зошто најмалата дозволена големина за улов на охридска белвица од 35 сантиметри ја намалија на 22 сантиметри, а бројот на мрежи два пати го зголемија?

Зошто научниците предвидоа 500 тона годишно да се излови охридска плашица, а гледаме ја нема по зимовниците во Пештани, Трпеjца, Радожда, Охридско Пристаниште и воопшто во езерото?

Зошто забраната за лов на крап е фиксна и започнува од кога ќе заврши природниот мрест на крапот?

Зошто се дозволи стопански риболов на кленот цела година дури и за време на неговиот мрест?

Пандорината кутија отвори уште една дилема ако концесионерот уловил само 400 килограми охридска пастрмка за 5 години, неминовно е да се запрашаме од каде е охридската пастрмка која се продава по угостителски објекти и рибарници во Охрид, Струга и низ цела Македонија. На годишно ниво во промет имаме најмалку 4 тони охридска пастрмка. Односно за 4 години најмалку 20 тони.

Укажувавме дека со доделување на концесија за стопански риболов на Охридско Езеро само ќе го легализираме криволовот и шверцот на охридска пастрмка, за што бевме остро нападнати од некои угостители, дека сме против развивање на туризмот, за што ни и забрануваа да влегуваме во нивните угостителски објекти.

Бараваме помош и од челните лица на Локална самоуправа на Општина Охрид за да се заштити охридска пастрмка и белвица кои се и заштитен знак на Охрид и дека уништувањето на охридска пастрмка негативно ќе се одрази на туризмот во Охрид, но не наидовме на разбирање, неможеме да ги разбереме нивните тврдења дека концесионерот го намалил рибокрадството и го заштитил рибниот фонд. Точно е, може е намален бројот на рибокрадци кои со криење фрлаа околу 1 километар мрежи, а сега концесионерот фрла легално околу 50 километри мрежи, каква е таа заштита на рибниот фонд.

Во Историја на риболовот ќе биде запишана бруката на локалната самоуправа која на денот на рибарите на брегот на Охридско Езеро (кога има концесионер за стопански риболов) да донесе одлука да се прави рибна чорба од морска риба. Можеби развиваат нова туристичка понуда „Дојдете во Охрид на рибна чорба од автохтона морска риба“.

Пред некоја година доделивме и плакета за уништување на рибниот фонд на заслужни граѓани се со цел да ја зголемиме јавната свест за зачувување на охридска пастрмка, но и тоа не вроди плод.

Неможеме да ги окривуваме албанските рибари дека тие ја уништиле охридската пастрмка. Во годините кога се изврши преловот на охридска пастрмка на албанската страна воопшто немаше стопански риболов. Укажувањата на надлежните лица дека Република Албанија не е заинтересирана за надминување на проблемот со пастрмката не се точни, на неколку иницијативи за средби на експертско ниво од Република Албанија за усогласување на законската регулатива за лов, вештачки мрест, дозволени големини на улов и др. Република Македонија е таа која не одговорила на тие иницијативи.

Дали конечно ќе имаме сила во Република Македонија да го одврземе гордиевот чвор помеѓу надлежните министерства, научните институции за рибарство, државните инспекторати и концесионерите за стопански риболов, за да го заштитиме рибниот фонд како национално благо кое не ни припаѓа само нам туку им припаѓа на идните генерации.“

Радован Димитриевски
Претседател на Здружение на рекреативни риболовци
„Свети Апостол Петар“ Охрид

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONВто Maј 16, 2017 4:18 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Дек 05, 2016 2:05 pm
МислењаCOLON113
Pa dobro be do koga?I ovaa godina ista slika se tamani klenot mrezi vo ezero i toa so dozvola.Pa zalno e toa sto se pravi.Ima li nekoj pameten u drzavava da mu nametne da go stavi Klenot vo pregledot za zabrani koga e vo mrest.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПон Jун 05, 2017 9:09 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Jул 11, 2012 8:58 pm
МислењаCOLON40
која дестинација на охридско езеро би била добра за лов од брег, сакам да пробам воблери, кашики и блинкери за клен, можеби мушици за клен и плашица, и на тапа со црв, ларва, леб и пченка да пробам за црна мрена, клен, крап, или што и да удри. Порано пред 15-20 години мрени ловев во ливадишта и бисер, ливадишта е пусто ништо нема сега, освен мали писи што го крадат мамецот, друго нема, ливадиште на пристаниште имаше порано кленчиња, грунци и мрена кои беа пребирливи сега ги нема, општо песокта во вода е прекриена со тиња веројатно од канализациите од радожда и калишта, во бисер мрена нема ама има кленчиња на пристаниште, дното е со алга и треба и има знак забрането пливање, што значи дека е и таму загадено. Исто и пештани е загаден теренот со тиња а риба има ама поретко и помали парчиња. Бев до љубаништа пред 3 години и речиси немаше ич риба. Пред 10тина години во јуни на дримот се ловеше крупна плашица фрли фати со по повеќе јадичиња и бели црви, пушташ трската во вода и наеднаш за 5 секунди имаш 4
големи плашици на трска, пуздер ги правеа со црпалки тамошните албанци, во минута 5 кила вадеа и ги продаваја килото 20 денари на сам мос на цдр дрим каде што се излева езерото, а пак на дубинско се врлаше на црв и ларва кон уливот, и како што ти го носи водата мамецот за едно пола до нецела минута кон тебе после зафрлувањето, на секое фрлање имаш мрена или клен од 150 до 300 грама, сга не знам дали уште е така, ама тогаш растур ги правеа. До Свети наум не ми се оди, за ова лето каде да се испробам од брег, на пример лагадин, којнско, градиште, и кои техники и мамци се препорачливи.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 02, 2017 2:48 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Jун 26, 2017 4:02 pm
МислењаCOLON137
http://www.ohridnet.com/vesti/ohrid/753 ... s-vo-ohrid


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 09, 2017 6:12 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Jун 26, 2017 4:02 pm
МислењаCOLON137
od obala kaj mozi da lovat dobri parcina mrena ili klen, sveti naum, gradiste, hotel desaret, lagadin ili nakaj struga gradskite plazi


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 10, 2017 7:00 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Jун 26, 2017 4:02 pm
МислењаCOLON137
што е ова сите молчат, дајте малку помош, сакам да одам два дена на охридско, кое место да го одберам, значи таму каде што ќе најдам смештај сакам да се пробам да ловам од брег, се мислам меѓу Свети Наум, Трпејца, Коњско, Елешец, Лагадин, Десарет, исто ако има некој број од овие места број за изнајмување студио или бунгалов


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [� теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS125126127128129ELLIPSIS132»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 10 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum