Ептен сум мераклија на риба, буквално во секоја прилика кога можам - јадам.
Многу ги сакам Мавровските пастрмки, сакам крап ама да не е многу голем, сакам клен исто да не е многу голем, сакам кркуша, писи и белвици подпржени, попадика и црвеноперка, скуша на скара која лично ја приготвувам и моите дома се луди по неа а и на излети и одмори кога одиме со друштво обавезно ја спремам (со маринада од маслиново масло, лимони, сецкан магдонос и копар и така стои 12-24 часа) .....
Посебно ги сакам пастрмките кои ги јадам во кафаната Извор во С.Манастирец кое се наоѓа на самата река Треска на кај Самоков (на кај Козјак) и редовно кога сме на Козјак во летен период од жештината спас бараме во ладниот шприцер и во пастрмиките (пред тебе уловени од малиот рибник кој впрочем е и природен извор одма до кафаната). Обично дозата е една цела, а една цепена (засечена на половината по должина и така пржена, обично повкусна за мезе затоа што горат сите коски но е и посува и покрцкава). Потоа ако сме во состојба, риболовот продолжува по река... МЕРАЦИ