www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Maр 29, 2024 12:52 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Оваа тема е заклучена не може повеќе да давате мислења или да ја менувате  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ПРАВИЛА НА ФОРУМОТ
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 09, 2012 8:53 am 
Отсутен
Модератори
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Aпр 11, 2012 2:40 pm
МислењаCOLON34
1. Членувањето на овој форум е доброволно, како што е доброволно и истапувањето од истиот. Доколку некој не се согласува со овие правила на Форумот веднаш нека го напушти Форумот.

2. На Рибар Форумот може да постира секој регистриран член. Се препорачува секој член после регистрацијата да се претстави во соодветната тема за претставување. Доколку има потреба од помош и не може да се снајде при користењето на форумот, членот може да се обрати на следните е-маил адреси каде што ќе добие техничка помош: ribarkontakt@yahoo.com и contact@ribar.com.mk или да се обрати до некој од модераторите.

3. На Рибар Форумот секој поединечен член е еднаков на сите останати членови, без разлика дали има 50 годишно рибарско искуство, или прв пат фаќа трска во рака, без разлика дали е член на форумот 2 години, или прв пат влегува на форумот, мора да постои почитување, помагање и добар пријателски дух помеѓу членовите. Никој не е привилегиран и сите треба да ги почитуваат и да се постават под правилата на овој форум.

4. Почитувај ги членовите на администрацијата и секој друг член на форумот. Забрането е навредување по основ на верска, национална, етничка, партиска припадност и потекло од делови (градови) на нашата држава.

5. Доколку имаш идеја или предлог за извесни промени на овој Форум, истиот можеш преку ПП Приватна Порака да му ги пишеш на некој од модераторите, администраторот, или на GRUPA NA MODERATORI.

6. Репортажите се состојат од зборови кои го објаснуваат престојот на вода и слики/видеа кои го поткрепуваат кажаното. Се препорачува членовите на форумот да прават убави фотографии и видеа од природата, рибите, дружењето и целокупното риболовно доживување. Се препорачува достоинствено однесување со рибите, без разлика дали се земени, или вратени во водата.

- Се забранува објавување на слики или видеа со риби во двор, во купатило, во када, умивалник, или пак во кујна (освен ако не се работи за пост од рубриката за рецепти и риболовна кујна).

- Се забранува објавување на слики или видеа со риби фатени со недозволени средства (мрежи, харпуни, вили, динамити, мрежички, џапање со трокуки и сите останати недозволени средства за риболов), освен како негативни примери во темите за борба против рибокрадци ;

- Се забранува објавување на слики или видеа со риби фатени во нивни мрест кои не биле вратени назад во вода ;

- Се забрануваат репортажи од води кои не се доделени на концесија, а со тоа формално и законски се забранети за риболов.

- Се забранува објавување на слики или видеа со риби кои не се вратени во водата, а кои се ОЧИГЛЕДНО маломерни, пример мали кленчиња, крапчиња, мренчиња, пастрмчиња, сомчиња и др.видови на риби кои растат поголеми. Воедно се забранува објавување на слики или видеа со ОЧИГЛЕДНО прекумерни количини на риби кои не се вратени во водата, а кои количински се забранети да се земат од конкретната вода. ;

- Секој член при поставувањето на репортажи има свое лично и неприкосновено право да каже, или да не каже, каде фаќал, кога фаќал и на што фаќал. Овие информации се пожелни, но не и морални. Во темата репортажи, забранети се критики од други форумџии по овој основ.

- Секој член при поставувањето на репортажи и искуства има свое лично и неприкосновено право да каже или да не каже, да прикаже, или да не прикаже дали применил фати-пушти и тоа добро се подразбира од самата репортажа. Во темата репортажи, се забрануваат критики насочени кон член/ови кои не практикуваат фати-пушти или кон членови кои практикуваат фати-пушти. За овој кодекс на однесување “ФАТИ – ПУШТИ“ си има посебни теми на Форумот на кои може да се развива дискусија, но не и во темата репортажи.

7. Секој поборник за одреден рибарски етички правец, како што е екологијата при риболов, кампањата за враќање на фатените риби “ФАТИ – ПУШТИ“ и слично, не смее да ги навредува оние за кои смета дека не се придржуваат до истите, или пак не докрај се придржуваат до истите. Пожелно е да објасни, поучи и конструктивно, културно и без навреди да укаже на останатите членови, во исто време почитувајќи ги и туѓите мислења.

8. Модераторите треба посебно да се почитуваат затоа што тие се од голема важност за редот и правниот поредок на форумот, губат доста време за одржување на тој ред и за истото треба да им бидеме сите благодарни. Овие луѓе не се вработени, ниту пак земаат било каков паричен надоместок за својата работа, тоа го работат доброволно и од љубов кон форумот. Модераторите имаа право да преместуваат теми и постови, да бришат несоодветни коментари, да се грижат да има одреден ред и дисциплина на форумот, да се грижат да се почитуваат овие правила, да се грижат да има добра атмосфера помеѓу членовите, да замолуваат, укажуваат, предупредуваат и казнуваат. МОДЕРИРАЊЕТО и работата на модераторите не е тема за дискусија и ЗАБРАНЕТО е отварање на теми за нивната работа. Ако имате некаква забелешка или жалба на одредено модерирање, истата може да ја доставите преку ПП Приватна порака до администраторот, GRUPA NA MODERATORI или според насоките во правилото број 11 од овој правилник.

9. Уредник е нова категорија на форумот. Членовите кои ќе бидат назначени за уредници на разни раздели на форумот ќе бидат означени со плава боја, ќе имаат делумни модераторски овластувања во однос на уредување на “сопствениот“ раздел, без глобални овластувања. Целта ни е преку ангажирање на повеќе уредници, да се збогати содржината на форумот. Уредниците тесно ќе соработуваат со модераторите во својот раздел. Уредниците се бираат од Групата на модератори, по предлог на некој од модераторите.

10. Секој е должен да внимава каде отвара теми и какви коментари остава. Форумот има доста теми кои треба да се најдат со пребарување во Форумот и соодветната дискусија треба да биде ставена во соодветната тема, без дуплирање на темите. Погрешно отворени теми и несоодветни коментари им отвораат дополнителна работа на модераторите/уредниците/администраторот. Доколку забележите дека некој коментар, или тема Ви е избришана или префрлена, тогаш сметајте дека со она што сте го напишале сте надвор од темата, или надвор од правилата на Форумот и сте му отвориле дополнителна работа на модераторот/администраторот. Обидете се таквите случаи да не се повторат, во спротивно ќе бидете предупредени, или санкционирани.

11. Доколку имате забелешка, препорака или жалба, ве молиме да испратете лична порака до модераторите/администраторот или е-маил (ribarkontakt@yahoo.com или contact@ribar.com.mk) и не отвораjте посебни теми за секоја забелешка, бидејќи истите ќе ви бидат избришани. Секое вакво обраќање по лична порака или е-маил ќе биде должно разгледано од модераторската група и со сета почит ќе му биде одговорено на оној кој се обраќа, а ако жалбата, идеата или иницијативата биде прифатена, за тоа ќе биде информиран целиот форум.

12. Доколку некој јавно те навредил, пријави го таквиот коментар кај некој од модераторите, не избрзувај да му вратиш, затоа што во таква ситуација и ти ќе бидеш санкциониран. Забранети се караници и расправии. Секој член на форумот е должен да не запаѓа во вакви дискусии и да придонесе истите да запрат веднаш.

13. Членовите на овој форум немаат право да ги бришат своите постови бидејќи на тој начин се пореметува нормалниот тек на темите и дискусиите. Секој може да го едитира својот пост во првите 5 минути по постирањето, а потоа постот може да биде едитиран со помош на модератор, доколку за тоа постои оправдана причина. Исто така членовите немаат право да бараат нивниот кориснички профил да биде избришан од форумот.

14. Тој што нема да ги почитува правилата на форумот ќе биде опоменет, а ако продолжи со нивното прекршување, ќе биде поблаго или потешко баниран. Тој што продолжува со непочитување на правилата после неколку банирања, со гласање во ГРУПА НА МОДЕРАТОРИ ќе биде отстранет од овој Форум.

15. Со цел Форумот да има добра кондиција и активни членови, ќе се бришат сите акаунти на членови кои не се влезени на форумот во последната година. Доколку овие членови повторно се заинтересираат за членство во форумот, можат слободно да се регистрираат.

16. Сопственици на риболовни продавници, производители на риболовна опрема, web сајтови и нивни вработени, можат да бидат членови на Форумот, но не смеат да вршат пропаганда и да го користат Форумот за бизнис, освен ако немаат воспоставено соработка со http://www.ribar.com.mk, по што за нив ќе бидат отворени посебни теми.

17. Сите ставови искажани во постовите на регистрираните членови се лични и не претставуваат став на администрацијата на форумот на http://www.ribar.com.mk и на здружението РИБАР 2011. Администрацијата на форумот, http://www.ribar.com.mk и здружението РИБАР 2011 однапред се оградуваат од сите изнесени навреди, квалификации, информации, лични ставови и сите други ставови и мислења на регистрираните членови на форумот на http://www.ribar.com.mk

18. Сите пораки кои се објавени на овој форум (текстуални, фотографии или видео материјали) стануваат сопственост на овој форум (сајтот ribar.com.mk и facebook профилот на ribar.com.mk)


Кон врв
 
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Оваа тема е заклучена не може повеќе да давате мислења или да ја менувате  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum