www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Aпр 19, 2024 1:19 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 27, 2017 12:35 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Заврши Јадранско-подунавскиот куп во мушичарење на реката Гацка во Хрватска. Вчера се прибравме дома, со убави впечатоци од целиот натпревар и се останато поврзано со тоа местенце.
Тргнавме во четвртокот сабајле, со паузи патувавме 12 часа. Стигнавме приквечер во Оточац, кај хотелот до самата река. Пред да се истовариме, прво отидовме да ја видиме реката. Времето беше на стемнување и реката беше многу “жива“. Пастрмки насекаде скокаат, собираат емерџери во филм, гледаме под нас од мостот големи парчиња, лепота. А реката како терен, ужас. Целата иста, многу спора, многу длабока, премногу подводна трева, по пола од секоја позиција беше со трева или шавар. Длабина од метар, два, три, пет... А бистра, све се гледа и на најголемата длабина. Пристапот од горе, нема шанси за газење во вода, многу заебано за кепање на риба, моравме да модификуваме кепчиња, да додаваме водоводни цевки како подолги рачки итн.
Се сместивме дента, утредента имавме тренинг, па за ручек свечено отворање на натпреварот, па после тоа на уште еден тренинг во сопствена режија. Видовме отприлика што може да даде резултат, но тоа беше надвор од стазата и генерално трениравме на порибени калифорниски. Инаку самата река има МНОГУ риба, се чува, рибата не се зема, се лови со барблес, дневна дозвола е 20 евра, а рибари доаѓаат од цел свет, хотелчињата се букирани преку цела година однапред. Да се чуди човек како може да функционираат така работите, споредено со нашава лепота од држава. На пладне имаше и влечење на комбинации за позиции, а утредента стартуваше натпреварот.
Ловевме со комбинезони од суво, ако си со комбинезон умираш од топло на 35 степени, на сонце, без сенка, без можност за влез во вода, а ако отидеш без комбинезон ќе го јадеш по кал, чудни треви што ти ги прават лом нозете и слично. Кој носеше комбинезон се потеше, кон не носеше се чешаше и се праеше лом во нозе. Лудило, по 2-3 литра вода пиевме за 3 саата коло. Сахара.
Во првото коло јас бев во А сектор, Емил во Б, Цаки во Ц. За нивните позиции може да дополнат, јас кога ја видов мојата се извадив од памет. Повеќе од пола позиција трева од моја страна, од другата страна пониска подводна трева и тук-там по некоја дупка. Искрено, не знаев дали ќе успеам да уловам риба. Во А сектор речиси и да немаше од порибените калифорниски кои доста се ловеа од натпреварувачите кај што ги имаше, туку беа само стари поточари. Во првите 15 минути, на почетокот, во една од дупките успеав да уловам една поточара од 42 см (700-800) грама и да ја извадам. Тоа ми беше единствен улов на таа позиција. Имав уште 2 поточари на трска, едната ми скина цел типет строфт 0,12, беше поголема од првата, а втората не ја ни видов, само ми се исправи и искрши јадицата при борбата (тенка барблес јадица) и ја изгубив и таа риба. Друг удар немав.
Тоа коло Емил во Б (Б беше најбогат сектор) улови 6 риби и Цакуле во Ц 6 риби.
Второ коло, јас во Б, Емил во Ц и Цакуле во А. Ми се падна добра позиција, извадив уште една голема поточара, па после извадив уште 9 калифорниски на мокра мушица и изгубив 10-тина риби, откачени при вадење, од кои 5 пред кеп пошо беше страшно незгодна позицијата за кепање. Во второ коло Емил имаше 7 риби, Цакуле 3 и јас 10.
Трето коло, утредента. Сите мртви од претходниот ден, рибите доста избоцкани. Јас во Ц, ужас позиција, еден океан пред мене плус треви. Имав вкупно 3 риби на удица, првата ме заеба и тргна брзо кон мене и ми се олабави шнурот и ја изгубив. Втората и третата се откачија при вадење од барблесот, ловев на нимфи на 17-ки јадици... Останав со 0 (компир) и тоа не спушти барем 1 место во вкупниот пласман. Емил во трето коло на А имаше мислам 4 риби, а Цакуле 1 во Б, му се падна лоша позиција.
Завршивме 12 од 18 екипи, можевме и подобро, но така се погодија работите.
Инаку се ловеше на тенки типети, од 0.10 до 0.14, ловевме на нимфи фазани, пердигони, на суви фазани и зајачиња и лесно отежнати фазани за во филм. Рибата јадеше чудно и се ловеше како на езеро, со цимкање на мушиците за да им се даде живост бидејќи водата беше премногу спора и многу пати се случуваше рибата да дојде до мушицата, да види дека не е нешто природно за јадење и да се тргне.
Во секој случај, уште едно искуство со нешто што не сме се сретнале до сега.

А самата локација, местенцата, реката, тоа е чудо. Се чудевме како на балканов има место каде што нема ѓубре по реката, нема фрлени шишиња, кутии од цигари, кеси и се она што го гледаме по нашите реки. Значи можело, само требало да се сака...

По пат кон Хрватска

[ img ]

Хотел Гацка, штабот на мушичарите тие 3 дена

[ img ]

Првите фотографии од реката...

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Вака изгледаше реката на стемнување кај 21 часот



Дел од уловите од тренингот

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Свечено отворање на купот

[ img ]

[ img ]

Ждрепката

[ img ]

6 наутро, пред прво коло

[ img ]

Емил на својата позиција

[ img ]

Емил и Бојан Пешиќ од ЦГ (на Пешко наш внук)

[ img ]

Мојот улов од 1 коло (поточара 42 см)

[ img ]

Мојата позиција од 1 коло

[ img ]

[ img ]

Поточарата на Цакуле од прво коло

[ img ]

Поточарата на Емил од прво коло

[ img ]

Првиот мој улов од второ коло

[ img ]

Победниците во поединечна конкуренција (прв Ивица од Колашин, втор Рок од Блед, трет Данило од Љубљана)

[ img ]

Победници во екипна конкуренција, црногорците од Колашин

[ img ]

Второ место, словенците од Блед

[ img ]

Трето место, една од босанските екипи

[ img ]

Фотка за крај

[ img ]

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 27, 2017 1:14 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Mnogu ubava reka. Bravo za musicarite.
I velis se se vraka, i se e cisto, bez gubre, i riba polno, i 20 Eur dnevna
Vo koj film ziveeme nie ovde.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 27, 2017 1:44 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
saso НапишиCOLON
Mnogu ubava reka. Bravo za musicarite.I velis se se vraka, i se e cisto, bez gubre, i riba polno, i 20 Eur dnevna
Vo koj film ziveeme nie ovde.
Страшна работа... Гледаш под тебе риби од 60-70 см си пливаат мирно, едноставно не се замараат со тебе. Кај нас за една вечер ќе ја испразнат реката од таквите примероци

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 27, 2017 3:01 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Fico ubava reportaza dolovena so site saltanati.
Vi fali malce pozadina uste 2-3 musicari koj moze ke pridonesat za nekoj podobar rezultat.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 27, 2017 3:20 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Честитам на мушичаритте за заложбата и постигнатото.
Убав пример е репортажава од сите аспекти. :ok_ok:

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 27, 2017 3:29 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Krki НапишиCOLON
Fico ubava reportaza dolovena so site saltanati.
Vi fali malce pozadina uste 2-3 musicari koj moze ke pridonesat za nekoj podobar rezultat.
Фали позадина, не да фали. Мада и да дојдеа луѓе за позадина, ќе си пецаа на слободен ;)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 27, 2017 5:13 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aвг 25, 2012 12:20 pm
МислењаCOLON255
ЛокацијаCOLONSkopje
Во секој случај добро искуство и имаше што да се научи.Следното да ни биде со повеќе екипи.Само ние и Србите беа со по една екипа другите по три и четири. Плус некои од организаторите бараа и кај нас да се организира ваков настан во иднина. :lepi:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 27, 2017 5:26 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Ke organizirame nie domakini a reka negde vo srbija, crna gora i drugi drzavi.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 27, 2017 5:32 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aвг 25, 2012 12:20 pm
МислењаCOLON255
ЛокацијаCOLONSkopje
Krki НапишиCOLON
Ke organizirame nie domakini a reka negde vo srbija, crna gora i drugi drzavi.
Радика ја сакаат досадно им е се на исти реки така да нема бегање ќе си засукаме ракавите и мора да ја биде. ;)

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Jун 27, 2017 6:01 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Da ama i edno 700-800 kg pastrmka.

_________________
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 21 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum