www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=17&t=24
Страна 1204

АвторCOLON  Poliz [Сре Oкт 27, 2010 11:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Се за Дојранско Езеро....;)

АвторCOLON  Poliz [Пет Oкт 29, 2010 6:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Ќе биде ли работа со концесијата за спортско-рекреативен риболов :roll: Кој знае...А иначе вода,која пружа страшен кеф ;)

АвторCOLON  Филип [Пет Oкт 29, 2010 8:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

2 години веќе се спрема Вардар од Скопје да го земе под концесија, ама никако да излезе тој оглас :)

АвторCOLON  Филип [Вто Јан 18, 2011 1:54 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Дојранско повторно не доби стопан

Дојранското Езеро и други акумулации во регионот и оваа година ја почнаа без стопан бидејќи Владата неодамна ги поништи огласите за доделување концесија за стопански и спортски риболов на повеќе ревири во државата. Веста ја потврдија во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но не дадоа повеќе информации за причините за поништувањето на последниот оглас, објавен на 14 октомври лани.

Ваквата одлука ги разочара дојрани. Тие четврта година по ред чекаат езерото да добие стопан и да престане немилосрдното уништување на рибниот фонд.

- Во стопанисувањето на езерото владее анархија. Четири години не се дава концесија, а 150 рибари седат дома без работа. Јас не знам колку ~ се исплаќа на државата да ги плаќа по основа на стечај наместо да почнат да работат. Замислете сред зима да дојдете во Дојран, а да не можете да купите ниту еден килограм риба - вели Митко Грошев, поранешен рибар.

И спортските риболовци од регионот реагираат на ваквата состојба со Дојранското Езеро, но нив повеќе ги загрижува тоа што и двете акумулации во Струмичко, Турија и Водоча, се исто така без концесионер. Предупредуваат дека поради тоа членството им се намалува, па од некогашните 2.000 сега останале само дваесет, па бараат што побргу да се објави нов оглас за концесионер.

- Во најкус можен рок Владата да им ги додели концесиите на правни или физички лица или на здруженија за да можеме легално и спортски да вршиме спортски риболов - вели Кире Ѓузелов, претседател на СРД „Шампион 2005“ од Струмица.

Од октомври 2007 година, кога дотогашниот концесионер на Дојранското Езеро се откажа од стопанисувањето на езерото, од страна на Министерството за земјоделство беа распишани три огласи за доделување концесија за спортски и стопански риболов. И трите беа поништувани без подетаљно објаснување.

АвторCOLON  kompir99 [Саб Јан 22, 2011 2:08 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Tocno lani ovaa data,mesto aleks bic narod miting.....
[ img ]
[ img ]
[ img ]

АвторCOLON  SALE CARP [Пет Aпр 01, 2011 9:56 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

вчера другари мои беа во Дојран и работава била тапа џонсон- по тапа здравје не сакало да пипне иако имало десетина чамци никој ништо не вадел

АвторCOLON  Филип [Саб Aпр 02, 2011 8:57 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Чудна работа, прошлата недела по вреќа караш и што е најчудно, многу крап(чиња) биле извадени..

АвторCOLON  Danco [Пон Aпр 04, 2011 3:07 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

Да и еден мој колега бил вчера на дојранско торнадо имало, мештаните им рекле дека цела риба отишла накај Николиќ на потполо, предходните три дена се истурило дожд, па пробале и на тоа езерцето кај богданци и таму ништо па како се враќаеле назад застанале и на вардар Демир Капија пред она ресторанот и таму ништо, па после на црна кај стоби и таму ништо, и така си се прошетале , тоа е тоа кога не иде не иде

АвторCOLON  pakost [Нед Aпр 17, 2011 6:24 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

луге како е во дојран дали бил некој во последно време...имате некој информаци дали јаде или нејаде....планирам за велигден да го постеам дојран па би било позелно да казете несто за ситуацијата во дојран :)

АвторCOLON  akiribar [Нед Aпр 17, 2011 6:45 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

dojran ko dojran ,najbolji ezerska destinacija hahahah jade 365dena,samo ti trebaat vrski za da fakash riba ;)

Страна 1204 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/