www.ribar.com.mk
https://www.ribar.com.mk/forum/

Текст за примама.
https://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=21&t=1901
Страна 11

АвторCOLON  Krki [Сре Maр 28, 2012 4:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Текст за примама.

Рибата својата храна ја наоѓа со помош на три сетила, видот, сетило за мирис и чувство за осеќај (странично). При матна вода треба да се користат упадливи нијанси а кога е бистра не мора да бидат току упадливи.За студен вода се користат состојки во силен и остар мирис а во топла вода со помек мирис на примама.. Исто така во матна вода примамата треба да биде покрупна некогаш е подобро да се додаде жив мамец за да се зголеми можноста за наоѓање на мамката со помош на страничниот осеќај додека при бистра вода не е потребно.

Храната за примавување може да се подели во тешка храна или се храна на самото дно, и лесна храна во средните слоеви на водата. Тешката храна или храната на дно тешко се разлага и останува цело време при дното додека лената примама многу лесно се разлага и може да исплива на површината.

Состојките за храна-примама мозат да бидат за поделени во три групи: 1) основна 2) билни додатоци со силен вкус и мирис, 3) животински додатоци.

Основната храна се состои од брашно и други материи кои не изразуваат вкус или мирис, и го зголемува количеството и обемот на храна-примама ... тие се претежно пченкарно брашно,презла или несто друго. Основните состојки сочинуваат околу 50% од миксот за примама.

Билните состојки се видови на храна -растенија со силен мирис, и често се многу маслени , што лесно може да обезбеди проток на вода и привлекување на рибата. Овој дел од храната е околу 20% до 30%, и најчесто се користи: соја, кикирики, сончоглед, коноп, грашок, анасон, како и многу други ...

Третата група ја сочинуваат животински додатоци, исто така, некои 20 % со остар мирис и ја привлекува рибата од поголема далечина провоцирајќи ја и ја задржуваат долго време на местото на риболов. Овие се најчесто: млеко во прав, рибено брашно и др а и често мозе да се додадат и зиви мамци.

Во прилог на овие основни состојки можат да се користат и разни ароми, како што се ванила, мед и други ... Исто така можат да се користат супстанции за поврзување на разновидна примама која ке добие одредена моќ или некои други карактеристики ...


Друга работа во врска со примамата е да се рапостеле на одреденото место за риболов.. Се разбира, ова не е проблем ако рибариш 2, 3 или 4 метри од брегот, но ако местото е поодалецено ке ни требаат соодветни алатки. Најчесто се користи: чатал, кобра, ракета и други методи.

.

АвторCOLON  Zoki rib.prikazni [Пет Дек 07, 2012 6:32 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Текст за примама.

kratko i jasno

АвторCOLON  Илчо [Пет Дек 07, 2012 7:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Текст за примама.

Bash mi se dopaga :bravo:

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/