www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Aпр 29, 2024 1:36 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Информации за водостојот - 2013
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 26, 2013 2:16 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Скопски регион

Во општина Зелениково во селата Моране и Орешани има мало излевање на водата од реката Вардар во околните ливади. Се очекува водата набрзо да се повлече и состојбата да се нормализира.

Во општина Илинден поради покачување на подземните води поплавени се околу 20тина куќи. Екипите на ЈКП Илинден се на лице место и ги откопуваат затрупаните одводни канали

Во општина Гази Баба имало излевање на реката Пчиња кај с.Горно Коњаре.


Кумановски регион

РЦУК – Куманово, известува дека дошло до излевање на реката Пчиња во делот кај што се влева Крива Река во Клечовскиот регион. Поплавени се површини и куќи во селата Бељаковце, Довезенце, Јачинце и Клечовце. Во с.Довезенце поплавени се две куќи. Во с.Пчиња поплавени се 6 куќи и постои опасност од рушење на мостот во с.Пчиња за што е потребна итна интервеција за да се избегнат несаканите последици. Во с.Бељаковце излеана е Крива Река и поплавени се повеќе куќи и направена е материјална штета. Зафатени се селата Шупли Камен, Зубовце, Доврошане се до „Бислим“. Во 11,30 часот во текот на вчерашниот ден дошло до излевање на Кумановока во населеното место Средорек. Поплавени се околу 60 куќи а нивото на водата е околу 2 м. Има излевање на Којнарска река во нас.Долно Којнаре на ул.Никола Тесла.

Во општина Старо Нагоричане има излевање на река Пчиња во атар на с.Коинце. Загрозен е мостот во с.Коинце и поплавено е околното земјиште.

Во општина Липково има излевање на Случанска и Матејачка река во речиси целиот нејзин тек. Најпогодени се селата Опае и Лопате. Висната на водата е 1 м.

Во општина Кратово мостот кај с.Куклица мостот е натрупан со речни наноси и има излевање на водата. Има појава на свлечиште на патот с.Татомир-Кратово. Исто така имало одрон на патот кон с.Туралево во близина на фабриката „Илинден“. Во моментот екипите на ЈП„Македонија Пат“ работат на отстранување на последиците.


Битолски регион

Во општина Битола поради неисчистена каналска мрежа дошло до поплавување на дворови од куќи во атар на с.Логоворди.

Во општина Долнени заради излевање на канал поплавени се земјоделскии површини и дворови.

Во општина Прилеп имало излевање на Црна Река во атар на селото Тројкрсти. Месното населние поставило насипи со вреќи од песок како не би дошло до полавувување на поширокиот простор. Во 09,00 часот во ВС Прилепско Поле упатува екипи на лице место за проценка на ситуацијата и превземање на дополнителни мерки.

На потегот НМ Костинци-Секирици-Пешталево кај НМ Секирици има излевање на канал кој засега има поплавено само земјоделско земјиште.

На територија на општина Демир Хисар во реонот на с.Света има мало излевање на Црна Река и истата поплавила помали површини со ливади. На патниот правец с.Вардино-с.Бараково-с.Бучим има излевање на Црна река. Поплавени се околу 10 хектари на земјоделско земјиште. Имало и излевање на р.Жаба во атар на Ново Село, при што биле поплаввени околу 15 хектари на земјоделско земјиште.


Охридски регион

РЦУК – Охрид, известува дека и понатаму продолжува истекување на водата во подножјето на браната во село Слатино. Приливот на водата во акумулацијата е голем.

Во општина Македонски Брод има излевање на реката Треска во атар на с.Пласница. Полавени се пониските делови претежно со ливади и овоштарници.

Во општина Кичево има излевање на реката Треска при што поплавени се земјоделски површини од околу 300 хектари од кои 70-80 хектари се обработливи повтшини во селта: Деленци, Стаорец, Вранешница, Атишта, Челопеци, Лисичани, и Пласница. Нивото на реката Треска во моментот е во опаѓање.


Струмички регион

РЦУК – Струмица, известува дека по обилните дождови што го зафатија Струмичкиот регион состојбата е следна:

На територијата на општина Струмица сеуште е во прекин патниот правец с. Раборци – Попчево поради оштетување на мостот на Маркова река кај с. Раборци. Има одрони на патниот правец Струмица -с.Костурино ЈП Македонија пат работи на отстранување на одронот.

Река Струмица се излева кај м.в. Карбино, с.Просениково, с. Дабиља , с. Босилово с. Секирник, и кај Стопанство – Сушица.

Река Турија се излева кај с. Турново. Моноспитовкиот канал се излева кај с. Мурино и го поплавува селото и околните површини. Делумно или целосно поплавени се селата: Сачево, Дабиље, Муртино, Моноспитово, Турново ,Просениково, Добрејци, Сушево и Сарај. Мостот на река Турија на патот с.Просениково -с. Сарај не е прооден.

Браните Иловица, Новоселка и Маркова река се полни и преливаат.

Во општина Василево сеуште во прекин се водоснабдувањето и електроснабдувањето во с.Сушево, со вода за пиење се снабдуваат од цистерна. Сеуште се непроодни улиците во селото. Поплавено е цело село Пиперево и е непроодно од сите страни. Поплавени се земјоделските површини и дел од населените места: Ангелци, Градашорци, Владевци и Василево.

Во општина Босилово е скинат десниот брег на р.Струмица во атарот на с. Секирник кон с. Зубово. Скинат левиот брег на р. Струмица на излезот од с. Босилово кај погон ТДДИ – Паралидови, и го загрозува магистралниот пат М-6.

На теериторија на општина Гевгелија опасност од излевање на Мрзенска река кај с. Мрзенци. Испратена е механизација за санирање.

Прекинат е железничкиот сообраќај на делница Ѓевгелија - с. Миравци, поради поплавеност на пругата.

На територијата на општината Богданци поплавени се обработливи површини во с. Ѓавато.

На територијата на општина Радовиш урнат е потпорен зид на улица Ана Поцкова- Радовиш. Урнат е мостот на реката Струмица кај с. Злеово. Сеуште има прекин на сообраќајот и телефонските врски во с. Злеово.

На територијата на општина Конче има одрони на регионалниот пат Радовиш – Конче. Изместено е коритото на река Крива Лакавица во потегот с. Долни Липовик до езеро Мантово.

На територијата на општината Валандово излеана е река Вардар над мостот на с.Марвинци кај пумпите на Вардарска долина.

Прекинат е цевководот за вода за пиење кај Азарлиска река- однесено околу 1 км. Населението се снабдува со вода за пиење од бунари.

Поплавени се 300 куќи во с.Јосифово. Скината е линијата на водоводот во с. Јосифово. Оштетен е асфалт кај с. Балинци.


Велешки регион

РЦУК – Велес, известува дека во општина Свети Николе, патот Свети Николе-Овче Поле кај Попови бавчи и кај свињарската фарма сега е прооден. Водата е повлечена и сообраќајот се одвива редовно. Во текот на ноќта поплавени се 80 куќи на улиците Кумановска, Чичевачка и Никола Вапцаров. Нивото на излеаната вода од реките Мавровица и Периш кои во градот ја формираат реката Свети Николска, почна да опаѓа. Главната трафостаница во градот Свети Николе е поплавена и поради тоа градот Свети Николе е без електрична енергија од 05,00 ч. утрово. Екипите на ЕВН се спремни и чекаат да се намали нивото и со пумпи да ја исцрпат водата. Од акумулацијата Мавровица и понатаму е во тек испуштање на водата за да се намали нивото во езерото.

Во општина Велес поради обилните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден и ноќта на ул. Родна Ивева дошло до одрон од кој се загрозени две куќи. Исто така на ул. Орце Мартинов постои опасност од обрушување на потпорен ѕид. Мостот помеѓу селата Сојаклари и Кумарино е во опасност поради затрупан канал. Дел од улица во Иванковци е однесена од порој во текот на ноќта. Одговорните лица во ЕЛС Велес се на терен и превземаат мерки се санирање на состојбите.

Во општина Квадарци во атар на с.Глишиќ и Марена има излевање на реката Луда Мара. Поплавени се овошни и лозови насади на површина од околу 3 хектари. Водата во моментот е повлечена и истекува низ речното корито.

Според информациите од Центарот за јавно здравје ОЕ Кавадарци водата од водоводот Лукар е заматена, превземени се мерки од страна на ЈП Комуналец за хлорирање, испратено е соoпштение до локалните медиуми од страна на Центарот за јавно здрајве ОЕ Кавадарци со препоракa и известување на населението како водата да се користи. Состојбата постојано се следи.


Штипски регион

Поради обилни врнежи од дожд во попладневните и вечерните часови во текот на ден 25.02.2013г.состојбата на теренот во овој регион е следна:

Водотеците и каналите се полни со вода и се очекува во наредните часови состојбата да се влоши. Во Општината Чешиново-Облешево кај с.Жиганци дојде до излевање на река Злетовица и веке се поплавени неколку куки. Месното население се самоорганизира и прават насип со вреки со песок и бали со слама . Исто така патниот правец село Тркање-Бање- Спанчево е тешко прооден поради прелевање на атмосверска вода преку истиот, а патниот правец с.Спанчево -с.Соколарци – с:Жиганци е непрооден или тешко прооден поради голем доток на вода на истиот.

Се очекува критична состојба во с.Облешево с.Чешиново ,с.Спанчево, с.Уларци и с.Жиганци во општина Чешиново -Облешево.

Во општина Кочани се очекува критична состојба во с.Долни Подлог ,с.Горни Подлог и с.Мојанци.

Во село Уларци поплавени се околу 80 куки,во село Жиганци има поплавено 8 куки и помошни простории за стока. Заради излевање на Кочанска река во село Долни Подлог поплавени се дворни површини на 7 куки. Кочанска река има излевање на повеке места и тоа: помегу селата Облешево и Теранци каде се поплавени околу 100 хектари оризни површини; и помегу селата Долни Подлог и Облешево каде е поплавено земјоделско земјиште. Оризарска река има излевање над вливот на река Брегалница каде е поплавено земјоделско земјиште поголеми површини. Ободниот канал село Бања -Злетовска река е пробиен (искинат) кај село Бање во ширина од 2-3 метри поради што водата се излева во земјоделски површини. Во општина Зрновци излеани се: Зрновска река ,Морошка река и Видовишка река и тоа во полскиот предел и поплавена е обработлива земјоделска површина , штети на стамбени објекти и на помошни објекти нема. Во село Мородвис од надојдената Морошка река на неколку места се ископани водоводните цевки .

По интензивните врнежите од дожд во текот на вчерашниот ден и нокеска има појава на зголемување на водостојот на сите водотеци од поголем степен и појава на излевање на истите.

Има излевање и на река Осојница во нејзиниот среден и долен тек, кај место, Пеклански мост, Скараница, и Липечко поле каде се поплавени обработливи површини од десетина хектари кои сега се незасеани.

Поголемо излевање на река Осојница има кај м.в.Слив каде е поплавена фирма за сепарирање на песок, како и обработливи површини од десетина хектари кои во моментот не се засеани.

Зафатените површини се обработливи, но во моментот не се засеани.

Има излевање на река Сушица кај место викано Сушички мост каде е поплавне локалниот пат во должина од 50 метри кај мостот, кон село Виничка Кршла кој е тешко прооден, а има и поплавени обработливи површини во истиот дел кои сега не се засеани.

На регионалниот пат Кочани Виница, на влезот во Виница кај м.в. Горица има наноси на земја на патот при што сообракајот се одвива по една лента, патот се расчистува со еден болдужер.

Од Македонија пат -Пункт Кочани сме известени дека на магистралниот пат Кочани М.Каменица има одрони на патот 4 км. Над село Истибања и кај Брана Калиманци.

Помали одрони има на регионалниот пат Виница Берово кај м.в. Скараница.

Стопанисувачот работи на санирање на одроните со свои машини.

На неколку места во градот пријавени се запушени делови од канализацијата поради поројните дождови.

Во село Пеклани во свињарската фарма има прекин на доток на вода поради отсечени водоводни цефки поради надојдената река.

И покрај зголемениот прилив на атмосферски води, сепак општините Берово и Пехчево функционираат нормално.

Водоснабдувањето во Берово е стандардно. Утринава имаше прекин од 1 час во водоснабдувањето во општина Пехчево заради технички проблем на еден од вентилите на филтер станицата.

Снабдувањето со електрична енергија и во двете општини е нормално. Во моментот прекин има само на викенд населбите Абланица и Ратевска Река, а екипите на ЕВН работат на отклонување на дефектот.

Сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива нормално.

Поради обилен доток на вода во брана,,Пишица,, и покрај тоа што беа отворени сите испусни вентили дојде до нагло зголемување на нивото на водата во браната при што на повеќе места преку круната на браната предизвика излевање на вода. Заради превенција беа евакуирани жителите и добитокот од повеќе куќи во селото кои се наогаат на пониско ниво од браната.

Нивото на браната во моментот е намалено меѓутоа сериозен проблем преставува настанатиот процеп на дел на круната на браната каде имаше најголемо прелевање на водата и е создаден процеп од должина околу 10 метра и длабочина од 3 до 4 метри. Состојбата будно се следи. На местото на настанот е Раководителот на РЦУК-Пробиштип , ДЗС и службени лица од ПС-МВР Пробиштип.

Во Ново Село-Штип дојде до излевање на река Брегалница при што дојде до поплавувае на неколку куќи на ул.Димитар Влахов и поплавување на дел од патот. На лице место излегоа ТППЕ-Штип, ДЗС и СВР-Штип. Сообрќајот е пренасочен .

Реката Брегалница е излеана кај с.Аргулица,Крупиште,Карбинци и Долни Балван. Во с.Радање оштетен патот с.Оџалија.(15 метри). Поплавено е 1.200 хектари посеви житарици.

Нивото на реката Брегалница е зголемено и до овој момент се има излеано кај с. Разловци и има поплавено земједолско земјиште (во моментот површината на поплавеното земјиште не ни е позната но од исказите на месното население не е големо). Исто така реката Брегалница се има излеано и кај селото Очипала каде има поплавено земјоделско земјиште и се има излеано и кај селото Драмче .

Реката Желевица се има излеано во с. Тработивиште каде има поплавено земјоделско земјиште но во моментот не ни е позната површината на поплавеното земјиште. Населени места нема загрозрно од надојдените води.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Информации за водостојот - 2013
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 26, 2013 3:11 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Брегалница во Штип


_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Информации за водостојот - 2013
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 26, 2013 3:12 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Река Струмица


_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Река БРЕГАЛНИЦА
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 26, 2013 9:32 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Информации за водостојот - 2013
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 28, 2013 1:56 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Постои опаснот да се излее акумулацијата `Паљурци`

До максимум е исполнета акумулацијата „Паљурци“ крај Богданци поради што водата се прелива.

Во атарот на село Ѓавото пробиен е левиот заштитен насип од каде реката Луда Мара се излева во обработливите земјоделски површини.

Клучката на автопатот Скопје– Гевгелија е непроодена поради излевање кај село Марвинци, сепак како алтернатива може да се користи заобиколниот пат од кај Удово.

Поплавени се дел од обработливи површини во атарот на село Богородица.

Во општина Богданци во атарот на село Ѓавото излеана е реката Брдака. Неофицијално на браната „Чинарли“ поради оштетеност на преливникот има опасност од оштетување на насипот.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Информации за водостојот - 2013
ТемаИспратеноCOLONНед Maр 03, 2013 11:56 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 8:49 am
МислењаCOLON42
ЛокацијаCOLONStrumica
[ img ]

[ img ]

Мостот на Маркова Река кај селото Раборци, поради кој е во прекин сообраќајот помеѓу селата Раборци - Попчево, Белотино и Рич. Сите возила кои патуваат кон селата Попчево, Белотино, Рич и браната Водоча се упатуваат низ новоасфалтираниот планински пат кој минува низ ЧамЧифлик и местото наречено двата пата!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 56 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum