Април месец, Недела - 03.04.2016...зачеток на нова крапска сезона, месец на недоумици за натпревари и лиги, организација на купови и се и сешто.
Но, решивме да ги оставиме рибарските маки настрана и да посетиме едно езерце во Росоман кое е во приватна сопственост.
Тоа се повеќе езера на едно место каде во 2-те најголеми добивме информација дека има голем амур и добри примероци на крап, па решивме да го
посетиме на еден ден и малку да се излуфтира зимската прашина од самите нас.
Јас, Тафта, Крсте, Кременадла, Мишко и колега на Крсте од работа. Калабалак.
Крсте ја договори работата и веќе 2 коли пуни со мезе и домача се на пут.
Стигнавме утрото, се наместивме помеѓу 2-те големи езера и почнавме со сет ап...
Со оглед дека бевме лимитирани за место, мораше со по 2 параболика само, а Крсте како најсолидарен се префрли да фаќа на другото езеро.
Му ветивме скара и шприцер повеќе.
Прихранивме, се наместивме некако стиснати...но нема проблем, секој знаеше каде фаќа и како фаќа така да и при вадење немаше поголеми проблеми.
Немаше многу и ете го одма првиот удар...амур е, не е амур, крап е...не бе, амур е...и оп КРАП....
Уживајте во видеото - Кременадла го дрила и симиња прашина...
Убаво крапче од 5кг. Се гледа дека првпат е боцнато.
Таман се замезивме, почнавме да се смееме...коа ете ти пак ран.
...амур е, не е амур, крап е...не бе, амур е...и оп КРАП....
И пак видео....Мишо го дрила као да спитомуе коњ.
Исто убаво крапче од 4 кг. Брао Мишо.
Доста борбени и направија убав мерак.
Некако се стиша акција после ова, неколку мали повлекувања...но поентата беше да симнеме прашина на вода, па сеа како биде - така.
Но затоа, Крсте стапува во акција....РАН, ама на другата страна, на другото езеро. Скока Крсте и рутинирано го носи до кеп.
Тоа езеро важеше како езеро каде држи крап, но само голем. Нема голема бројка, но тие што се се около 10 кг.
Овој пат само мал крап кој бил прилично гладен. Крапче од околу 1кг.
Дојдовме по Амури, а амури немааааа....
Но, никогаш не викај никогаш...старо правило.
Попладнето само што се олабавивме со скара и шприцер (се извинувам немам слики од тоа, може Крсте да има па ако има нека стави) и ОП РАН.
...амур е, не е амур, крап е...не бе, амур е...и оп АМУР....
Тафта сигурно и лесно го носи до кеп...точно 7кг. а прилично долг околу 1 метар. Се гледа дека слабо се хранел, само што излегол од хибернација.
Се испосликавме сите...ееее АМУР фативме конечно...Среќа и шали колку сакаш. Стилот кој не знае, го знае.
Прво Тафта.
Па Мишо.
Па Јас.
Крсте беше фотограф.
Веќе беше при крај денот, почна кој каде да фаќа позиции за дремка...Уморни што од риба, што од рајскиот напиток.
Крсте најубаво си напраи, се оптегна и одмори ко човек....ние ќе чекаме удар.
Но етеееее, таман се опуштивме...БУМ! Свири сигнализаторот....
...амур е, не е амур, крап е...не бе, амур е...и оп ПАК АМУР....
Јууухуууууууууууууу.....
За разлика од првиот, овој беше нешто по борбен. 7кг и овој, само помал и личеше дека кснал нешо последните месец дена.
Бујрум видео, есктра ХД снимка...
И кадро за у Архива, само со не ХД снимка....
И тоа е тоа другари...утепан ден перфектно, среќни сите, дома ко бајчиња, малце подотруени али ништо сериозно...
ВПРОЧЕМ ЗА ОВА ЖИВЕЕМЕ!
Инаку за да нема недоразбирање, Калабалак значи многу народ на едно место.
РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am МислењаCOLON9475
Ezerata vo rosoman ni budat mnogu ubavi spomeni od vremeto.prvite golemi amuri tami gi imam fateno.po reportazata se gleda deka e greska sto se zapostaveni ovie ezerca.
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум