www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Jул 01, 2022 1:32 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 3 4 »
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Чекајќи го крапот на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Чет Jун 23, 2011 2:27 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON 4638
ЛокацијаCOLON Skopje
После 2 недели еве успевам да ја ставам репортажава направена пред да се случат заебанциите на Козјак 09 - 12 јуни.......
[ img ]
После подолго време, дојде ден за да се тргне на 3-4 дена риболов. Најпрво идејата беше да се иде надоле на Вардар, ама Вардар во последно време е саде кал и налик на Дунав, така што таа варијанта отпадна. Во оптек беа уште неколку варијанти, но сепак се решивме за Козјак да пробаме да го сочекаме крапот и секако ако го нема да имаме занимација со караш, клен и попадика кои добро работат на Козјак периодов. Така и бидна...

Четврток попладне тргнавме, идејата беше да стигнеме денски на местото за да го видиме какво е и каде да закрмиме. Но како по правило не иде се како што си замислил, неколку работи заборавени, мали заебанции со утовар, со пента и слично и не стемни додека брмчевме накај местото. Сатот беше накај 21 кога експедицијата се истовари на копно. Околу еден сат истовар и местење на шатори, тенди и слично, затоа што временска прогноза не ни беше многу наклонета.
[ img ]
Првиот впечаток беше дека езерото е многу дигнато и вечерта едноставно неможевме да го лоцираме местото што малку од малку го имаме чистено. Така отпадна варијантата крмење таа вечер и отидовме на варијанта фрли параболиците и префрли се на салата, жолта, и специјалитет по теркот на Кире – џигер на козјачки начин (со се што ќе ти се најде при рука).
[ img ]
Таа варијанта ја заокруживме со “прекрасен сон“ на убавите козјачки камења.

Петок на разденување како струја ме дрмна едно тиииииииитттт, ......опааа си викам ете го шарко...., колук напред низ шатор и мкни, ама нешто лесно ми иде, вадам што да видам, една јадра попадика се закачила за грбот, ....ај у курац , оставив параболикот и назад во шатор. Поспавме уште некој сат и станавме укочени сабајлето. Време беше за работа. Го измеркавме местото, маркиравме две локации, ги поставивме системите, пушките, закрмивме и екскурзијата можеше да почне.
[ img ]
Работевме на Squid. Лошо беше што откажа еден сигнализатор и една од трските, која не беше параболик ја оставивме на звонче.

Цел ден Петок, немаше ама баш ништо за издвојување, освен добри салати и мезиња, добро бањање во езеро, врзување на амблем :) , врзи преврзуј системи од кинење на лошиот терен и едно 2-3 клена што ги бапнавме на воблер пред стемнување во едно заливче во непосредна близина на местото каде бевме стационирани.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Падна ноќ, очекувањата за удар од крап беа се поприсутни, ама сигнализаторите немаа абер од титкање. Ја отседавме цела вечер и разденување и прво сонце и второ и трето, без ниеден удар.

Дел од екипата се бапна да спие, а јас накај 08 сабајлето отидов до заливчето каде претходниот ден на воблер ми даде неколку клена, да фрлам 2-3 раце. Заливчето беше на 200-300 метри од местото. Им спомнав на двајцата кленови кои се бапнаа да спијат, да внимаваат на трските, зошто ќе одам да пофрлам за клен. Отидов јас до заливчето, пофрлав едно 15 минути, скинав еден прекрасен блинкер, се изнервирав и назад и јас да спијам. Се враќам и што да видам. Баш трската која ја ставивме на звонче во вода. Двајцата кленови под дејство на алкохол, а и изморени во шаторот спијат.... топови не ги будат, камоли звонче. Ја земав трската, почнав да влечам, крапот уште беше тука, ама веќе почнал да врзува машнички низ околните грмушки. Почнав да викам по екипава, испорипаа и почна борбата. Крапот беше замотан баш околу маркерот-шишето кое со камен беше пуштено на едно од крмените места. Мораше да се влезе во чамец. Влегоа двајцата во чамец и тргнаа накај маркерот. Таман се приближија на метар од шишето, како во филмовите “Ајкула“ кога ајкулата им ги потопуваше бурињата, така крапот тргна да бега и го потопи шишето од литроипол. Го снема шишето под вода, ама крапот бар тргна и можеше да се влече. Тегни-мкни, влезе во друга грмушка, морав и јас да влезам во чамецот, нешто што требаше да го направам уште од прва. Дојдовме над грмушката, тегни ја-мкни крапот, скина......... останавме како испострани, ненаспасни, нервозни зошто и кој спиел, кој бил по клен, кој е крив, кој е прав......битно крапот отиде, ама бар даде знак дека го има.

Саботата денски помина слично како и Петокот. Без ниеден удар на крап, со салати, јадења, жештини, бањање, крмење и пецање на тапа. На едно 50-100 метри од местото каде што беа поставени параболиците ги начекавме карашите и попадиките. Имаше убави серии каде на 3 раце имаше по 3 караши извадени. Ама и многу закачки. Мераци за вадење, ама и нервози од кинењето. Наеднаш закачките ни прекурчија и ласта во вода.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Се присобравме пред стемнување, закрмивме пак и се стациониравме да ја сочекаме последната вечер од екскурзијата. Таман се стемни и го заложивме огнот,
[ img ]
се чу попознатото тит...тит...тиииииииииииттттттттт. Набрзо беше совладано ова крапче.
[ img ]

Добар почеток на вечерта. Накај 12 уште едно тиииииииииииттттттттт, овој пат беше посериозно, ама со добра борба, набрзо искочи и овој батко сликан сабајлето.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Ја преседовме вечерта и сабајлето.....тоа беше се од крапот.

Полека, полека почнавме да го собираме кампот, затоа што почнаа да идат и едни црни облаци и назад кон Скопје.

Тоа беше се од оваа екскурзија, повеќе успех следниот пат.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Чекајќи го крапот на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Чет Jун 23, 2011 2:37 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Maр 03, 2011 4:01 pm
МислењаCOLON 409
ЛокацијаCOLON AERODROM
Абе топ!! со сите салтанати, супер дружба и ај не иди пак да те видам седи дома ако можеш?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Чекајќи го крапот на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Чет Jун 23, 2011 2:44 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Сре Maј 18, 2011 11:08 pm
МислењаCOLON 181
ЛокацијаCOLON Скопје
Убаво сте си поминале.. стварно :D

_________________
Eee Бах, Бах.. еден ебах и тај умре..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Чекајќи го крапот на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Чет Jун 23, 2011 2:47 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLON Сре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON 11615
ЛокацијаCOLON Скопје
Супер провод друже, Владимир не го гледам или се изменил последниве месец дена?

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Чекајќи го крапот на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Чет Jун 23, 2011 2:51 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON 1681
ЛокацијаCOLON Скопје
Многу убаво,супер сте поминале,повеќе успех следниот пат :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Чекајќи го крапот на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Чет Jун 23, 2011 2:56 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON 4638
ЛокацијаCOLON Skopje
Филип НапишиCOLON
Супер провод друже, Владимир не го гледам или се изменил последниве месец дена?
Изменет е :D на раб на самоубиство е, дај нека го релаксираат малку да го земеме по риба


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Чекајќи го крапот на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Чет Jун 23, 2011 3:06 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Jун 10, 2011 5:18 pm
МислењаCOLON 358
ЛокацијаCOLON Skopje -Ilinden -
dobar provod vo sekoj slucaj ,, i sekogas se pojavuva Marfiev zakon :) i taa trska sto ja stavas od vtor plan bas tamu Izbira i zima :idea:

_________________
Риболовот не е хоби - тоа е животeн стил...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Чекајќи го крапот на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Чет Jун 23, 2011 3:26 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLON Сре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON 11615
ЛокацијаCOLON Скопје
Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON
Изменет е :D на раб на самоубиство е, дај нека го релаксираат малку да го земеме по риба
Најави ми кога, ќе средиме за слободен ден ;)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Чекајќи го крапот на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Чет Jун 23, 2011 3:45 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON 2806
ЛокацијаCOLON skopje
Super reportaza i super provod,a Boris zasto malku ne proba na troling ako veke imavte camec..

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Чекајќи го крапот на Козјак
ТемаИспратеноCOLON Чет Jун 23, 2011 4:07 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON 4638
ЛокацијаCOLON Skopje
Не бевме дојдени за клен, ниту за пастрмка.....два пати отидов да пофрлам за клен и вториот пат гледаш што ми се случи, да бев блиску до трските, можеби и ќе го извадев тој крап кој според влечењето беше поголем од овие два


Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 3 4 »

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 5 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum