www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Maр 28, 2024 8:11 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 25, 2013 2:37 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 1:58 pm
МислењаCOLON282
ЛокацијаCOLONСкопје
Бидејќи речиси се опремив (или ја набавив барем основната опрема) за фидер риболов, на ред е едуцирање или до-едуцирање.
Клиповите и објаснувањата на Доме Габор ми се видоа многу интересни и поучни, си реков, додека читам и учам за мене, дај да направам барем малку корисна работа и да преведам некој текст за на форум или за на веб страната. Сигурен сум дека на дел од вас ви се многу познати, ама тука има и многу почетници (како мене :?) така да еве еден туторијал за правилно зафрлување, прихранување и задржување на едно исто место односно иста точка.

Изворен текст на Döme Gábor

Оние кои редовно ги пратат моите текстови и видео снимки за фидер риболов, може да приметат дека со голем успех ја применувам техниката на закачување на конецот на клипсот на машинката, со цел за успешно и прецизно прихранување и риболов. Со помош на оваа техника ќе можете предвезот со понудениот мамец да го зафрлите точно на местото на прихранување.

1. Подесување на идеалната густина на прихраната
За прихранување со помош на хранилица (кошничка) може да се користат исклучиво типови на прихрана кои ќе останат во хранилицата и во случаи на јако зафрлување, а кога ќе дојдат во допир со водата брзо се разредуваат. За оваа цел, најдобри се прихраните за крапски риболов поради големите честици кои треба внимателно да се помешаат за да се добие идеална смеса. За подготовка на оваков тип на прихрана треба да се додаде помалку вода од вообичаено, ама внимавајте смесата сепак да не биде премногу сува, бидејќи во тој случај прихраната нема да остане на дното на водата, туку ќе плови, што нас не ни иде во прилог за овој тип на риболов.
[ img ]
Смесата треба да биде леплива, но во исто време и лесно разредлива!

2. Каков предвез треба да користиме?
За прихранување со помош на хранилица може да се користи било каков предвез и хранилица, но својата содржина најбрзо ја испуштаат ракетните отворени и ребрастите хранилици. Јас најчесто вадам 1 – 2 ребра од ребрастите хранилици, како би осигурал уште побрзо испуштање на прихраната. Од безбедносни причини препорачувам одстранување на јадицата пред почетокот на прихранувањето.
[ img ]
Со отстранување на неколку ребра од хранилицата може да се забрза испуштањето на примамата
[ img ]
За да се осигурате дека јадицата нема да ви се закачи на рака, пред почнување со прихранување одстранете ја јадицата од предвезот

3. Подесување на кочницата
Пред првото зафрлување, добро затегнете ја кочницата на машинката, за да не ви се лизне конецот во текот на зафрлувањето, бидејќи тоа може да биде опасно по вашите прсти.
[ img ]
Пред првото зафрлување добро затегнете ја кочницата!

4. Пробно зафрлување со празна хранилица
Во повеќето случаи се трудиме да постигнеме што поголема должина на фрлање на отворени води. Се е тоа во ред, ама немојте да заборавите дека временските услови нонстоп се менуваат! Ако сте зафрлувале премногу далеку, изненадниот ветер ќе ви оневозможи да зафрлувате на исто место... Затоа препорачувам секогаш да зафрлувате на малку пократок домет! Идеална далечина е онаа која можете да ја постигнете кога хранилицата е празна. Оваа далечина секогаш ќе можете да ја достигнете, па и со средно наполнета хранилица.
[ img ]
Со празна хранилица можете најбезбедно да ја одредите далечината на зафрлување која ќе можете да ја одржите без разлика на временските услови

5. Закачување на основниот конец на клипсот на машинката
После одредување на оптималната должина на зафрлање, следи закачување на основниот конец на клипсот на машинката. Со нокт малку подигнете го клипсот и вовлечете го конецот под него. За жал кај машинките со малку по слаб квалитет клипсот е најчесто изработен од тврда пластика која може да го оштети конецот. Секако кај квалитетните машинки производителите обрнале внимание и на квалитетот на клипсот. Добриот клипс е заоблен, флексибилен и тапациран. Овој клипс сигурно нема да го оштети главниот конец.
*клипс – мала пластична закачка на шпулната
[ img ]
Со нокт лесно може да се подигне клипсот и да се закачи основниот конец

6. Колкаво количество на прихрана треба да се стави во хранилицата
Не смееме премногу да ја оптоваруваме трската при прихранувањето! Лесно можете да постигнете идеален домет ако вкупната тежина на наполнетата хранилица достигнува половина од максималната тежина на зафрлање на трската. Значи ако тежината на зафрлање на фидер трската е максимално 140 грама, тогаш една хранилица од 35 грама наполнете ја со прихрана со иста тежина колку и хранилицата (35 грама), сигурно ќе можете без проблем да зафрлувате на саканото место.
[ img ]
Сега веќе не може да го промашите растојанието...
[ img ]
…треба само да ја пронајдете ориентационата точка на која ќе ви помогне да зафрлувате на истото место.

7. Избор на ориентациона точка
Благодарејќи на закачениот конец на клипсот на машинката, растојанието е веќе одредено, меѓутоа ни е потребна и една ориентациона точка на водата, како би обезбедиле концентрирано прихранување, бидејќи само така би можеле да зафрлувате на исто место.

8. Колку пати треба да ја зафрлиме наполнетата хранилица?
Ако поминувате се на се 2 – 3 саата на брег, доволно е 5 – 10 зафрлања, што може сразмерно да го зголемите во сооднос со времето кое планирате да го поминете во риболов. Ја најчесто не зафрлам повеќе од 20 – 25 пати дури и кога риболовам цел ден, со тоа што во текот на денот, кога расте апетитот на рибата зафрлувам уште една дополнителна серија од 15 – 20 пати. За оваа количина вам ви е доволно од 1-3кг прихрана.
[ img ]
Машинка со конецот закачен на клипсот

9. Дали може да се скине конецот при појаки зафрлувања?
Многу луѓе ме прашале дали клипсот го оштетува конецот при појако зафрлување, дали постои можност да се скине основниот конец? Растегливоста на монофилниот конец го штити истиот од кинење дури и при појаки зафрлувања! Заоблениот клипс сигурно нема да го оштетува главниот конец при зафрлување!
[ img ]
Совршено обликуваниот клипс, гаранција дека нема да се оштети главниот конец

10. Обележување на основниот конец
По последното зафрлување, со маркер обележете го основниот конец пред да го извадите од клипсот. Овој потег е неопходен бидејќи кога замарате покрупна риба, ќе биде потребно да го извадите конецот од клипсот. Белиот маркер ќе ви помогне да при пофторно зафрлување, конецот го закачите на клипсот на истото место.
[ img ]
Маркерот ќе ви помогне да повторно го закачите основниот конец каде првобитно бил закачен и со самото тоа ви овозможува повторно зафлување на прихранетото место

11. Подготвени за риболов!
Вратете го предвезот на основниот конец, ставете го мамецот на јадицата и можете да почнете со риболов!

12. Што да направите кога рибата ќе го загризе мамецот?
Кочницата на машинката треба да ја оставите затегната! Растегливоста на конецот ќе ви пружа помош во случај да во некој од првите неколку зафлања да ја закачите рибата од вашите соништа!
[ img ]
Во случај да уловите поголема риба, одма извадете го основниот конец од клипсот, како би можеле да ја замарате без проблем!

13. Кога рибата ќе почне да бега!
Кога рибата ќе се исплаши и ќе почне да бега, треба да ја пуштите слободно да го влече конецот, бидејќи така ќе успори мислејќи дека побегнала. Со рака набрзина одмотајте конец од шпулната и со еден потег извадете го конецот од клипсот на машинката и почнете да ја замарате рибата со опуштена кочница. Ако вака се подготвите, ниту една риба вас не може да ве изненади!
[ img ]
Можеби звучи неверојатно, меѓутоа ни овој преубав крап не бараше да го откачам основниот конец од клипсот. Флексибилноста на трската, растегливоста на конецот и прецизно нагодената кочница беа гаранција за успех

13+1 Подесување на кочницата
Доколку сте успеале да ја приближите рибата до брегот без потреба од вадење на конецот од клипсот на машинката, ќе морате тогаш малку да ја опуштите до тогаш затегнатата кочница, бидејќи рибата ќе се обиде да побегне. Затоа, доколку сакате да ја внесете во кепчето, неопходно е да користите машинка со прецизно подесена кочница.

_________________
Дајте му на човек риба и тој ќе има храна за еден ден, научете го како да фаќа рибa и сте се ослободиле од него за целиот викенд


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 25, 2013 3:42 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Edno najgolemo bravo i sekoja cest za trudot imas od mene :NotWorthy:
Mnogu mi e mil koga ke vidam nekoj so malku mislenja koga ke se izbaci i ke zapocne nekoja nova dobra tema sto na nekogo so 2,3000 mislenja ne mu teknalo :thumbs_up:
Nemozev da izdrzam za ova da ne otvoram usta.
Zaradi razrabotuvanje i otvaranje na vakvi temi jas na forumot se zacleniv. :think:

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 25, 2013 9:16 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Sekoja cest ..KOLEGA .. :bravo: za postot tolku ubavo e se opisano samo treba da se PROBA .

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 25, 2013 10:21 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Bravo Bobi odlicen teks dosta poucen....

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 25, 2013 10:27 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Bobi, osven poukata za fiderot, ne` potseti i sto treba da pravime so masinkite....Zasto obicno prvite izlegvanja na voda, koga sum seuste zamrznat, togas mi se slucuvaat najgolemite iznenaduvanja odnosno razocaruvanja....pa posle raskazuvam prikaski... :mrgreen:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 25, 2013 11:08 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Одлична презентација колега :~~ :~~ :~~ секоја чест .

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 25, 2013 11:14 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Јан 20, 2012 1:45 am
МислењаCOLON1507
:lepi: :lepi:

_________________
[ img ]
www.octopus.rs


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 25, 2013 4:53 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 1:58 pm
МислењаCOLON282
ЛокацијаCOLONСкопје
Ви благодарам на сите на пофалните зборови. Ќе се потрудам и во иднина кога ќе прочитам добар текст да го преведам и ставам тука.
А Доме Габор има навистина добри објаснувања и текстови.

_________________
Дајте му на човек риба и тој ќе има храна за еден ден, научете го како да фаќа рибa и сте се ослободиле од него за целиот викенд


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 25, 2013 5:01 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 19, 2011 7:29 pm
МислењаCOLON698
ЛокацијаCOLONСвети Николе
Браво Боби што си се потрудил да споделиш со нас, добар текст и добро објаснето. Сепак научивме нешто повеке. :~~ и секако ке се проба крајот на Март почетокот на Април на вода. Со една feeder трска и нема да има пецање ебавање. Само параболици и фидер трска. :mrgreen: :filip: :arrow: :lol: :lol:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Феб 26, 2013 12:12 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 1:58 pm
МислењаCOLON282
ЛокацијаCOLONСкопје
Фала Кристијан, инаку обавезно правиме една дружба на вода! Само нека пукне некој убав сончев викенд. :shake_hand:

_________________
Дајте му на човек риба и тој ќе има храна за еден ден, научете го како да фаќа рибa и сте се ослободиле од него за целиот викенд


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 2 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum