Околу темата
Фамата Порибување по мое не постои ФАМА.
Порибување постои и тоа ни е СЕКОЈДНЕВИЕ.
Мислам дека прашањето би требало да гласи:
- Порибување КОГА
- Порибување КАДЕ
- Порибување Со ШТО
- Порибување ЗОШТО
Е ова задното мислам дека е најбитно. Зошто да се ПОРИБУВА
- За да консесионерите се пофалат пред членството дека порибиле ревир каде наплатиле за
дозволи за риболов, а со порибената риба се однесуваат како со дете оставено на праг на црква
- За да некој си таканаречен рибар се фали со на пример уловени 10 крапчиња од 1/2 кило
- Со полна мрежа ситна риба (покрај нејзе и онаа голема, возрасна неизмрестена)
- можеби да има со што да се пофали некоја фабрика колку отрула риба во кус дел од времето
Ако порибувањето е во предходните ОДГОВОРИ, или некаде помеѓу нив, па и НЕ МИ ТРЕБА ПОРИБУВАЊЕ.
Едноставно дојди земи ми ги парите и не ме прави будала. Не ми кажувај приказни во стилот:
- еве гледаш колку јас се залагам за ревирот, за рибата, за природата !!!!!!!!!!!
БЛАГОДАРАМ. ТАКВО ПОРИБУВАЊЕ НЕ МИ ТРЕБА.