www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Maр 28, 2024 1:56 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Куса прошетка
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 30, 2010 7:51 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Имавме план овој викенд да го направиме првиот од неколкуте планирани излети на
Ангитис,за оваа есен,но не оди секој пат по планот.На Мики му излезе работа и ни
остана слободна само неделата.Каде да се оди?Брз преглед на старите фолдери со
фотографии и гледање каде се ловело риба за време на овој период изминатите
години :D Некакви кострежи ми го вадеа умот на старите слики а на мене да Ви
кажам-повеќе и не ми требаше мислење,хехе.Местото се знаеше-малата река во
близина на езерото Керкини.
Сабота поручек од река Струмица си наловивме мали рипчиња за мамец и в недела
сабајлето екипата во одбран состав ,хехе јас,Мики и уште еден мераклија
Бартез-наш пријател, веќе бевме на минатогодишните позиции :arrow:

[ img ]
Ете го и моето старо место :arrow:
[ img ]
Риболовот започна многу динамично со околу 20-25 кострежи за час и половина и
тоа убави парчиња од 200-400 грама.
Бидејки бев сам немаше кој да ме слика,така да сликите останаа за крај :wink:
Знаејки оти има и штука,кострежот си го ловев на сајла и голема јадица.Токму
кога беше кулминација во јадењето на кострежот, закачив една гранка.Скинав и не
ми се бараше сајла во ранецот по кутиите и ја врзав јадицата директно на
конецот.Веднаш удар и вече под површината се гледаше силуета на нештo по
различно од костреж-штука ...ме шеташе лево-десно :mrgreen: Веќе ја бев
прежалил,но сепак утакмицата трае до последниот свиреж на судијата :mrgreen: Јас
не се откажував и по 2-3 минути во кепот беше една убава штука од1.200.Конецот
лапнат десетина сантиметри длабоко во штуката,но среќа...остана непресечен од
забите-жилети :mrgreen: :mrgreen:

Ловот на костреж продолжи до 9-10 утрото и потоа работата беше веќе тегава од
страна на кострежи.За сметка на тоа започнаа да се јавуваат и други риби.Прво
едно сомче околу килото идеше пред мене во плиткото и седеше таму по 10-15
мин,заминуваше и пак идеше на истото место.Си викам- дај да видиме што
сака,хехе.Му ставав црви,рипки,жапче на муцката но не го интересираше
ништо-чудна работа :rolleyes: Заебав една трска на грозд црви-викам ќе се излаже
и ќе лапне и одеднаш тапата потона.Си викам-те фатив :D но борбата ни малку не
наликуваше на борба со сомче.Нешто друго правеше напор да ме внесе во многуте
прачки наоклолу.Крап бил.Никогаш таму не бев фаќал крап.Ме измори,оти јас сам,
брегот висок,трската карбон и свиена во форма на У-латиница ,рибата бега во
десетината дрва испопаѓани во рекичката....а јас со црпката испружен колку што
сум долг,хехе и пак не стигам....но се преборивме се.Во црпката беше ова крапче
:arrow:

[ img ]
Ете ги моите риби
[ img ]
И колегите ги беа затепале а и мрени беа фатиле убави во еден брзак :wink:
Реката ни остави многу силен впечаток-чиста вода и различна риба.Еве некоја слика
од пред тргнување :wink:

[ img ]
Дури и буцов имало-и тоа не го знаевме :wink:
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Се собравме со Мики , го натоваривме багажот ,го собравме и Бартез ,којшто во
мракот уште пецкаше во брзакот и задоволни тргнавме назад :wink:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Куса прошетка
ТемаИспратеноCOLONНед Oкт 31, 2010 8:26 am 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 28, 2010 8:05 am
МислењаCOLON43
Бравос Никола!Евала!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 24 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum