www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Aвг 19, 2019 2:01 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 »
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Spinning fishing на Атлантски Океан,Африка
ТемаИспратеноCOLON Вто Јан 22, 2019 2:22 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Ное 20, 2012 7:24 am
МислењаCOLON 684
Spinning fishing на Атлантски Океан,Африка

[ img ]


Локација, Африка, остров Биоко, во близина на Екваторот. По некоја случајност, се наоѓам тука, на ова место, со прекрасна природа, тропски остров опкружен со грандиозниот Атлантски океан.
Риболовот тука е примитивен, локалното население лови на “panula”, на жив мамец, модерните техники, вклучувајќи го и spinning риболовот речиси и се непознати овде.
Океанот изобилува со разновидна риба, капитални примероци на баракуди,red snapper, моруни се продаваат насекаде, на улица, обесени на дрвени рамки , висат и ја будат риболовната страст и фантазија кај мене, на локалниот рибен пазар, на импровизирани дрвени тезги/кутии, каде има и дел за чистење на рибата.Имено, неколку мажи на големи дрвени маси, со големи сатари, ножеви, импровизирани четки со клинци за чистење на крлушките за 10-ина евра ги чистат огромните риби, сечат на парчиња и пакуваат, спреми за готвење.

Бидејќи службено (специјален поздрав за Даре &) сум овде,
многу време за риболов и нема, а плус и општествениот систем и поредок
го забранува риболовот од историско-политички причини,
особено за представниците на белата раса.
Но, сепак, жедтта и страста кон риболовот мора да се “изгаснат” на вода.
Благодарени на Сашо Васков, успеав да донесам 4-делна спин трска, мамците и придружниот материјал во едно мало куферче, и правец, плажа Сипопо!
Пред самата плажа, постои комплекс-ресторан со док кој влегува во океанот, идеално за спин риболов.
По завршување на работните обврски, на брзина спакуван, се упатив кон местото.
Таму, речиси никој, на крајот од докот, само јас и еден темномурест “локалец”, Мустафа од Мароко.
На брзина ја распакував трската, опремата,
и зафрлив кон хоризонтот.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Бидејќи плетеницата беше нова и речиси излегуваше од шпулната на машинката, првото зафрлање го направив лесно, 20-30 метри, колку да се натопи плетеницата и да легне убаво на шпулната.
На второто зафрлање, само што почнав да мотам, брзо и агресивно, со ситни twich-ови, бам!
Страшен удар, трската се свитка во најубава парабола и почна шоуто.
Веднаш се осети дека е поголем примерок, почна да влече како луда, среќа drill-от на машинката беше подесен доволно за да извлекува онолку колку што треба. Времето сопре, рибата очајнички се бореше, се уште не знаев што имам закачено. Полека почнав да ја “пумпам” и одеднаш, сребрена долга сенка , рефлектираше на некој метар под површината. Баракуда! Голема е!
Како и во сите вакви ситуации, нели, Марфи, кеп немав. Имав еден метален трозабец кој го најдов на работа, но беше во таква состојба да залудно беше што го имам.
Почнав да се вртам лево-десно , по карпите, барајќи најзгодно место за да ја донесам рибата,
андреналинот отиде во опасни граници, но, ете го, Мустафа, од Мароко, рибарот што го делеше океанот со мене , притрча гледајќи ме како се обидувам да ја извадам рибата, да ми помогне.
Пред да ја донесам до карпите , на два пати, баракудата рипна над вода покажувајќи ја својата целосна убавина.
Само што се доближи до карпите, го даде најубавиот бег, најубавиот дрил во мојот живот, до тој момент. Azores-от почна да зуи и замина рибата едно 30-ина метри од мене.
Повторно почна борбата, но сега, за мал дел, со посмирен ум, полека,полека, ударите што ги даваше на трската беа страшни. Сета опрема што ја користев беше во прекрасна параболична синергија, обидите за да се ослободи од мамецот беа залудни.
Уште два пати ја донесов до карпите и пак иста приказна. Бег кон хоризонтот, удари, drill-ови,
но веќе беше доста. Мустафа спремен на карпите да ја прифати, ја донесов за последен пат, мало возење лево-десно околу карпите и Мустафа на брзина ја прифати прво за опашката,
а потоа за шкргите.
Надвор е!
Не можам да ви ја опишам возбудата во тој момент.
Ја тргнавме подалеку од водата, бидејќи го заборавив пеанот/клештите (Марфи),
со малите ножички некако успеав да ја извадам/искинам трокуката од воблерот,
се имаше закачено на последната,крајната трокука, воблерот изгризан, тетовиран од забите на баракаудата сведочеше за предаторот.
Откако , направив, пауза, неколку фотографии на брзина, повторно се вратив на риболовот.
Уште еден час ловев, менував мамци,техники, но немаше реализација.
Се поздравивме со Мустафа, на враќање поминав на работа, да ја измерам рибата.
110 см, 8кг.

[ img ]

[ img ]

Користена опрема:
Rod: Balzer Edition IM-12, 2,8 m , 15-75 g., 4 Pcs
Braid : Okuma Ceymar X8 braid 45lb 0,33mm
Reel : Okuma Azores Z 40S
Lure : Duo Tide Minnow Slim 140 Flyer Neo Pearl
Leader : Savage Gear 100% Soft FluoroCarbon 27lb,0,46mm
Атлантски океану, ти благодарам!
До следната авантура, поздрав и бистро!

_________________
I can be hopeful out here even in failure because I know if I just go out there, it might be different, something might be different, something I do might make a difference.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Јан 22, 2019 2:30 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLON Пон Aвг 22, 2011 9:47 pm
МислењаCOLON 130
Bravo Igor, :volku_golema:
Cekame novo javuvanje :)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Јан 22, 2019 3:48 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLON Нед Сеп 11, 2011 8:30 pm
МислењаCOLON 1171
Toooo Igor :shock:
Sto ubavo raskazano, kako da osetiv i jas malce od drilot :)

Ete kako se lovi na more/ocean :~~

Veruvam ova e samo pocetok, cekame prodolzenie ;)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Јан 22, 2019 4:26 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Јан 21, 2011 11:33 pm
МислењаCOLON 837
ЛокацијаCOLON Tetovo
Браво Игорче :~~ Долго ќе те држи ова риба :)
Duo Tide Minnow навистина и овој пат се покажа како еден од нај добрите воблери,
по се изгледа го бива за секоја вода.

Ти посакувам уште да ги наредиш убавите риби :lepi:

_________________
Just Fish it


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Јан 22, 2019 4:37 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Пет Aпр 15, 2011 3:11 pm
МислењаCOLON 553
ЛокацијаCOLON Skopje
Bravo Igorce, uste mnogu vakvi...

_________________
Ракијата што ја носат рибарите кога одат по риба, има спасено многу повеќе риби
одколку што спасиле сите рибочуварски служби, здруженија и инспектори од ДИЗ заедно


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Јан 22, 2019 5:05 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLON Сре Aпр 27, 2016 4:54 pm
МислењаCOLON 59
Браво Игор топ репортажа, додека читав на моменти се осеќав дека се наоѓам на твоето место :shock:
Си измерачил и се надевам дека ќе не почастиш со уште некоја интересна репортажа.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Јан 22, 2019 6:10 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLON Пон Феб 28, 2011 11:19 am
МислењаCOLON 946
ЛокацијаCOLON Skopje
Bravo Igorçe, posakuvam uste mnogu vakvi i slicni izleti, za da povtorno uzivame vo tvoite raskazi..

_________________
Ne e bitno samo da se opametis, tuku toa naveremeno da bide !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Јан 22, 2019 7:02 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLON Сре Oкт 27, 2010 12:47 am
МислењаCOLON 1119
ЛокацијаCOLON Аеродром
Bravo Igor toa se bara malku motivacija pred pocetok na sezona.

_________________
Podobro da si malku lud, otkolku da si malku pameten
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Јан 22, 2019 7:49 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON 1527
ЛокацијаCOLON Skopje
Posle zivotinjava,na tebe sega pastrmka od 4_5 Kila ke ti izgleda kako bojnik... :D
Sekoja cest,dozivuvanje e ribetinava da ja imas na trska :~~

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLON Вто Јан 22, 2019 11:47 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLON Сре Maр 02, 2011 9:44 pm
МислењаCOLON 77
Odlicno Igorce. Prekrasno raskazana prikaska :~~


Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 »

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 2 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum