www.ribar.com.mk http://www.ribar.com.mk/forum/ |
|
Рибар 2011 / / / крапски куп езеро Бистрица http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=42&t=6961 |
Страна 1 oд 1 |
АвторCOLON | ТафТабиТ [Саб Maј 26, 2018 8:32 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Рибар 2011 / / / крапски куп езеро Бистрица |
Редовно , како и секоја година , Рибар 2011 традиционално организира крапски куп за своите членови и пријатели . Како и минатата година и оваа година повторно решивме купот да се оддржи надвор од Македонија . Оваа година извор падна на езерото Бистрица покрај Софија . Беа поканети членови и пријатели на Рибар 2011 и секако колеги од Бугарија кои го збогатуваат овој наш куп со своето присуство веќе со години . Организацијата беше одлична како и секоја година , колегите задоволни и конечно магичната бројка од 1000 килограми беше достапна . 14 дуа ги извлекоа своите позиции и купот можеше да почне . Јас натпреварував со син ми Матеј за кого ова беше прво поозбилно крштевање од натпреварувачки карактер , прв поозбилен куп каде што требаше да се искалеми за крапски риболовец и натпреварувач . Меѓу натпреварувачите имаше доста познати имиња во крапскиот риболов како од Македонија така и од соседството . Имаше што и од кого да се научи и види . Извлековме позиција број 2 ... веднаш до ресторанот од левата страна . Комшии до нас на позиција 1 беа веќе докажаните и искусни стари крапџии Роби и Запа заедно со Слободан . Екипа која со своето искуство во кругот на најдобрите крапџии во Македонија . За натпреварот бевме спремни ... имавме спремена топива бојла ( 20мм ) комбинација на миксови од Мелег ( јагода и банана ) + помешан со домашен неутрал микс во размер 50/50 . Ароми неа користени исто од програмата на Мелег и тоа 10мл јагода , 5мл банана , 3мл скопекс , 3мл Cram Dream од Пролоџик и 3мл бела чоколада на Мелег . 100мл Natural Attract исто на Мелег и 50мл Catcher liquid Мелег . Втора бојла која ја користев беше обична 16мм комбинација на Мелег микс бело чоколадо со банана , нетопива бојла со арома на бело чоколадо и скопекс и Catcher liquid бело чоколадо Мелег . Како одминуваше натпреварот , колегите кои беа на другата страна од езерото веќе ги имаа и првите риби . Ветерот беше поволен за нив и кој знаеше тоа да го искористи веке имаше по неколку риби за мерење . Позициите околу нас мируваа , сигнализаторите молчеа но сепак беше само почеток на натпреварот . Првата риба ја добивме околу 18Ч00 и едвај беше во мерка ... 1,030 кг како за упис и прва риба не беше ни така лошо . Вечерта ветерот се смири , звездите го прошараа небото и сигнализаторите пуштија глас . Најпрво кај комшиите на позиција 1 околу 10Ч00 се појави првиот крап од 7-8 кг а потоа и кај нас на 2ка се пробудија сигнализаторите . Акцијата не изостана и на другите боксови но дојдоа и нашите 5 минути . Успеавме да извадиме 4 убави риби од 7 до 13 килограми што ни даде дополнителен мотив и желба за натпревар . По интересната вечер , следуваше мирно утро за мерење на уловот и секако фото сесија . Убави здрави риби , борбени и јаки кои го кренаа адреналинот . Сликање , мерење сумирање резултати , раскажување кој што како ... се што е дел од убава дружба . Дневна дружба со комшиите , виничко кафе , по некоја салата и многу муабети , помина и вториот ден од натпреварот . Прошетка по патеката и посета на колегите по другите боксови , рибарски муабети и гачки во секој бокс . Убавината на куповите е токму во овие дружења , насмеани лица задоволни од постигнатиот успех и од убавата дружба . Постари помлади , искусни помалку искусни ... сите на едно место со истата болка . Крапски риболов ... Дојде и крајот , свирна и последниот сигнал , прибирање на опрема и секако најпосакуваниот дел од натпреварот . Сумирање на резултатите и прогласување на победниците . Јас и Матеј бевме на скромното 11то место но сепак задоволни бидејки го освоивме пехарот за најголема риба . Рибата од 13,150 кг ни ја донесе наградата за најголема риба за која Матеј беше пресреќен . Прв пехар , прва награда ... среќата немаше крај . Голема благодарност до сите кои учествуваа , до сите кои помогнаа во организацијата и секако до Иван , сопственикот на езерото , кој ни овозможи овој куп да помине одлично со богат улов и во најдобар ред . Бистро до следното дружење . |
АвторCOLON | akiribar [Нед Maј 27, 2018 9:18 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Рибар 2011 / / / крапски куп езеро Бистрица |
Super reportazha ne navrati na ubavite pominati momenti koi so netrpenie gi chekame pak go osvoivte za mene najubaviot pehar,najgolema riba i najdrago mie shto mladiot kolega sotebe sve toa go iskusi i dozhivea super i nezaboravno beshe,pozdrav brat tafta i bistroooooo !!!!!! |
АвторCOLON | Krki [Нед Maј 27, 2018 9:34 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Рибар 2011 / / / крапски куп езеро Бистрица |
Bravo kolega odlicno skockana reportaza. Cestitki za Matej |
АвторCOLON | Spaiva [Нед Maј 27, 2018 9:51 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Рибар 2011 / / / крапски куп езеро Бистрица |
А брао Зиги. Чивијата е тука. Се гледа дека е на тебе метнат, а не на чичко му и на чичко Срцка. |
АвторCOLON | saso [Нед Maј 27, 2018 4:33 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Рибар 2011 / / / крапски куп езеро Бистрица |
Epa ... lajk |
АвторCOLON | Филип [Вто Maј 29, 2018 8:01 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Рибар 2011 / / / крапски куп езеро Бистрица |
Лајк и од мене |
АвторCOLON | borce [Сре Maј 30, 2018 11:05 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Рибар 2011 / / / крапски куп езеро Бистрица |
Браво за репортажата,за освоениот пехар,за одличната дружба и за секоја убавина што сте ја доживеале. Ви посакувам уште поголеми заеднички успеси. |
Страна 1 oд 1 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |