Инспекторот ке го информирате,- побарате само ако се фатат-затекнат рибокрадци, за тој да ја поднеси пријавата (кривична) бидејки риболовните друштва тоа законски не го смеат! Доколку тој несака, или одбегнува да го стори тоа следен чекор ви е јавниот обвинител кој ке ги стави во еден пакет и инспекторот и крадците и заедно ке добијат кривична.Верувајте дека ке имате успех.Не е се лесно и нема да тече како по лој, ама со малце трчање и ангажман-како што реков ДОСТА Е САМО ЕДЕН ДА БИДЕ ФАТЕН минималната казна-парична му е од 5000 евра па нагоре...
Ха ! Ме потсети на нашиот инспектор по земјоделие. Пред 2 години некаде крајот на мај беше и сакав да одам на крап на Велешково езеро ама беше и тогаш некако несредено, има забрана - нема забрана не се знаеше и си викам ќе го прашам инспекторот по земјоделие за најсигурно. И човеков ми вика забранет е риболовот на езеро, крапови по 70-80 кг
се мрестеле во шаварите, му викам сигурно ли се крапови оти светски рекорд на крап е 40 -тина кила, овие кај нас да не мутирале од топилницата
, не ми вика 100% крапови се и му се јави на уште еден стручњак од риболовното и тој му потврди
. Јас пак му објаснувам дека нема шанси да се крапови толку големи, може да е некоја друга риба и инспекторов мртов озбилен ми вика е шо риба е тоа, скобал ли е?
И веќе кренав раце, ме уби
.
Е такви луѓе треба да информираме за проблеми во нашава бранша и да очекуваме да реагираат соодветно. Тешко, многу тешко остварливо е ова што Баџо го предлага.
Дечкиве кај нас фатиле мрежа од 1500 метри. Браво. А колку пати е таа мрежа поставена и извадена во истото езеро пред да ја фатат?! Колку мрежаџии има што они ги знаат и си го работат езерото зиме-лете?
Зошто најмалку 3 (три) години се нема порибено во ниедна риболовна вода во Велешкиот ревир со едно ќоро рипче?!
Зошто никој од надлежните органи не реагира на загадувањето на секој чекор по Вардар и по другите води од фармите, од приватните фабрики, од дивите сепарациите?!
И на крајот зошто досега не се доделени концесиите и на кого тоа најмногу му оди во прилог?!
Има многу нешта гнили во нашава држава.
Риболовот во забрана со трска и една јадица е најмалиот проблем според мене.
Поздрав