www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 01, 2024 1:55 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS11»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Време на Мрест - Забрана за Риболов
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 09, 2011 5:56 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Еве еден текст од минатата година од сајтот, па мислам дека е право време да го искористие и оваа година,

Почитувани колеги,

Се наоѓаме во период во кој најголем дел од рибите се мрестат или се припремаат за мрест. Во овој период Мај, Јуни добар дел од рибите се тромави, се приближуваат во големи јата при обалата и брегот, се мрестат и стануваат лесен плен.
[ img ]

Во овој период мораме да ја заштитиме рибата со сите средства кои ни стојат на располагање. Мора да знаеме деке мрежарите немаат многу памет, ниту пак размислуваат за новите поколенија риби, ниту пак за тоа дали ние спортските риболовци ќе имаме риба за фаќање. Од друга страна дел од риболовните друштва добро си ја вршат работата, а други малку послабо. Од трета страна има и повеќе водни ревири кои немаат концесионери и кои се оставени на милост и немилост на бандитите.

Како и да е во овој период треба со здружени сили да пробаме да заштитиме што повеќе риби. Апаратите и телефоните во рака, без страв, сликајте ги бандитите, пријавувајте во полиција, расправајте се, собирајте им ги мрежите ако ги забележите, кинете им ги шишињата кои ги оставаат како маркери за да знаат каде им се мрежите, вртете во риболовните друштва, кај концесионерите и сите останати кои можат да помогнат. Не ги штитете и да Ви се познати. Тие не мислат на нас, зошто ние да мислиме на нив. Штетата која ја прават во овој период е огромна. Полна мрежа со возрасни единки кои не се измрестиле, во овој период е равно на еколошка катастрофа во реката или езерото. Само за потсетување, кога се размножуваат дел од рибите и колку нови рипчиња можат да донесат на овој свет.
[ img ]
Бојникот се размножува во Април и Мај. Бојникот може да исфрли од 50.000 – 100.000 јајца,

ikra 2Мрената се мрести од крајот на Април до крајот на Јуни. Мрена исфрла од 3000-8000 јајца

Кленот се мрести во Мај и Јуни. Женката може да положи од 50.000 – 200.000 јајца

Сомот се мрести од Април па све до Јули. Женката на сомот може да изнесе и до 500.000 парчиња икра,

Црвеноперката се мрести два пати во текот на годината и тоа од почетокот на Мај до почетокот на Јули.

Крапот се размножува од Април до Мај, а во зависност дали времето е ладно мрестот може и да се продолжи. Крапот испушта голем број лепливи јајца (од 200.000 до 700.000)

Попадиките се мрестат од Април до Јуни. Женките исфрлаат од 80 000 до 200 000 јајца.

Кркушката се мрести во Мај и Јуни 34

[ img ]
После овие бројки можеме да замислиме колкава штета прават мрежарите и криволовците со ловење на неизмрестената риба. Таквиот чин значи стотици и стотици тони риба помалку во водите, а тоа понатаму повлекува испустени води и ревири во кои во иднина ние рибарите ќе поминеме сати и сати без тапата да мрдне. Токму затоа секој треба да даде свој придонес во заштита на рибното поколение, како во борба против мрежарите, така и со сопствен пример со апстиненција од лов за време на мрестот, или пак со враќање во вода на фатените риби.
[ img ]
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 09, 2011 6:30 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Јас не го обвинувам народот кога лови во време на мрест, ја обвинувам државата што е тотално незаинтересирана да преземе било што, за што постојат строги закони, а никој не ги применува. Во ваква ситуација, го заболе стојко селанецот од Горно Коњаре дали ќе стави мрежи во Пчиња и ќе ги фати и оние малку кленови кои се останати во реката, кога гледа и му е јасно дека никој ништо нема да му направи, дека нема чувари, дека полицијата е незаинтересирана, дека од надлежното министерство никој не ни размислува на таа тема.

Се додека не почне да се спроведува законот како што треба, да има чести и строги контроли, самите полицајци (во случајов од Катланово и Петровец) да не фрлаат мрежи и да продаваат риба по 150 денари/кг, менталитетот на нашиот народ е таков што ќе си продолжат да си ги таманат рибите.

Запрашајте се, посебно постарите, како можело во бивша ЈУ да се штитат рибити во мрест, да не им паѓа на памет да рибарите да одат да ловат во мрест или забрана, реките да се преполни, црни од риба.

Не очекувам да се смени менталитетот кај народот и рибарите. Во нормалниот свет, менталитетот се менува со спроведување од една страна и почитување од друга страна на законите, и со КАЗНИ.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 09, 2011 6:48 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Jas ne go odobruvam toj stav. Vo vreme na mrest iako nema zabrana ne bi trebalo da ja fakame ribata koja e vo mrest ili ako ja fatime da se vrati. I tuka nema, mrezari, dinamitdzii ili krivolovci, vo zabrana i toj sto lovi go prekrsuva zakonot. Za zal malku naebuvaat pa zatoa i ne se pocituva i nema koj da raskaze ili pak nesaka da raskaze zosto znam za kolegi na koj im e sobrana i skapa oprema pa kutat i se sramat ( se nadevam ).
I ova ne nisto licno ( Aki ) tuku dobra moznost na tug grb ( grcki ) da naucime lekcija. Lekcijata pobrzo bi ja naucile dokolku ti gi soberea trskite i ti opnaa kazna, ama si imal sreka.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 09, 2011 6:53 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
ama jas prashav dali ima nekoj informacija za grcija i nikoj nisto ne napisha :) ni deka e zabraneto,niti deka zimaat oprema ahahahah pa svoevolno si otidovme i top pominavme :) e sea posle moabetive iskreno me zasramivte licno i pocnuvam da se kajam sto ja objaviv reportazata...ama pak ke kazam kaj nas trska ne sum otvoril vo mrest! a za grcija grcite neka mu ja mislat i komentiraat ahahahah

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 09, 2011 7:03 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
saso НапишиCOLON
Gledam kako se odi na ribolov i kako se velicaat i opravduvaat ,, uspesite ,, na kolegite i se toa vo zabrana ili mrest.
Ajde voopsto da ne pravime muabet za minimalni merki bidejki toa e nesto za sto dzabe bi bil muabetot, ama ne mi e jasno kakvi sme nie ribolovci i kakov e ovoj forum koga nikoj ne obraka vnimanie na mrestot.
Nikoj ne kaza nitu zbor za ova a za ,,pravenje keif ,, i ,, rakopleskanje ,, za odlicniot ulov na ribi polni so ikra i mlec ..... stama.
Licemerie do nemaj kade.
Prasajte gi deckite sto nasle koga gi cistele ribite. Epa zatoa nema da ima sto da lovime za nekoja godina.
Kraj na april i pocetok na maj se mrestat najgolemiot broj na slatkovodni ribi, i tuka ne e bitno dali ima zabrana ili ne tuka e bitno da proraboti sovesta na ribarot i da ne gi lovi ovie vidovi koj se mrestat vo toa vreme ili pak ako gi ulovi da gi vrati nazad vo voda.
Nema opravduvanje.
Moze da se faka pastrmka, moze da se odi na komercijalni ezera i tamo da se lovi, moze da se odi na more ( ciplite se sega vo sam kraj i mozes da si napravis keif do nemaj kade ).
Srkoj od nas treba da stavi prst na celo i da razamisli, ili barem neka ne gi postavuva svojte ,,uspesi,, vo ribolovot za vreme na mrest i zabrana na forumov.
filip030682 НапишиCOLON
Saso se mislam i ja na taa tema da napisam nesto ama se cudev kade vo koja tema,aj sto nema postovanje na zakonot nema ,cudno mi e toa sto ne se ni sramat da go prezentiraat toa na forumot kakvi ribarista se golemi.Mesto da navednat glava i da se skrijat pod "masa" da ne se brukaat i sebe i sto e najbitno go brukaat imeto na forumot koj utre treba na nekoi mladi ribari da im dade nekoja osnovna kultura i postovanje na voda.
Site izgleda ne go znaat ribarskiot slogan "Bistro i cesno na voda"ili ne go razbiraat
Poliz НапишиCOLON
Секој е свесен за последиците,па сам си решава и расудува.....Аки имал среќа,оти можел многу лошо да помине.Но да ви ја образложам јас другата страна од приказната за Ангитис.За добар речен мајстор ова е просечен улов на таа река во било кој период од годината,така да не значи дека ако сега фаќал Аки во мај-само сега јаде заради тоа што се мрести.....Но тоа е друга приказна.Факт е дека има табела со забрана дали до 15,дали до 20 мај(а по литература попадиката се мрести и во јуни),не ме фаќајте за збор,и лично јас не би ризикувал,не затоа што ќе ја изловам попадиката од реката,него заради тоа што лесно можеш да останеш без приборот,колата и плус парична казна.
И плус тоа Аки не напишал дека дома однел 60 кила попадика,може ги вратил......
filip030682 НапишиCOLON
Jas licno ne ni mislev na aki i ribolovot vo grcija,sekoja drzava si ima svoi pravila i zabrani,nego za makedonija e bitno ima zabrana na site ribi a citame muabeti deka se lovi riba skoro sekade,u srbija na primer karasot se lovi cela godina nema zabrana
Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON
Оваа тема мислам дека заслужува нешто повеќе од коментари во Лав моабет, затоа поставив еден текст како посебна тема исто така во делот Разно, текстот е од минатата година од сајтот и мислам дека е добар за периодов и овие коментари. Само би замолил без напади и конфронтации. Критики и едукација НАПРЕД
saso НапишиCOLON
Ne se raboti za poedinci tuku se raboti za nacinot na razmisluvanje.
Ako ja lovime ribata vo mrest ne treba da se cudime zosto ke ja nemame utre i da se zalime zosto vodite ni se siromasni.
Ne se raboti za Aki tuku za da procitaat pomladite ni kolegi deka ribata vo mrest ne treba da se nosi doma tuku da se vrati za da moze da se izmresti.
Abe luge, mrest e, zabrana e, ostavete ja ribata da se izmresti na raat, pa posle lovete ja, ne unistuvajte iljadnici ikri vo edna riba za sitno zadovolstvo, veruvajte deka ke se cuvstvuvate poubavo ako ja vratite nazad vo voda.
akiribar НапишиCOLON
drugari,kolegi,braka...jas napomenav deka za kaj nas strogo go pocituvam mrestot i seushte ne sum iskocil na nasha voda da ribolovam.ne ovaa sezona, tuku sekoja ja zapazuvam zabranata.nekako se pronajdov sebesi vo tekstov pa morav da napisham i tuka zbor,dva :D tacno deka ribolovevme vo zabrana vo grcija i idevne na sopstven rizik, pa zatoa i sopstveni ke beva posledicite ahahahah iako licno ne procitav deka se raboti za mene :) mrestot e najjbitna rabota i mora da se pocituva,ama toa za mene vazi za kaj nas! za vo stranstvo bash mi e gajle,ednash mi se pruzi shansa i nemashe shansa da ja propushtam ;) dokolku bi prestojuval podolgo vreme tamu sigurno i tamu bi pocituval zakon i red ama vaka neam gajle si pecam si svirkam ahahahah
Poliz НапишиCOLON
akiribar НапишиCOLON
......,ednash mi se pruzi shansa i nemashe shansa da ja propushtam ;) dokolku bi prestojuval podolgo vreme tamu sigurno i tamu bi pocituval zakon i red ......
Нема потреба од повеќе коментар ;) не вадиш секој ден по 100 кила риба од таму,па да се смета дека си направил штета невидена.Рестораните ни се полни со ќофтиња од икра....за риба да не зборам.Кај сите нас треба да работи свеста и фала богу и работи.Ако еднаш си бил на попадика во Грција,не значи дека си криволовец.Се знае кој ја прави штетата во езерата и реките...сигурно не Аки,јас,Петко,Трајко.........Еве прост пример,макнев ли штуки од Грција,за да пуштам у нашиве води-Макнев,За што?За да се научам сега дека некој мрежар фатил 2 штуки на Водоча...Може не се моите...но ако се моите??За што сум се трудел јас?
Риболовот што го направил Аки таму му ги наполнил батериите,го мотивирал....сигурни ли сте дека утре нема да донесе кофа,две риба од таму и нема да ги плесне во некоја наша осиромашена вода?
Гледајте малку од повеќе перспективи.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 09, 2011 9:58 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Како што некој напиша погоре:
Другари Браќа Колеги, НЕ СЕ РАСПРАВАЈТЕ кој колку, каде, и кога фатил штетата е штета било каде и било кога да се направила бидејки ПРЕД СЕ НЕ Е ВО СПОРТСКИ ДУХ туку вака би ви предложил, бидејки имам малце повеке искуство на оваа област, како поранешен претседател на комисија за рибочување и порибување:
СЕКОЈ ОНОЈ РИБАР КОЈ СЕ ОСЕЌА ЗАГРОЗЕН И ЗГРОЗЕН ОД САМАТА ПОМИСЛА ДЕКА НЕКОЈ МУ ГИ ПУСТОШИ ВОДИТЕ - ЕДНАШ НЕДЕЛНО НАМЕСТО ДА ОДИ НА ПОПЛАДНЕВНО КАФЕ НЕКА СЕ ОБРАТИ ВО ЛОКАЛНОТО РИБОЛОВНО ДРУШТВО КАКО ВОЛОНТЕР ЗА ПРАВЕЊЕ НА ХАЈКА. Таа ХАЈКА нека биде само мониторинг, ДА МУ ДАДЕТЕ ДО ЗНАЕЊЕ НА АРАМИИТЕ ДЕКА СТЕ НОН СТОП ПРИСУТНИ НА ВОДА, бидејки мрежарите обично ги фрлаат мрежите на самрак или по самото стемнување.
Бидете сигурни дека вашето присуство во својство на контролори, на водата која ја сакате НЕКОЈ КЕ ГО ЗАБЕЛЕЖИ.
еве и еден пример:
во републикава се претпоставува дека има преку 10.000 риболовци и доколку секој од нив само еднаш излезе како контрола МРЕЖАРИ нема да постојат.
ТЕЛЕФОНИТЕ ВО РАЦЕ и не треба ни расправија ни сликање ни ништо 092 и тоа е се што треба да направите!!!
ПРОБАЈТЕ


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 09, 2011 10:06 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Баџо,на кој да се обратиме ние во Струмица,кога ни едно друштво не е концесионер на ни една вода?????Мрежи на сред мрест се фрлаат и на сред бел ден,рибата се тамани во рекичките кои ги полнат акумулациите,на Дојран пред 3 дена од страна на еден локален газда на чамци се утепани со харпун 4 сома од 75-95 кг.Краповите во Дојран, веќе не им е интерсно да ги маваат со тие старите вили со острила,него денес сите се модернизирани со харпуни и си пуцаат како да се на натпревар во стрелање.....Е ТИЕ НЕ ДАВААТ РИБАТА ДА СЕ МРЕСТИ....не ние спортските риболовци,пак ке кажам,што и да ни се деси сега да излеземе некаде на вода,можеме да сме само од корист.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 09, 2011 10:12 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Poliz НапишиCOLON
Баџо,на кој да се обратиме ние во Струмица,кога ни едно друштво не е концесионер на ни една вода?????Мрежи на сред мрест се фрлаат и на сред бел ден,рибата се тамани во рекичките кои ги полнат акумулациите,на Дојран пред 3 дена од страна на еден локален газда на чамци се утепани со харпун 4 сома од 75-95 кг.Краповите во Дојран, веќе не им е интерсно да ги маваат со тие старите вили со острила,него денес сите се модернизирани со харпуни и си пуцаат како да се на натпревар во стрелање.....Е ТИЕ НЕ ДАВААТ РИБАТА ДА СЕ МРЕСТИ....не ние спортските риболовци,пак ке кажам,што и да ни се деси сега да излеземе некаде на вода,можеме да сме само од корист.
Не мора ако нема ни риболовно друѓтво. Напишав - не треаб да се расправате не треаб да се карате или да изигравате херои!!!!!!
САМО СВРТЕТЕ 092 и полицијата ке си го направи своето, а ако случајно не одговорат на вашиот повик бидете сигурни дека ке имаат страшни последици по нив бидејки СЕ РАБОТИ ЗА КРИВИЧНА ПРИЈАВАААА - нба која ни едно лице од МВР несмее да ја занемари. Затоа ке дојдат на вашиот повик, и доволно е само еден да фатат, а после ке си биде народната:СТРАВОТ ГО БРАНИ ЛОЗЈЕТО !


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 09, 2011 10:26 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Баџо ,веројатно знаеш дека за да интервенира полицијата на ваква пријава,треба да дојдат по јавување од инспекторот за земјоделие во даден град.Со извинување до инспекторатот од нашиот град,но таму има луѓе на кои да ги прашаш дали сабјарката живее во море или езеро-пола саат ќе те гледаат како теле у шарена врата и ќе ти одговарат у езеро.Е такви неписмени треба да се борат со криволовот.Сто пати имаме пријавено и се е џабе.Има мрежари од сите слоеви дури и од полицијата.Плус во струмичките риболовни друштва има мрежари.алооо какви друштва се тие кои даваат за мочани 100 денари членски книшки на познати мрежари....


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 09, 2011 10:30 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONЧет Феб 17, 2011 4:33 pm
МислењаCOLON52
Tocno e ova i mnogu e zalno sto se unistuva ribata...Za veligden bev vo dojran i imase dosta ribari koj sto faka na trska ali rekrativno na gradskata plaza i mozese da se kaze deka nisto ne faka samo gi banja tapite sto se vika.no vo ezeroto imase camci.Pokraj trskite posto ribata doaga na obalata koga se mresti imase luge koj gi vadea so kepce(dobro sto beea karasi)so harpuni faakt krapovi i toa dosta golemi primeroci...slusnav deka i somovi se fakalo...Prosetav do aleks bitch i od patot vidov 2 camci i faka so strela veruvale ili ne na strelata ima zavrzano jaze i pucat(bas primitiv kako izvadia krap dosta golem)i poslem zasto nemalo riba zaradi ovaaa....i dzabe ima zabrana.Se nadevam deka site ovie gore navedeni ne bile sprecini poradi toa sto bese praznik i polocijata si zemala mal odmor :(


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS11»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 2 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum