www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

Измена во правилата и Групата на Модератори
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=28&t=5665
Страна 11

АвторCOLON  GRUPA NA MODERATORI [Пет Јан 30, 2015 7:29 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Измена во правилата и Групата на Модератори

Почитувани членови на Форумот,

Од денес се трга ограничување до пристапот на темата “Репортажа од мојот излет“ кое беше воведено кон средина на 2013 година и одсега сите членови на форумот ќе може да го следат и овој раздел.

Воедно се трга и ограничувањето на членовите со 0 постови до темите за Информации за водите.

Со овие две измени се релаксираат правилата во овој сегмент и се надеваме дека ќе допринесат за раздвижување на делот со Репортажите и Информациите за водите.

Во исто време имаше извесни промени и во Групата на Модератори, односно свои видоизменети овластувања ќе имаат Филип и Борис, а моментално модераторската улога ја напушта Компир.

АвторCOLON  GRUPA NA MODERATORI [Пет Oкт 16, 2015 8:11 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Измена во правилата и Групата на Модератори

Почитувани колеги,

На сопствено барање, Предраг и Јане се разрешуваат од функцијата модератор. Им благодариме за досегашниот труд, заложување и модерирање пред се на крапскиот раздел, како и на останатите раздели.
Крапскиот раздел ќе го модерираат Тафтабит и Спаива.

Дополнително се одзеленува Атанасовски поради неактивност.

АвторCOLON  GRUPA NA MODERATORI [Саб Oкт 17, 2015 9:23 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Измена во правилата и Групата на Модератори

Почитувани колеги,

МартинМК е нов модератор во крапскиот раздел.

АвторCOLON  Филип [Пон Maј 16, 2016 11:08 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Измена во правилата и Групата на Модератори

Од денес се одзеленувам од лични причини. Благодарам на сите на соработката.

АвторCOLON  GRUPA NA MODERATORI [Сре Jун 15, 2016 1:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Измена во правилата и Групата на Модератори

Почитувани од денес се менуваат правилата на Форумот.

Од член 10 се отстрануваат Предупредувањата во вид на КАРТОНИ кои беа воведени со најдобра намера на модераторите да предупредуваат без банирање. Од сега такви предупредувања нема да постојат, а модераторите ќе бидат построги во санкционирањето, посебно кон лица кои во континуитет ги прекршуваат правилата.

Воедно се менува членот 14 и истиот од сега ќе гласи

14. Тој што нема да ги почитува правилата на форумот ќе биде опоменет, а ако продолжи со нивното прекршување, ќе биде поблаго или потешко баниран. Тој што продолжува со непочитување на правилата после неколку банирања, со гласање во ГРУПА НА МОДЕРАТОРИ ќе биде отстранет од овој Форум.

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/