Водени од графикот на работа видов дека од 26-ти до 28-ми сум слободен па со уште неколку колеги решивме да направиме еден риболов иако веќе беа во најава рекордни високи температури.
Предходно имав информација за едно езерце одалечено некои 120километра од Софија во близина на градот Враца на северозапад во БГ. - Влашки Дол.
И така во Петок Станимир доаѓа сабајле кај мене , товариме стварите и по магистралата се упативаме кон Враца, возење некои час и половина и пристигаме на Влашки Дол , не пречекува љубезниот домаќин Марио , седнуваме во ладовина и со кафенце разговараме околу езерото , видови на риба, големина и се друго.
Марио е голем спортски риболовец, натпреварувач со штека, големата љубов кон риболовот му дава стимул да го создаде овој мал Рај - езерце буквално преполно со разновиден вид на риба , клен, крап, сом , смуџ, амур и тоа се во ненормално големи количина та сега и Марио се нашол во чудо, малите крапчиња се толку активни што и корка леб да им фрлиш одма се собираат во големи групи, еден незаборавен призор.
Се наместивме на платформата која е најблиска до ресторанот кој е веке 99% завршен со цел од силното сонце да избегаме под дебелата сенка на настрешницата.
Влеговме со Станимир да захраниме малку на едно две места, наместивме трските , ловевме со по две боили , едната pop up а другата нормална, арома месо и риба.
Првиот ден рибата толку беше активна што по едно време ми се идеше да ѓи извадам трските и да одморам малку. Некаде приквецер ни се придружија усте двајца колеѓи , и они ја поставија опремата, зафрлија и седнавме да муабетиме.
Изморени од силното сонце легнавме околу 23 часот но се виде дека од спиење нема ништо, станувавме со Станимир најмалку седум пати таа ноќ, имаше и мали и средни и големи крапчиња.
Во саботата некаде на 300 метра од нас дојдоа едно 15 натпреварувачи со штеки да тренират, бев восхитен од нивната упорност толку саати да поминат на пеколно сонце под чадор, ловеа максимално силно , па искористив прилика и нив да ги снимам.
Денеска Недела се собравме околу пладне и си тргнавме со цел да ја избегнеме послепладневната гужва по патиштата, задоволен сум од риболовот , се одморив мнооогу , уште еден убав риболовен виќенд со пријатели заврши.
Малку фотографии од Агов Дол