www.ribar.com.mk
http://www.ribar.com.mk/forum/

Крап на 1001 начин...
http://www.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=56&t=2039
Страна 22

АвторCOLON  kircask [Чет Maј 03, 2012 1:13 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Крап на 1001 начин...

Семејна драма: крап со зеленчук
[ img ]
By kircas at 2012-05-02

Пре­кра­сно саботно утро, некаде во Ско­пје. Еден про­се­чен и секојд­не­вен ско­пја­нец туку­што се раз­буди и излезе на тера­сата од сво­јот дом. Погледна кон гра­дот и вдиша од смо­гот поме­шан со што­туку послу­жен бурек. Во истиот момент доби една идеја: да оди на рибо­лов. За миг се виде себеси како стои на бре­гот од реката, ја држи трската во рака, се затег­нува коне­цот и нешто поч­нува силно да го влече. Тогаш почув­ствува дека тој ден ќе има богат улов.

Така сре­ќен и инспи­ри­ран, тргна да се под­го­твува. Во меѓу­време се раз­буди и него­вата сопруга и како што стана, во ноќница и жолти папучи, седна да прави план за сабот­ниот ден. Во ние­ден дел од пла­нот, не се спомна сопру­гот да отсу­ствува од дома. Кога тој милно и радо­сно и’ пријде и и ја соо­пшти сво­јата вест, настана општа хава­рија, што дури и сосет­ката се раз­буди и излезе на терасата.

Паѓаа маси и сто­лчиња, се пре­врте фоте­лјата, но жената не попу­шти. Нема да се оди на рибо­лов и точка! Виде не виде, мажов рече добро и со свит­кана опа­шка зеде да чита весник. Штом се стиша атмо­сфе­рата, погледна кон бањата, го слу­шна тушот и бргу летна низ врата со ране­цот на грб.

Денот про­до­лжи мирно, жената беше на пазар и се врати. Кога и’ стана јасно дека овој ја здув­нал, и’ се повр­заа четири жички и две диоди во умот и настана т.н. курц­шлус. Во истиот миг, како про­и­звод на тоа струјно коло, се сети што нај­многу го нервира неј­зи­ниот сопруг, неј­зи­ната сестра, секако со трите вну­чиња. Поне­сена од одмазд­ничка уми­сла, вед­наш си покани гости, едвај чека­јќи да се врати мажот од риболовење.

Тој, кутриот, пре­пла­шен од мислата што избе­гал без пра­шање, реши да и’ однесе на жената – изне­на­ду­вање. Свежа риба! Си улови кило­грам и поло­вина кра­пче, во ранец, на грб и сре­ќно пот­скок­ну­ва­јќи кон дома си тргна. Не ни прет­по­ста­ву­ваше што го чека таму. Чеко­реше нај­бргу што можеше и кога стигна… што ќе види? Полна куќа инди­јанци, женава негова си седи во фоте­лјата и ужива во глет­ката на раз­ру­шен стан. Во истиот миг сфати за каква одма­зда се работи, брцна во ране­цот и рече на глас: „Жено моја! Гле­дај колкав крап сум ти донел! А ти сега како ќе ни го зго­твиш… оф оф!“ Кога слу­шнаа вну­ците, и’ се фрлија на тета и ја одвлеч­каа во кујна. Жената се најде во небрано, немаше рецепт, немаше намир­ници, немаше иску­ство со кра­пови… што да прави сега?

Тогаш настапи мажот и со еден потег побара да му се отстапи место во куј­ната. „Пази сега“, само и’ рече на сопругата.

Го зеде кра­пот, го исчи­сти, па го измери и запиша: 1.200 грама.
Ја пушти рер­ната на 250 С°. Зеде 1 голема гла­вица кро­мид, ја исечка ситно. Потоа исечка 3 големи мор­кови на крук­чиња. Сето ова го запи­шу­ваше на ливче.

Зеде корен од пашка­нат и го исечка на коц­кички. — Ова е најва­жниот момент — и’ рече на жената. — Добро вни­ма­вај! Зеде бело вино и во чинија го помеша со масло за готвење, посоли со вегета, сол и црн бибер. Во голема тава за печење го стави кра­пот, а потоа убаво го нареди сеч­ка­ниот зелен­чук околу и врз кра­пот. На кра­јот, го пре­кри со масло и бело вино и му додаде вода за да го покрие кра­пот до поло­вина. Ја обвитка тавата со алу­ми­ни­ум­ска фолија и ја стави во рерна.

СОСТОЈКИ
• 1.200 г исчи­стен крап
• голема гла­вица кро­мид
• 3 големи мор­кови
• 1 средно голем корен од пашка­нат
• масло за готвење, бело вино, сол, црн бибер, вегета

Пашка­нат
лат. Pastinaca sativa
Вид коре­не­сто рас­те­ние, кое се кори­сти во исхра­ната како зелен­чук. Изо­би­лува со вита­ми­ните Ц, Б и Е, скроб и орган­ски кисе­лини. Има карак­те­ри­стично јак мирис и вкус, кои доа­ѓаат од ете­рич­ното масло со кое изо­би­лува коре­нот на рас­те­ни­ето. Се кори­сти за под­го­товка на супи и чорби, може да се пече или вари. Откако ќе се зго­тви, пашка­на­тот остава карак­те­ри­сти­чен вкус, кој му дава посе­бен белег на јаде­њето. При при­го­тву­ва­њето крап со зелен­чук, клуч­ниот момент е токму пашка­на­тот. Кога убаво ќе се рас­топи при готве­њето во рерна, ќе го пушти сво­ето нај­го­лемо богат­ство, ете­рич­ното масло, низ целата риба и целиот зелен­чук. Тоа неми­новно ќе го забе­ле­жите по пре­кра­сната и несе­којд­невна арома низ вашата кујна.

Жената сто­еше вчу­до­не­ви­дена и кога мажот и’ го врачи лив­чето со реце­птот, таа веќе беше во дели­риум и не зна­еше што да му рече. Тој само ја пре­грна и и рече: „Ајде да се подру­жиме со вну­чи­њата, на ова ќе му треба час и поло­вина за да се зготви“.

И така, семеј­ната драма сре­ќно се заврши. Додека вече­раше целото семеј­ство, мажот им рас­ка­жу­ваше што си може да се научи од риба­рите и им откри неко­лку тајни. Јаде­њето беше прев­ку­сно, прсти изли­жаа сите. Тој само се пот­сме­ваше под мустак, а подоцна и шепна на сво­јата жена: „След­ниот пат, одиме заедно на рибо­лов!“

АвторCOLON  kircask [Чет Maј 03, 2012 1:17 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Крап на 1001 начин...

Пијан крап
Ова е рецепт што кај нас е многу популарен и како варијанта за приготвување на ресенскиот крап, но за него треба многу повеќе време за печење

[ img ]
By kircas at 2012-05-02


Состојки: исчистен крап од околу 2 кг, неколку чешниња лук, сол, зачинал, 2 дл бело вино, 2 дл сок од домати и малку масло.

Приготвување: крапот добро се мачка со сол и со зачинал.

Со нож се прават засеци во месото и во нив се ставаат ливчиња лук.

Се става во полудлабок сад, се полева со масло, со доматниот сок и со белото вино.

Се пече во рерна на 220 Целзиусови степени околу половина час, додека не добие румена боја.

Постојано се полева со сокот од домати и вино.

Напомена: како прилог додајте салата од компири или печен компир што ќе го печете во сокот што останал од рибата, но треба компирот претходно да се свари пет минути.

АвторCOLON  kircask [Чет Maј 03, 2012 1:20 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Крап на 1001 начин...

КРАП со зеленчук


Состојки

1 крап од 2-3 кг
1 кг компири сечени на ситни коцки
3 моркова исто сечени на ситни коцки
пола кесичка пченка варена
магдонос
2 средни кромида сецкани на ситно
2 дл. бело вино
сол и бибер
1 лимон

Припрема

Крапот се чисти и се засекува одозгора на размак од 4-5 цм.Се посолува и обиберува од сите страни, па и внатре и во браздите се става по 1 кришка лимон.Се премачкува со зејтин. Се става во загреана рерна на 200°за 5-6 мин додека не фати коричка .Се трга од рерната и се додава зеленчукот,веке подготвен на следниот начин.

На врел зејтин се пржат компирчињата додека не фатат коричка па во нив се става кромидот, морковот,пченката,сол и бибер и се пропржуваат уште 5-6 мин.Се додава магдоносот на крај.Гарнирот се става во тавата околу крапот и се полива со вино.Се пече уште 20 мин.Се сервира топол.А и ладен не е лош.

АвторCOLON  kircask [Чет Maј 03, 2012 1:22 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Крап на 1001 начин...

Крап во Рерна
1 кгр. риба (крап)
2-3 супени лажици оцет
3-4 супени лажици брашно
сол
масло
црвен пипер
1 китка магданос
2 главици лук

Исчистете ја убаво рибата, измијте ја и посолете ја. Измешајте ги добро оцетот, солта, маслото и црвениот пипер. Додадете го магданосот ситно исечкан и двете главички лук исечкани. Сето тоа се става во тава преку рибата, се прелива со малку маслo и се додава вода околу 1-1,5 л. Се пече на 200°С околу 25 минути.

АвторCOLON  kircask [Чет Maј 03, 2012 1:27 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Крап на 1001 начин...

Крап во Рерна
1 кгр. риба (крап)
2-3 супени лажици оцет
3-4 супени лажици брашно
сол
масло
црвен пипер
1 китка магданос
2 главици лук

Исчистете ја убаво рибата, измијте ја и посолете ја. Измешајте ги добро оцетот, солта, маслото и црвениот пипер. Додадете го магданосот ситно исечкан и двете главички лук исечкани. Сето тоа се става во тава преку рибата, се прелива со малку маслo и се додава вода околу 1-1,5 л. Се пече на 200°С околу 25 минути.

АвторCOLON  filip030682 [Чет Jул 05, 2012 11:22 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Крап на 1001 начин...

Za mene licno najvkusen e krapot ispecen na skara na plotna.Znaci krapot go seceme na kremenadli debeli edno 1,5-2cm se solat istite se premackuvaa so zejtin i otkako mesoto ke primi sol se pecat.Posle pecenjeto poftorno go sostavuvam po redoslet kako sme gi secele i na kraj go dobiva ova
[ img ]

АвторCOLON  Stole [Нед Oкт 12, 2014 12:06 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Крап на 1001 начин...

Најдобриот начин, се разбира според мојот вкус:
Крап од 8 кгр.САМО ОХРИДСКИ :D ( поздрав до Лепи) исчистен саглам, го носиш кај професионалци и им велиш:
- Сакам да биде САМО ПЕЧЕН. НИКАКВО ПОЛНЕЊЕ НИКАКВИ ДОДАТОЦИ како КРОМИД, МОРКОВ, ЛУК, МАГДОНОС или што ти ја знам нешто друго.
Кога јадам риба сакам да ми мириса на риба, а не на кромид или лук. :mrgreen:
За мирис на кромид направи си маџарски гулаш, а за лук пинџур брате и кркај. :D

[ img ]

Вчера, по повод вториот роденден на внукот. :D

( За тој кој ми е ветен од ИЦО ќе направам посебна репортажа, сега за сега сум на неговата waiting list. :mrgreen: )

Страна 22 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/