___
____
БАЛАВЕЦ
ЛАТИНСКО ИМЕ-(Acerina cernua, Gymnocephalus cernuus) слатководна риба припаѓа на фамилијата (Percidae), род(Gymnocephalus)
ЛОКАЛНИ ИМИЊА- генерал, шивачки зет,
ПРОСЕЧНА ДОЛЖИНА -од 10см а максимална до 25см
ТЕЖИНА-до 400гр (а додека во русија пронајден еваков примерок со тежина од 16кг)
ВРЕМЕ НА МРЕСТ- од АПРИЛ до МАЈ (понекогаш и во ЈУНИ)
МЕСТА, НАВИКИ, РАСПРОСТРАНЕТОСТ
-Живее во поголемите равничарски реки со спор ток и во езерата
Припаѓа на фамилијата на Гргечот.Има две споени перки на грбот и по тоа се разликува од од Бандарот и Гргечот. Телото му е маслинесто зелено прошарано со темно кафеави точки, повеке сконцентрирани на грбот и грбните перки и кон опашката. Се движи во нај длабоките места на реките со спор ток и каналите. Активен е скоро во текот на целиот ден. Живее во помали јата а храната ја бара на дното и се храни со инсекти, црви, ларви а поголемите примероци се хранат и со мали рипчина. Балавецот кој живее на реките и езерата со песочно дно е со по светла боја од балавецот кој живее на места со тињесто,муљевито дно. Иако место му е вкусно(посебно за рибја чорба) и има многу малце коски но не се смета за конзумна риба.
РАЗМНОЖУВАЊЕ
Мрестот го започнува после третата година кога станува полно зрел, се пари во Април или Мај кога температурата на водата ке остигне од 10 - 15 степени целзиусови. женката положва околу 100 000 икри кои се лепат за растенијата и дното, инкубацијата им трае дванаесет дена и после излегвањето малите остануваат да живеат во длабоките места
прочитај повеке за риболовот на оваа риба viewtopic.php?f=10&t=12&p=14#p14
видете, ставете слика од вашиоткапиталец :arrow:
viewtopic.php?f=52&t=2254&p=65958#p65958
сликите и информациите
се искористени од интернет сајтови