Денот беше пеколно жежок, и одвратен !Се знаеше што единствено може да ме врати во живот.Иако Цела моја рибарска екипа веќе одамна е отидена на одмор,се сетив дека има уште некој доволно будала како мене и му се јавив.Го разбудив од спиење ама коа му спомнав риболов се освести одма.Кирца
) Не требаше многу да се договараме се знае што опрема ни е потребна се видовме на брзина и тргнавме.Од мамци земавме пијавици, црви (кои умреа на пола пат) и коњштипПатот натаму никој нема да го памти поубаво од мене
) Кирца забораил да го затвори капакот од парното па така да на овие +40 имавме и парно вклучено хахаахх.Затоа црвите си го направија своето. А никако да застанеме се брза со полна пареа ! Вардар уште во Скопје беше мал па се надевавме дека ке го фатиме вирот убав и дека ке не освежи некое сомче!!! Коа стигнавме на лице место вирот изгледаше вака.
Почнавме да се местиме се ни беше по кејф и се надевавме на добар помин.
И таман се наместивме и седнавме да напраиме по една дезинфекција се склопи небото и почна да прска едно ситно дождче како попот со босилокот
доволно за да не растера да почнеме да го припремаме засолништето за ноќта.Како почна така и заврши за 2 мин не оставајки никаква трага зад себе ко нишо да не се десило. И нормално можевме да продолжиме со церемонијата
И нели нормално ако незнаеш кога почнува да работи рибата, седни да јадеш и ке ти стане јасно. Таман на раат се олабаивме, се огласи едно ѕвонче малку оддалечено од нас само на кратко колку да го чуеме.И таман мислевме дека е ветрето или некое гранче под вода тоа повторно само овој пат многу поагресивно почна да си игра со нашите нерви. Не беше сероизен удар ама не беше ни ветерче. Ај нешо ситно си рековме и продуживме да си работиме на случајот!
Таман се стемни дојде 9 саат се му беше по таман и ете нов удар... Овој пат на род подот кај Кирца, се огласи свингерот толку добро што нема потреба да идам на ушно бајаги време. Бев најблиски, го контрирав и.......... Го промашив
Го направив речиси невозможното. Таков удар, во одлично време реакција и да промашам ми беше несватливо?!?!? Добро нема везе продуживме да ловиме и богами да пивнуваме.Но повторно за кратко време удар, повторно контра и повторно промашување
Што ли се дешаваше на никој не му беше јасно.Мислевме дека се мали сомчиња кои си играат кур со нас......ама сепак ударите беа сериозни и не личеа на мали сомчиња. Сепак решивме фино лепо да си ја провериме опремата уште еднаш и да видиме каде ја грешиме работата.....Следуваше вадење на трските од вода и проверка и преврзување јово на ново
И веднаш ново закачување мамци и префрлање со надеж дека веќе нема да имаме утки. Префрливме, го затегнавме конецот по наш мерак род подот го наредивме и седнавме да чекаме нов удар.
И го дочекавме богами........ Едниот свингер на Кирца не му работеше(беа празни баКтериите) и веднаш под тегот имавме ставено ѕвонче на самиот конец, кое што од самиот удар немавме време да го чуеме.Удри толку силно што го измести параболикот од место. Не контриравме веднаш го почекав уште малку. Животињата кога удри втор пат за малку што не го бутна цел род под во река. Абе мислам се стресе шаварот пред нас коа удри. И веднаш контра снажна силна со параболик како што е редот нели, го задржавме само 1 сек и се откачи....
Луѓеее удираше на грозд умрени чаирско-железарско-автокомадновски црви од кај газда Мирко.Веќе немав никакви мисли никакви идеи зошто е тоа така се додека Кирца не се посомнева во јадиците кои беа штотуку отпаковани и прв пат се употребуваа. Се викаа ми се чини KAPТURA 5/0 црвени,шупливи лесни сигурно сте ги виделе по дуќаниве а и со зум може на некоја слика да ги видите. Беа многу свиткани да не речам дека беа как П буквата и мислам дека неможеа никако да го закачат сомот. Бевме многу нервозни ама немаше што да се прави други јадици немавме (памет за друг пат никому да не ги позајмувам) и продолживме така. Јас заспав остана Кирца со пријателот Зоки да лови! Рано некаде околу 6 ме разбуди повторно свингерот на Кирца, кој веќе беше со параболикот во раце и силно контрираше повторно безуспешно......Откако со четврт око го следев сето тоа и сватив дека и таа контра е безуспешна се опцув еднаш сам себе и се завртев на другата страна! Кирца упорен ги сменил системите за сом и наместил за крап и повторно префрлил овој пат на пченка. Околу 8 повторно свингер титттт тиииииииииииииииииииииииииттт Гледам Кирца контра и пак ништо. Следуваше пакување под ИТНОООО и повторно без риба у пун трк накај дома !!
Само ги нахранивме пилињата пред да си одиме
Дома веќе доручекот беше на маса шприцерот оладен кафето сварено и седнавме со Кирца да напраиме ретропспектива на грешките додека појадувавме !
Битно излегувањето на вода(не риболовот) помина прекрасно, дружењето уште поубаво муабети до 1001 и назад и овој пат иако не замириса на риба дефинитивно замириса на кобасица
До некој богат со риба риболов и следно излегување на терен ги поздравувам сите наши пријатели риболовци и членови на форумот . БИСТРО !!!