www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Maј 09, 2024 10:02 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [� теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Беровски маки големи
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 06, 2015 3:15 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
....И така дојде време за уште една крапска авантура годинава. Од разни причини, претходната беше целосно промашена на Глобочица и овој пат се решивме за Беровско езеро. Јас и Аки “Гербер“.....Гербер затоа што во секој момент е наоштрен за риболов и спремен за нови авантури. Овој пат авантурата не однесе во македонскиот дел од Канада - Беровско езеро, за каде Гербер се оштри неколку години наназад
[ img ]
Локалните информации говореа дека водата на езерото неколку дена е стабилна, а тоа е еден од основните предуслови за на ова езеро воопшто да се има надеж дека нешто од нешто ќе искочи. Плашеа информациите дека претходно имало други екипи кои поминале лошо, но сепак се решивме за идење. Вториот страв беше поврзан со патот, т.е дел од патот од околу еден километар кој не е асвалтиран, не е тампониран, цел е во земја, кал и камења и по кој скоро секој ден поминуваат трактори со дрва кои дополнително го уништуваат. Кога врне дожд пак состојбата е уште полоша и скоро невозможно за пробивање со лека кола, ама што е тука е, друг начин за стигање до крапските места е со хилихоптер некој да те спушти.

Имаше уште некој ден од одмор, се спремивме и натенане тргневме околу 10 сат сабајле во Среда, стигнавме во Берово околу 13 часот и се заседнавме кај нашиот пријател Драгче да се одмориме од патот, да збереме информација плус, да си направиме рибарски лав моабет, да земеме што сме заборавиле, да извадиме дозволи со претседателот на здружение Гоце и полека да се упатиме кон езерото. Претходната вечер беше врнежливо, а слично беше и дента. Тоа малку не плашеше за тоа каков ќе биде патот до уливот на езерото, ама кој мисли за пат кога рибарскиот адреналин се покачува, на марс да се иде, ...ќе се иде.
[ img ]

Се придвиживме кон езерото, слеговме од асвалт и почнавме да се движиме по црниот пат. Знаејќи дека и кога е суво таму е вистинска авантура и умешност да се помине без да се искрши колата или да се падне во провалија, со осмех му викам на Аки “чекај ќе го стам камерчето да им го покажеме на форумџиите овој off road“. Ја уклучив камерата со надеж дека ќе се искочам како победник со патот, ама ....



набрзо ми се симна насмевката од фаца и почнаа да летаат пцовки и нервози.

[ img ]
На сам почеток на лошите делови на патот, поради дождот и калот патот ме лизна од рутата која ја замислував и ме падна во дупките по кои се движеле тракторите. Почна шлајфувањето, а гумите тонеа во калта. Веднаш знаев дека сме го јаделе и дека нема да има ништо од навремено поставување на камп и навремен почеток на замислената сесија. Ми вивна нервоза во глава, искочивме надвор, се зашлапавме во калот, дожд врне, ние заглавени, колата не мрда ни напред ни назад. Со секој обид нешто да направиме тоневме се подлабоко.

Пробавме да употребиме мозок и искуство во борба со физиката но беше очигледно дека ја губиме битката. Пробавме со камења во калта, со поставување на дрва во калта ...но резултат немаше, стоевме заглавени во сред кал, а таму некаде пливаа крапови.

Во меѓувреме додека ја се нервирав Аки си се снимал во кола.

Видовме дека ништо неможеме сами и моравме да одиме на варијанта “повикај пријател-Гоце“ да наоѓа трактор да не вадат. Поминаа некои сат-два и конечно помошта стигна, дојде џип и ланецот стапи на сила.
[ img ]
Сега беше прашање дали да не извади и врати назад од лошиот пат, или пак да не влече до самото место од каде треба да се спуштиме на вода. Ако ја одберевме првата варијанта требаше цела кола опрема на раце да ја носиме по калот и дождот некој пола километар, да ја симнуваме по планината до езерото и кога ќе си идеме истото да го правиме за назад, што ни се виде ѓаволски тешко. Сепак, нормален човек кој бар малку мисли на колата би ја одбрал оваа варијанта, но не и забеган рибар кој кога оди по риба паметот му е само во рибата. На чудење на локалците, ја избравме втората варијанта, да платиме, да не влечат до местото каде планиравме да паркираме, а кога ќе си одиме ќе му ја мислиме како ќе се вратиме затоа што преостанатиот дел од патот беше дури и полош од местото каде заглавивме. Се затегна ланецот, а колата почна да плива по кал, маваа камења во подот срце да те заболи, полека полека не дотераа до местото и не оставија.

Следеше спуштање на опрема по планината. Добро што Гоце и Драгче беа со нас да помогнат. Душа ни искочи ама времето си минеше и полека се спушташе мрак. Не ни се веруваше дека сабајле тргнавме со мисла дека цел ден е пред нас, а сега сме на езеро и немаме време да исондираме и закрмиме. Брзински поставување камп, шатор, тенда, пумпање чамец, крмење на слепо во ноќ, безвезе зафрлање по 2 трски во 9-10 вечер, Гоце и Драги заминаа, а ние правац во вреќа на спиење бидејќи очигледно ноќта ја промашивме и ништо не направивме како што требаше.
На само разденување запишти базата, адреналин како мозочен удар, трчање во бунило и вадење една кленчуга од кило и нешто, која не поздрави за добредојде и која како да сакаше да каже “каде бе со тој памет дека одма крап ќе ти удри“. Спуштање адреналин, назад во вреќа, уште сат два сон и натенане сабајлечко будење во прекрасната беровска природа.

[ img ]
Маглата над езерото полека се дига, утринска свежина полека те буди, езерото тепсија, уште си до некаде заспан ама езерото не спие и кругови од скокови се јавуваат секаде, малите кострежи прават бркотница насекаде, чвркорат птиците, воздухот од зимзелената шума ти влага во ноздри, сонцето полека ги осветлува врвовите на дрвата, а ти оптегнат во столицата си шмрчкаш кафенце....ахххх да траеше овој живот едно 1000 години.
Аки западнал во некој сладок сон едвај успеав да го разбудам после многу обиди. Влеговме да сондираме, накрмивме поасално и на подобри точки, префливме, внесовме во игра уште некоја трска која не успеавме ноќта да ја фрлиме и конечно беше направено се што требаше да се направи за да се очекува дивиот.
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Штета што изгубивме многу време, ама тоа е ....Се опуштивме во денот, водата малку беше падната од вечерта што страшно не плашеше затоа што знаевме дека ако паѓа нема да има ни трага ни глас од крапот. Времето исто така променливо, те сонце, те облаци, те малку дожд....

Едно време удар кај Аки, ...Аки пали патиките спремен за ферка, зима трската во еуфорија...тегне ама гледа противникот перо лесна категорија...излезе уште еден клен.
[ img ]
Дојдоа Гоце и Драги да не посетат, лав моабет цел ден, мезалаци и повремени стравувања дали воопшто ќе видиме крап сесијава. Пред стемнување префрлање, кобрирање по некоја бојла и опуштање во вечера.
[ img ]
Се стемни асално, се разведри небото и некаде околу 20 часот удар, зимање трска, затегнување и одма се виде дека не е клен. Адреналинот одма оди еден левел погоре и по храбра борба излезе овој беровски лепотан.
[ img ]
[ img ]
Ни се улепи насмевка, го скршивме ледот, паднаа во вода моабетите дека можеби нема да удри, крапот се појави и ја зема болјата. Бргу реорганизација, кљукање пак со некоја бојла и исчекување во видно подобрена атмосвера. Ноќта имаше некоја посебна убавина, излегла една месечина како рефлектор, осветлено езерото, во мртвата тишина одекнуваат некои чудни крици во шумата какви ретко се слушаат, а ја и Аки чекаме на готовс.
[ img ]
[ img ]


Покрај чудните крици, почнавме да слушаме и скокови на хранилиштето на кое излезе првиот. Добро е. тука е,.... се оштревме со Аки....еве го ене го удар нема. Чекај, чекај, едно време не совлада сонот и му викам на Аки “не чека да си легнеме“....и си легнавме. Поминаа околу два три сата и околу 5 нов удар. Како ракети надвор од шатор, трчаме и гледаме дека ја фатил и втората трска титка и вториот сигнализатор...мала криза....брза организација...одозгора одоздола го извлековме на една страна и натенане борба. Наскоро излезе и вториот дивјак.
[ img ]
Пуна капа два дивјаци во една вечер, едниот беше 7 кила, другиот 7 и нешто плус, ударите беа на месна бојла 18-ка ...задоволни почнавме да се сликаме, ...едно време го држам крапот и слушаме нов удар на друга трска на истото хранилиште. Го оставам крапот на полегнувачот и на кепот, трчам, дигам гледам нов крап....тегнам и не ми се верува....две минути откако го извадивме претходниот....да беше друго езеро може да очекував, ама на Беровско каде нема голема популација крап, каде нема големи јата, каде обично и кога јаде удира после 7-8 сата после претходно извадениот и во ситуација каде на исто хранилиште до пред минута две се одвивала борба и шлапал друг крап...ова не го очекував. Се дерам по Аки дека имаме уште еден, за беља крапот беше тргнат накај мене, Аки во меѓувреме пробува да го извади кепот кој беше ставен на полегнувачот, а врз него и претходниот крап....хаос....крапот кој го замарав веќе се појави пред мене, едно време и Аки се појави со кепот и таман да го стави во вода крапот се откачи. Тоа е тоа, ...се совземавме од ситуацијата која ни се случи, го дочекавме утрото во импресии од бурната ноќ, префрливме, нахранивме, времето се расипа почна да врне и не бутна во кревет полни со надеж дека ова ќе биде добра сесија.

Помина целиот следен ден, времето лошо, претежно дожд, од време на време ќе не изрипаа некои кленови кои спорадично удираа. Дојде нова вечер која ја дочекавме полни во исчекувања...
[ img ]
[ img ]
[ img ]
... повторно слушавме и скокови, но за жал освен клен удар на крап немаше. Третиот ден времето уште повеќе се влошуваше

[ img ]

во меѓувреме ни искочија некои обврски по кои моравме еден ден од сесијата да скратиме, временска прогноза најавуваше уште посилен дожд за поручекта, паметот од време на време ни одеше во помислата како ќе излеземе по патот горе и решивме тука да ја завршиме сесијата. Начекавме еден период од сат два кога дождот беше послаб и почнавме да се пакуваме. Тргнавме по краповите да ги сликнеме заедно за успомен, кога Аки се враќа со едниот сак празен и со огромна дупка, крапот заминал без да се поздрави.
[ img ]
Тука би апелирал до крапџиите, посебно до оние кои се натпреваруваат да си ги проверат саковите. Јас никогаш не сум ги проверувал, ама огромната дупка на овој сак ме натера да ги проверам и другите и најдов уште два кои беа отпарани на многу места и ги фрлив. Така оштетен сак мене и Аки не кошташе неможност да се сликаме со двата крапа, ама некој натпреварувач може во даден момент да го чини повеќе места подоле за неговиот тим или репрезентација.

Како и да е, вториот крап остана да се поздрави до крај, како и сите кленови кои ги бевме фатиле. [ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Сите риби до една беа вратени назад, пред се поради фактот што на Беровско поради висината од 1000 метри надморска многу ретко успева мрест на дел од рибите.


Ги пуштивме рибите, некако успеавме да се спакуваме, дојдоа Гоце и Драги за испомош, некако ја искачивме планината со сета опрема, а горе не чекаше второ полувреме со патот.
[ img ]

Првиот предизвик беше да ја свртам колата за назад што не беше никако возможно без да влезам во калот. Четворица гледаме, кроиме стратегии, дождот засилува, ставаме дрва и камења во калот, тргам да вртам, задницата ми пропаѓа во кал, подот ми закачува на земја, предните тркала виснуваат и инстант заглавувам. Тројца буткаат колата не мрда. Мајку, шајку до сто и назад. Нервирај се, пробувај едно, пробувај друго не бива, ебати рибарски памет ненормален, пак ќе мора трактор. И додека се миславме кај да бараме пак трактор, од планината слушаме идат два трактори кои немаа каде да поминат од нашата кола која беше заглавена во сред пат. Се испокрстија со кој памет и како сме дошле до тука, извадија ланците и ме влечеа по цел пат.
[ img ]
Помина и таа голгота...Конечно седнавме со Гоце и Драги да се одмориме со малешевска пастрмајлија.
[ img ]
Размислував на враќање за сите проблеми што ни се исподесија, за килавењето со куп ствари по планината, за тракторите, за можните кварови на колата и некако ми преседна овој крапски риболов. Добро е што со текот на времето попушта тоа чувство, ама останува да видиме како ќе влијае за понатаму.
До некоја следна авантура поздрав од екипа
[ img ]

П.С Поздрав до сите крапски натпреварувачи кои како да подзаборавија на убавините и проблемите во слободниот и рекреативен крапски риболов со компилација видео од Аки за оваа дружба


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Беровски маки големи
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 06, 2015 4:34 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Браво, реминисценција на иста таква вечер со тебе на Беровско. Браво и за вратените риби ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Беровски маки големи
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 06, 2015 5:05 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Ste se iznamachile.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Беровски маки големи
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 06, 2015 5:16 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Aвг 22, 2011 9:47 pm
МислењаCOLON130
Bravo decki,sekoja cest :lepi:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Беровски маки големи
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 06, 2015 5:49 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
bace boro pochnav da mislam deka nema da pravish reportazha :lol:
go zaboravi i bigfud :lol:
odlichno kolega :lepi:
mozhesh da go ubacish i videotto koe go sklopiv i da ja dorazubavish reportazhatta...
edvaj chekam sledna avantura ;)

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Беровски маки големи
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 06, 2015 7:14 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
ставено видеото....а за каснењето тоа е ....се нема време, работа, кумства, а и забегувам ја во пишувањето додека ја направив се окозив,...ама кога се сака да се пренесе нешто со љубов кон форумџиите се се може.....тоа е и еден апел од мене до сите останати кои им се допаѓаат ваквите репортажи, а кои одат по риба да не бидат себични, да сликаат и да доловат тука на форум нешто повеќе од нивните доживувања


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Беровски маки големи
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 06, 2015 7:28 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
[quote="Boris"]...ама кога се сака да се пренесе нешто со љубов кон форумџиите се се може...

Браво другар убава репортажа ,секако и рибите и моментите поминати на Беровско се убави,така да ми преостанува да ви пожелам ..бистро ..и за наредното одење.

П.С.Потполно се согласувам со горенапишаната реченица од Боро.

Браво другари :NotWorthy:

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Беровски маки големи
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 06, 2015 8:10 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Можам само да ви честитам на упорноста и заложбата. :shake_hand:

На сите маки езерото ве наградило со преубави риби.

Секоја ти чест Боро за репортажата и трудот, се гледа дека си се вложил и си оставил добри 3 часа на ова.

Ми врати филм од Берово на онаа ладна ноќ пред 3 год. Ми фалат вакви авантури.

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Беровски маки големи
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 06, 2015 8:12 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПет Maр 23, 2012 9:31 pm
МислењаCOLON831
ЛокацијаCOLONskopje
bravo momci , muski izdrzano i nagradeno od strana na krapot , neka vi se mnozat


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Беровски маки големи
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 06, 2015 8:59 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
maki golemi ali i pomin golem..reporataza top...

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: [email protected]
075/291167 zoki


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [� теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 8 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum