www.ribar.com.mk
https://www.ribar.com.mk/forum/

Известување до членовите на форумот
https://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=28&t=2741
Страна 11

АвторCOLON  GRUPA NA MODERATORI [Вто Oкт 09, 2012 8:56 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Известување до членовите на форумот

Почитувани колеги форумџии,

Деновиве форумот беше затворен, со цел да повлечеме една линија помеѓу се она што до сега се случуваше на форумот, и она што ни претстои во иднина. Од денес форумот е отворен, со некои измени и дополнувања на правилата, со мало освежување во модераторските редови и уште неколку измени.

На линкот подолу се дополнетите правилата на однесување на овој форум, кој ги заборавил, или одамна не ги прочитал, би го замолиле да ги прочита и да ги почитува. Направивме мали измени во структурата, со цел правилата да се појавуваат во сите раздели, за да не ни се случи на било кој од нас да ги заборавиме
http://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=27&t=4

Во иднина, секој кој сака да даде критика, жалба, иницијатива, или пак идеа за самиот форум, го замолуваме тоа да го стори преку лична порака до некој модератор или администраторот, или на мејловите [email protected] или [email protected]. Секое вакво обраќање ќе биде должно разгледано од модераторската група и со сета почит ќе му биде одговорено на оној кој се обраќа, а ако жалбата, идеата или иницијативата биде прифатена, за тоа ќе биде информиран целиот форум. Тоа е регуларниот и единствен начин за реализација на сите барања, доколку ги имате. Отворање на теми за оваа намена, надмудрувања, објаснувања, или конфронтации, не се дозволени и сите такви теми ќе бидат отстранети. На форумот ќе разговараме за риболов, а меѓусебните лични односи оставете ги да бидат лични и така да се одвиваат. Негативната енергија нема повеќе да се толерира!

Секој кој сака да даде критика, жалба, иницијатива, или пак идеа за некое здружение, вклучително и за здружението РИБАР 2011, тоа нека го направи во органите на здружението, нека искомуницира со Претседателот или раководството на здружението, или пак лично нека искомуницира на состаноци, или други форми на комуникација на конкретното здружение. Не го мешајте и поистоветувајте Форумот со Здруженијата.

Воведовме нова категорија на форумот, “уредник“. Членовите кои ќе бидат назначени за уредници на разни раздели на форумот ќе бидат означени со плава боја, ќе имаат делумни модераторски овластувања во однос на уредување на “сопствениот“ раздел, без глобални овластувања. Целта ни е преку ангажирање на повеќе уредници, да се збогати содржината на форумот. Во наредниот период ќе бидат назначени уште неколку уредници.
Во моментов нови уредници се:
Раде - на подфорумите “Риболов на мирни води“ и “Риболов со болонезе“
Атанасовски - на мушичарскиот раздел
Маркс - на крапскиот раздел
Тафтабит - на подфорумот “Фотографија“
ВладоМКД - на подфорумот “Воблери“


Воедно, Предраг е поставен за модератор на крапскиот раздел.

Искрено посакуваме сите да се почитуваме помеѓу себе, како и да ги почитуваме правилата, за овој форум да биде само она што треба да биде - рибарски форум.

Со почит,

Група на модератори

АвторCOLON  saso [Вто Ное 20, 2012 8:44 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Известување до членовите на форумот

Imame i nov urednik na delot Morski ribolov.
Nekoj sto mnogu znae za ovoj vid na ribolov i od kogo mozeme mnogu da naucime.
So sreka Digitech

АвторCOLON  Филип [Нед Јан 27, 2013 7:58 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Известување до членовите на форумот

Имаме и нов модератор, Емил Матоски од Пастрмка - Струга, на следните раздели:

- Риболов од чамец
- Информации за водите
- Риболовни дозволи и концесионери
- Мрежари и останати криволовци

АвторCOLON  Филип [Пет Ное 29, 2013 9:05 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Известување до членовите на форумот

ЈанеМК е нов модератор на крапскиот раздел :ok_ok:

АвторCOLON  Предраг [Пет Ное 29, 2013 9:46 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Известување до членовите на форумот

Е па колега добредојде во крапскиот рај :filip:
:shake_hand:
искрено се надевам дека сите на форумов ќе бидеме збогатени со модерирањето на Јане како и информирани за новитетите во риболовната индустрија.

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/