Jako nevreme sabajlevo vo Bitola se nadevam ne ve fati nespremni
Навистина јако невреме имаше утрината. Само што стигнавме во Рапеш почна да врни, па да грми, па на крај истури силен дожд.
Од сега па натаму нема да следам временска прогноза. За денес прогнозата беше сончево со умерена облачност, а ние се направивме потоп уште не почнати со риболовот иако носевме кабаници. Среќа носевме и суви алишта.
јас неможев да им се приклучам на екипата касно си дојдов од работа а и нешто синусите ме имаат потиснато не знам главата кај мие, го барав емил беше недостапен и изгледа беше на река ама кај 2 часот им појде жаре на помош, па би требало да им се оствари планот за мрена
- после ке ги чекам да пиеме кафе пред да бегаат за струга
Благодарност до Жаре (од концесионерот Барбус) и Спиро за информациите што ни ги дадоја, но и тоа денес не ни помогна за да се дојде до улов. Изгледа невремето влијаеше и на рибата, па активноста денес беше многу слаба, да не речам никаква. До кај 15 часот безуспешно бркавме штука, а откако дојде Жаре се преориентиравме на мрена, но повторно безуспешно. Резултатот од денешниот риболов е само еден скобал од 1+кг. случајно закачен на грбната перка со блинкер, а јас и другиот колега се знае, правец ...