www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 1:45 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON СМУЃ (Stizostedion lucioperca, volgense)
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 03, 2012 6:30 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
[ img ][ img ][ img ]
Опис:

Смуѓот е риба која и припаѓа на фамилијата Percidae , род Stizostedion, вид Lucioperca. Род Stizostedion има повеќе видови како што се американски смуѓ, канадски, смуѓ камењар и морски смуѓ. Кај нас има 2 вида на смуѓ и тоа: камењар кој ретко расте повеќе од 1 кг и неговиот поголем роднина кој расте до 15 кг.
[ img ]
-Телото му е издолжено со релативно мала глава. Зависно од местото на живеење бојата на телото му е обично на грбот зелено сива со 8-12 попречни пруги, бел стомак и сребрени страни. Го викаат барон, гроф, стакленоокиот .... (има изострен вид кој е важен услов за пронаоѓање на храната).
-Има две грбни перки, кои се споени, или пак измеѓу нив има релативно мал простор. Има ситни крлушки. На грбните перки и опашот има темни пеги, а останатите перки му се без пеги и имаат бледожолтеникава боја. Повозрасните единки имаат доста ситни заби во устата.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:
[ img ]
Смуѓот е распространет скоро во цела Еврпа и делови на Азија.

Тој е риба која е активна во текот на целата година и во текот на зимата и летото. Оптималната температура за неговиот живот е околу 27 степени, а горната граница за негово преживување е температура од околу 35 степени. Смуѓот е риба која е отпорна на високи температури во вода богата со кислород, и многу неотпорна на води со помалку кислород. Ако има загадување на водата, смуѓот страда меѓу првите риби.

Смуѓот има висок прехрамбен коефициент 5.1 што значи дека често е во потрага по храна. Честопати ако уловите 1 смуѓ ке добиете уште еден. Значи помалите примероци се движат во јата, а поголемите најчесто се сами.
[ img ]
Помладите смуѓови се хранат со ларви на инсекти кои живеат во вода, а поголемите смуѓови се хранат со други видови на риби. На предаторски начин на исхрана преоѓа после првата година од животот. За време на мрест смуѓот не се храни.

Размножување, големина и раст:

Женката Смуѓ несе околу 1 милион јајца. Јајцата се мали и со дијаметар од 1 до 1,5 мм. Мрестот стартува во пролет кога температурата на вода е од 12 до 15 º C. Најчесто смуѓот се мрести во раните утрински часови, во реките на длабочина од 0,5-1м, а во езерата дури и на длабочина до 17 метри. Ако живее во езерата каде што нема истечна вода, се приближува до брегот и бара песокливо дно и чиста и бистра вода, каде обично се прави гнездото за мрест. Мажјакот и женката еднократно ја испуштаат млечта и јајцата. По мрестот, женката се оддалечува, а мажјакот останува да се грижи за икрата. Ембрионот во јајцето се развива за околу една недела. Младите растат брзо.

прочитајте повеке за риболовот на оваа риба во оваа тема: :arrow:viewtopic.php?f=10&p=233#p233
Видете,ставете слика од вашиот УЛОВ :arrow:viewtopic.php?f=52&t=2297

сликите и информациите
се превземени од интернет сајтови


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СМУЃ (Stizostedion lucioperca, volgense)
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 03, 2012 10:48 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Би сакал само да дополнам нешто што многу малце се збори-пишува за оваа риба

Кај нас го има смо во Езеро МЛАДОСТ (Велешко). Имаше некои најави, од страна на Јасен, за порибување на Козјак со овој племенит вид на риба, работата заврши во ќорсокак но не е отфрлена како можност за во иднина. Мислам дека теренот би му бил идеален.

Самото порибување е мошне тешко. Порибувањето не се врши со подмладок или возрасни примероци, како кај останатите видови риба, туку со гнезда со оплодена икра.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СМУЃ (Stizostedion lucioperca, volgense)
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 03, 2012 11:05 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Bobi_Brada НапишиCOLON
Би сакал само да дополнам нешто што многу малце се збори-пишува за оваа риба

Кај нас го има смо во Езеро МЛАДОСТ (Велешко). Имаше некои најави, од страна на Јасен, за порибување на Козјак со овој племенит вид на риба, работата заврши во ќорсокак но не е отфрлена како можност за во иднина. Мислам дека теренот би му бил идеален.

Самото порибување е мошне тешко. Порибувањето не се врши со подмладок или возрасни примероци, како кај останатите видови риба, туку со гнезда со оплодена икра.
Toчно така Боби и проблемот е околу административните работи, пред се околу царинењето на подмладокот.Се на се време на транспорт
од дадената вода (Србија е најблиску) до местото на порибување не смее да биде подолго од 3 денови-72 часа.При еден обид да се донесе ваква риба кај нас настапи помор во цистерните после поминати 2 дена, и тоа беше пробно, со две смуџарски гнезда ставени во цистерна од 3000 литри, со 3 боци на кислород.Многу е тешко да се транспортира овој вид на риба.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СМУЃ (Stizostedion lucioperca, volgense)
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 03, 2012 11:09 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
па и на други езера е добро да се пориби со смуџ - само пусти желби наши и тој во велешко кој знај по кој пат е стигнат :?: и затоа тука застанала цела работа
добро би било некој од надлежните да се познимава со оплеменување на вакви видови риба и на повеке места
и немора царинење -- кога веке го имаме на велешко нека се направи излов и нека во некој од репро центрите се извади помладок

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СМУЃ (Stizostedion lucioperca, volgense)
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 03, 2012 11:14 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Spored edna informacija koja neodamna ja dobiv, smugot ma Velesko e donesen 1964 godina i toa kako poklon pri poribuvanje so drugi ribi. Doneseni se samo 4 komada i toa dva od 1,5 kg i dva od 1 kg.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СМУЃ (Stizostedion lucioperca, volgense)
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 7:37 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
saso НапишиCOLON
Spored edna informacija koja neodamna ja dobiv, smugot ma Velesko e donesen 1964 godina i toa kako poklon pri poribuvanje so drugi ribi. Doneseni se samo 4 komada i toa dva od 1,5 kg i dva od 1 kg.


ZIVA VISTINA,,,,

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СМУЃ (Stizostedion lucioperca, volgense)
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 9:59 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Од литература на автори академски авторитети езерото е порибено 1967 година


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СМУЃ (Stizostedion lucioperca, volgense)
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 10:04 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
prvoto poribuvanje e naopravano 63 god,, so krap,, 4 4 tiri smudga se gratis da se proba dali ke se donesat do mk,, covekot zadolzen za poribuvanjeto neznael sto se i nesakal da gi nossat,, uste e ziv i pred 1 nedela bese na velesko,,
saso kako sto kaza velesko e poriberno so smudg so 4 prieroci i toa e tocno...

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СМУЃ (Stizostedion lucioperca, volgense)
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 10:12 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Не викам НЕ, но дали 4 риби можат да дадат доволен генетски потенцијал за развој на толкава популација на риба


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СМУЃ (Stizostedion lucioperca, volgense)
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 11:56 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
па сега математика малце -- ако некој се секјава која година почна да се јавува активно за риболов и ке видиш до 63 година наназад колку години поминале за да од 4 примероци се направи некоја си популација во езерото младост
--од друга страна колку повеке примероци пак се скратва и тој рок на чекање ;)
само некој треба да ја изработи таа студија за кои езера или води -- а смуџот веке го има на велешко така да нее до нас и нашите желби, поголема е проблематиката така си мислам јас

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum