Почитувани колеги
Свежа информација од Дојран.Риболовот е дозволен !Потребна е легитимација од 2011 год.и се вади годишна дозвола која чини околу 500 мкд.Се вади на лице место кај Зоки односно на плажата Партизан .Телефон од Зоки 070 771 048.Се надевам дека сеуште го користи овој број.Инаку истиот изнајмува и чамци.Јас овој пат ловев од обала,односно со комбилизон пред кампот Мардаја и има доста риба.Проблем е карашот затоа што лапа се
Излегува црвеноперка,костреж,лињак на мое чудење и кленчиња.Прв пат по 30 год.да видам клен на дојранско.Имав улов и на два крапа од 2,5 кг.но не носев апарат за да документирам.Доста често излагаа и мали крапчиња до 1кг. кои нормално беа враќани назад.Најголем успех на шекерац Ван Дер Ејде.Инаку рано сабајле до 6-30 часот препорачувам калифорниски па кога почнува да стоплува пченица и шеќерац.
Деновиве одам повторно па се надевам дека ке се направи и добра репортажа од ова за мене незаменливо езеро.
Бистро,